„Синтезис“ ја воодушеви
казахстанската публика
Македонската етно-група „Синтезис“ деновиве одржа концерт во градот Алмати во Казахстан каде што членовите беа пречекани како големи ѕвезди. „Синтезис“ настапи заедно со симфонискиот оркестар при државната казахстанска филхармонија „Жамбила“.
Групата изведе песни од своите албумски изданија што ја отсликуваат македонската традиција спакувана во ново руво. Публиката во салата во Алмати со стоечки овации го поздрави настапот на македонската група.
- Ова беше прекрасен концерт, а казахстанската филхармонија „Жамбила“ ги надмина сите очекувања - велат членовите на бендот.
Инаку, концертот беше дел од проектот „Денови на македонската култура“ во Казахстан, во организација на Амбасадата на Македонија и на Казахстанско-македонската асоцијацијата, со поддршка на македонското министерството за култура.
М.Г.
Извор: “Нова Македонија“
|