РУСИЈА ПОВТОРНО ЈА ЗГОЛЕМУВА ТЕРИТОРИЈАТА: Приднестровје се присоединува кон Руската Федерација!
Претседателот на Приднестровје (Транснистрија) Јевгениј Шевчук потпиша указ со кој на државниот апарат на својата меѓународно непризната република им наложи да започнат со припреми за присоединување кон Руската Федерација
Шевчук во указот се повикува на референдумот одржан на 17-ти септември 2006 година на кој мнозунството на граѓаните е одлучија за враќање назад во составот на Русија. Во указот дури и се нагласува дека е донесен поради „исполнување на референдумски искажаната воља на народот на Приднестровје да влезе во состав на Руската Федерација“.
Како една од најважните задачи, Шевчук ја означи онаа за ускладување на законите на Приднестровје со законодавството на Руската Федерација.
Околу 60% од жителите на Приднестровје (Транснистрија) ја чинат Руси и Украинци кои уште од распадот на СССР сакаат одвојување од Молдавија.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека официјална Москва нема да го коментира указот и иницијативата на претседателот на Приднестровје (Транснистрија).
Извор: “Инфомакс“
|