Попоски во Њујорк се сретна и со рускиот министер Лавров
На маргините на Генералното собрание на ОН, во Њујорк се одржа средба на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски, објави Руската амбасада во Македонија на Твитер.
„Двајцата министри разговараа за билатералните односи и за нивната перспектива, а разменија мислења и за актуелни меѓународни прашања“, пишува во соопштението на амбасадата.
Во него се додава дека на средбата, исто така се зборувало за заедничкиот интерес за продолжување на целокупната руско-македонска соработка.
|