Филмот „Рај“ на Кончаловски руски кандидат за „Оскар“
На состанокот на Рускиот оскаровски комитет што се одржа во понеделникот, беше донесена одлука филмот на Андреј Коначоловски „Рај“ да биде кандидиран за наградата „Оскар“, пренесува РИА „Новости“.
Црно-белиот филм на Кончаловски раскажува за луѓе чии судбини се испреплетуваат во Втората светска војна: онаа на руската емигрантка Олга, учесничка во движењето на францускиот „Отпор“, Французинот-колаборационист Жил и високиот офицер на СС Хелмут.
Дејствието на филмот се одвива првенствено во германски конц-логор. Главните улоги ги исполнуваат Јулија Висоцкаја, германскиот актер Кристијан Клаус и францускиот Филип Дикен.
Премиерата на филмот се одржа на 73 Венециски филмски фестивал, каде филмот ја доби главната награда за режија – „Сребрениот лав“.
Извор: “Руска реч на македонски“
|