ЌЕ СЕ СЛУЧИ ЛИ ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО АМЕРИКА ШОКАНТЕН НАСТАН ПОКРВАВ ОД ОНОЈ НА 11 СЕПТЕМВРИ 2001?!
Од три релевантни места деновиве доаѓаа сериозни предупредувања дека непосредно пред американските претседателски избори, поточно во октомври, би можел да се случи настан кој би можел не само да го промени природниот тек на изборите, туку и да предизвика американска па и глобална безбедносна криза.
За нас, ова не би било изненадување, туку логичен след на настаните со оглед на се поизразениот факт дека претседателскиот кандидат на американскиот естаблишмент, т.е. светската олигархија и моќниците од сенка Хилари Клинтон практично се распаѓа на очиглед на сите, а Доналд Трамп станува се поизвесен победник.
Првиот извор за таквите тврдења е американскиот професор од Универзитетот Принстон, еден од најугледните во САД, Џулијан Зелизер, чија изјава, многу интересно, ја пренесе и CNN. Тој е многу директен и застрашувачки во своето предвидување:
„Непосредно пред претседателските избори во Америка, светот ќе го потресе нешто што ќе ја промени како американската претседателска трка, така и историјата на светот. Сите треба да се фатиме за своите седишта. Она што ќе се случи ќе биде шокантно и ќе предизвика национална безбедносна криза.“
Професорот Зелизер тврди дека „заради многу причини, шансите дека следниот месец ќе се случи нешто шокантно се големи.“ Тој додава дека во неколкуте наредни недели националната безбедносна криза ќе доведе до тоа Хилари Клинтон и Доналд Трамп да мораат целосно да го сменат пристапот во кампањата како резултат на настанот кој може да има „драматични последици“.
Вториот извор се Џулијан Асанж и Викиликс кои неодамна најавија дека во октомври ќе објават нешто што ќе го промени „текот на изборите“. Што би било тоа, можеме само да претпоставуваме, но кредибилноста на Асанж и неговата саможртва не оставаат простор за сомневање дека нешто големо навистина може да се случи.
Третиот извор е алтернативниот и популарен сајт Planet Prison кој пишува дека она што би можело да се случи е голем (таканаречен) терористички напад на американско тло, налик на оној од 11 Септември 2001, па дури и поголем. Другата опција за шок според сајтот може да биде воена ескалација со Русија, нешто за што американските власти се чини веќе подготвуваат терен, подигајќи ги тензиите, на пример со последните настани во Сирија, и воопшто со екстремната русофобија која непрестано ја манифестираат последниве години.
Тоа е поткрепено со постојаните обвинувања за наводната блискост на Доналд Трамп со Владимир Путин. Погодете што би значел воен конфликт со Русија за кандидатурата на Трамп. Плус тоа, американскиот естаблишмент веќе со месеци вергла еден пропагандистички спин дека токму Путин стои зад сите документи кои евентуално би се објавиле пред изборите.
Planet Prison истго така остава можност дека може да се случи „домашен“ голем терористички напад врз црнци, што во контекст на жестоките расни тензии во американското општество годинава и на етикетирањето на Трамп како расист, исто така би ја демонизирало неговата кампања, повторно во полза на Хилари и нејзините поддржувачи од сенка. Со оглед на фактот дека многу матни нешта се случуваат во подигањето на црнечкиот бунт во САД, не би се изненадиле кога сето би претставувало само предварително подгревање на атмосферата за нешто многу поужасно во тој контекст.
И да не се овие три предупредувања, за нас таква можност не би била изненадување. Ваква ужасна разврска би била само тажен логичен епилог на една ужасна, крвава, нехумана проекција која ја зацртаа луѓе-нелуѓе кои сакаат да владеат со светот, а кои се веќе речиси целосно разобличени во очите на целиот свет. За нив, иљадници мртви не се ништо, тие се оперирани од човечко сочувство, и затоа велиме дека не би било изненадување да направат нешто навистина чудовишно.
Во принцип, разноразни „октомвриски изненадувања“ не се ништо ново пред американските избори кои секогаш се во ноември. На пример, само неколку дена пред изборите во 2004 година, одненадеж во медиумите се појави снимена порака од Осама Бин Ладен, чиј краен ефект беше како речиси да ги повика американските гласачи да гласаат за Џон Кери.
Следствено, победата глатко ја однесе противкандидатот Џорџ Даблју Буш Помладиот. Имено, пораката на Бин Ладен беше толку очигледно темпирана, што некои аналитичари отворено обвинуваа дека се работи за местенка чија цел беше да му даде уште еден мандат на Буш. И тоа им појде од рака.
Но дали повторно ќе успејат? Светот повеќе не е ист. Многу нешта рапидно се менуваат, вклучително и свеста и сознанијата на населението за тоа што американската хегемонистичка елита предизвикува во светот. Воопшто, таа тоталитарна империјалистичка политика е во фаза на пропаѓање ширум планетава и и се гледа крајот. Дури и Збигњев Бжежински го признава тоа (види претходен текст на „Зад Политиката).
На таа злосторничка клика која предизвика толку војни, крвопролевања и патила, загушувајќи го вистинскиот планетарен прогрес, се повеќе и се заканува суд токму внатре во самото американско општество. Да не зборуваме за тоа дека ширум светот се повеќе држави, поранешни земји-вазали, им откажуваат послушност. Нивното време одмина и тоа ги прави уплашени, очајни, па дури и подготвени да предизвикаат нешто шокантно, невидено досега, како што најавува професорот Зелизер.
Ние редовно го нагласуваме и анализираме тој пристап на психопатите од крвавите катакомби на болна желба за власт и пари. Уште на почетокот на избивањето на Трамп како многу сериозен кандидат, нагласивме дека тој, како што тргнал, може да биде сопрен само со атентат. Атентат врз веројатно нема да се случи, бидејќи би било премногу очигледно кој би го направил, но како што стојат работите, т.е. се поочигледниот пораз на досега неприкосновените владари од сенка, реално би било да се очекува нешто што би ја потресло Америка, а според геополитичката логика и сите нас.
Надежта дека патократите сепак нема да се решат на таков луд чин е фактот дека тоа би им било последното зло кое би го направиле. На светот, а особено на Американците им е доста од нив и наше предвидување е дека доколку се случи најавениот „шокантен настан“, тоа би била капката која ќе ја прелие чашата на трпението, а народниот бес што ќе се истури врз нив би бил од библиски пропорции.
Светот е во напнато очекување како никогаш досега.
Извор: “ЗАД ПОЛИТИКАТА“
|