“Директива на Дугин“ - издание за можната промена на знамето на Нов Зеланд.
Добро вечер, вие ја гледате програмата Директива на Дугин. Во Нов Зеланд решиле да го променат националното знаме. Може да се рече, а што имаме ние со тоа? Сега ќе објаснам. Се работи за народот маори и нивниот традиционален танц хаку.
Хаку - тоа е идентичноста на Нов Зеланд. Оваа песна ја пејат претставниците на вистинските новозеландци, великиот и херојски народ маори. Имено тие живееле на бескрајните простори на Тихиот океан, пловејќи по илјадници километри од остров до остров, од континент кон континент на доволно едноставни и примитивни чамци. Тие живееле во свет исполнет со живо присуство на свештеното. Тоа била нивна земја, нивни острови, нивен Океан. Големата Вода на великите смели маори. И некаде таму - во далечниот хоризонт на илјадници километри се наоѓала нивната најдревна прататковина - свештената земја на маорите, островот на боговите и духовите - Хаваика.
Кога дошле луѓето со знакот на Јунион Џек, се тоа завршило. Со векови и илјадалетија маорите се бореле со непријателите, си разменувале дарови, основале семејства, растеле деца, ловеле и риболовеле, се молеле и приредувале ритуали, војувале и склопувале мир. Додека не дошле тие, англосаксонците, со своето проклето знамение. И гордиот народ бил претворен во презрени робови, изгонет од својата земја, понижен и истргнат од корените. И вие сакате, знамето на садистите, расистите и окупаторите да остане знаме на Нов Зеланд, кој, всушност, не е никаков Нов Зеланд, и не е ничија територија - тоа е земја на маорите. Народот кој го направил (сочинил) хаку.
Зборовите на најзнаменитото хаку, кој го напишал воинот Те Раупарахи е образец на висока духовна егзистенцијална поезија.
A Mate! KaMate! KaOra! KaOra! Teneitetangatapuhuruhuru
Што значи:
Смрт! Смрт!
Живот! Живот!
Тоа е Те Вареранга (“Влакнест Човек“).
Кој го заградил сонцето да свети!
Еден чекор нагоре!
Последен чекор нагоре!
И сега чекор напред!
Кон сонцето, кое свети!
Ете имено само кон сонцето на слободата од мракот на европското ропство.
Маорите имаат дури и свој крал. И се разбира, на знамето на маорите треба да стои било што, само не тоа, што напомнува на нејзиното проклето величество и нејзините пирати.
До видување, ја гледавте Директивата на Дугин за Нов Зеланд.
Amate! KaMate! KaOra! KaOra!