Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:29 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » November » 7 » КОРИБКО ЗА ТЕЛЕГРАФ: Трамп е прагматичен, Хилари е агресивна и милитантна (ИНТЕРВЈУ)
    3:10 PM
    КОРИБКО ЗА ТЕЛЕГРАФ: Трамп е прагматичен, Хилари е агресивна и милитантна (ИНТЕРВЈУ)

    КОРИБКО ЗА ТЕЛЕГРАФ: Трамп е прагматичен, Хилари е агресивна и милитантна (ИНТЕРВЈУ)

    Тој нагласува дека двајцата кандидати ќе го одржат влијанието на САД на Балканот и ќе се натпреваруваат со Русија за влијание, но тоа ќе го прават на различен начин

    Балканот немаше голема улога во американската претседателска кампања, освен во два клучни случаи. Хилари лажно се фалеше дека за време на војната во Босна и Херцеговина морала да клечи и да се крие од снајпер. Тоа подоцна се покажа дека е тотална лага и измислица.

    Трамп, пак, тврдеше дека во интервју со Лари Кинг рекол дека НАТО-бомбардирањето на Југославија било грешка и дека тој од името на Американците се извинил, но тоа не се случило.

    Ова во анализа за Телеграф.мк го тврди Андреј Корибко, политички аналитичар од Русија, кој важи за добар познавач на случувањата на Балканот.

    Според него, Балканот дефинитивно не беше застапен во текот на кампањата и единствен начин да се утврди кој од нив двајца би бил подобро решение за регионот е преку нивната надворешна политика.

    Хилари е позната по тоа што е агресивна и милитантна, додека Трамп е препознаен како прагматичен и во повеќе наврати говори за потребата на САД да преговараат со своите партнери со цел да се намали влијанието на оние што се „шлепаат“ на Вашингтон. Во балканскиот контекст тоа се однесува на Албанија и Хрватска, две држави кои едвај придонесуваат во НАТО, но примаат воена помош од САД - анализира Корибко за Телеграф.

    Тој нагласува дека двајцата кандидати ќе го одржат влијанието на САД на Балканот и ќе се натпреваруваат со Русија за влијание, но тоа ќе го прават на различен начин.

    - Хилари ќе посегне по сите трикови на неоконзервативното раководство со цел зајакнување на хегемонијата на САД, вклучувајќи обоени револуции и неконвенционални војни, додека Трамп се очекува да склучи договор со Русија кој би довел до поделба на Балканот во однос на нивното влијание. Со голема прецизност може да се каже дека овој клучен регион ќе биде на дневен ред на следниот американски претседател поради напредокот што го направија Русија и Кина и нивните мегапроекти, балканскиот гасовод, патот на свилата, брзата железница. САД ќе бидат принудени да преземат чекори кои ќе ја нарушат оваа контрола или да влијаат врз овие иницијативи - вели Корибко.

    Извор: “Телеграф.мк“

     

     

    Views: 208 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024