Ретроспективна изложба на Спасе Куновски
Во среда, 9 ноември, во Даут-пашин амам, со почеток во 19 часот ќе биде отворена ретроспективно-монографската изложба на еден од доајените на македонската современа ликовна уметност Спасе Куновски (1929-1978)...
Кустосот Маја Неделкоска-Брзанова на денешната-прес конференција информира дека ова е еден од најголемите и најафирмирани проекти годинава на Националната галерија на Македонија.
Потсети дека и досега организирале голем број ретроспективно-монографски изложби со единствена цел, како што рече, да се афирмираат и да се обнови сеќавањето на авторите кои дале голем и значаен придонес за афирмација на македонската современа ликовна уметност.
Таа најави дека и во иднина ќе организираат ретроспективни изложби или изложби поврзани со одредени јубилеи кои го одбележуваат творештвото на реномирани македонски современи уметници.
http://cooltura.mk/umetnost/retrospektivna-izlozhba-na-spase-kunovski
Извор: “Cooltura“
|