Путин им го честиташе на Американците изборот на претседател
Претседателот на Русија Владимир Путин му го честиташе на американскиот народ изборот на новиот шеф на државата.
„Пред неколку часа во САД завршија претседателските избори. Ние внимателно ја следевме оваа кампања. Сакам да му го честитам на американскиот народ крајот на изборниот циклус, а на господинот Доналд Трамп победата“, изјави Путин во Кремљ, пренесува „Лента.ру“.
Според него, Москва е подготвена да стори сѐ што е можно за да ги врати односите со Вашингтон на стабилна траекторија на развојот. „Ги слушавме предизборните изјави додека беше кандидат за претседател на САД а кои беа насочени кон обнова на односите“, истакна рускиот лидер. Како што додаде тој, Русија знае и признава дека „тоа нема да биде едноставен пат“.
„Тоа би било од полза како за рускиот, така и за американскиот народ и позитивно би се одразило на општата клима во меѓународните работи, имајќи ја предвид особената одговорност на РФ и САД за одржување на глобалната стабилност и безбедност“, потенцираше претседателот на Русија.
Извор: “Руска реч на македонски“
|