ЕЛИЕЗЕО БЕРТОЛАЗИ – ЕВРОАЗИЈСТВОТО МОЖЕ ДА ГИ РЕШИ ПОВЕЌЕТО ПРОБЛЕМИ ВО ЕВРОПА
08.1102016
Јас сум апсолутно согласен со професорот Александар Дугин кога тој говори дека Европа не е Запад. Јас сум апсолутно согласен. Европа и Русија е ист континент. Така ми се чини. Јас верувам дека за да се решат повеќето проблеми во овој свет треба да се изгради Евроазија, континентот кој започнува од Владивосток до Лисабон, Португалија. Русија и Западна Европа, во текот на историјата, биле заедно, на истиот континент. Запад, тоа е Америка. Западот, како што говори Александар Дугин, тоа е идеја на апсолутен индивидуализам. А денешната Европа е колонија на Америка, каде Америка влегла и го изменила животот на европското население, нивните вредности, образот на животот, како да ја сфаќаат историјата на континентот.
Тоа е чекор на глобализацијата. Тоа не е едноставно глобализација, а глобализација под налог на Америка, каде тие решиле како да ја раководат таа глобализација. Денес, нашите современи проблеми, на пример со мигрантите, колку ќе преминат, јасно е дека тоа е наредба, тој поток на мигранти, тоа е менување на населението на континентот Европа. И зошто така ми изгледа? Затоа што на елитите кои се наоѓаат во Америка, која се наоѓа на Запад, најголема потешкотија за да ја изградат таа западна цивилизација им е европскиот национализам. Тоа што во Европа народот ја љуби својата традиција, ја љуби својата идентичност. Затоа тие решиле, проблемот на народот, проблемот на идентичноста, да го решат правејќи промена во населението. Во дадените услови, други народи сега живеат во Европа повеќе од европскиот народ.
Элизео Бертолази - Евразийство может решить большинство проблем Европы
https://youtu.be/-lB1v0x0pHI
Извор: “Katehon“
|