Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:48 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » November » 10 » МОЖЕ ЛИ ДОНАЛД ТРАМП ДА ЈА ПРОМЕНИ АМЕРИКА?
    11:44 PM
    МОЖЕ ЛИ ДОНАЛД ТРАМП ДА ЈА ПРОМЕНИ АМЕРИКА?

    Репост, објавено на 11 февруари 2016.

    МОЖЕ ЛИ ДОНАЛД ТРАМП ДА ЈА ПРОМЕНИ АМЕРИКА?

    (Тој го предизвика американскиот владеачки систем до толку што многумина очекуваат да се случи...атентат!)
    .....................................................................................................

    Зошто толку многу контроверзи и критики предизвикува тој човек? Цела западна јавност е преокупирана со него и неговата кандидатура за американски претседател. И не дека тој самиот не е контроверзен -- знае да биде тврд, груб, директен, понекогаш прост и, барем засега, сензационален лидер на предизборна кампања – но кој би рекол дека еден типичен недоделкан богаташ ќе стане таква политичка сензација во САД, со потенцијал да направи тектонски поместувања и пресврт во глобалните односи во случај да биде избран. 

    Пред се, Доналд Трамп е поразличен од сите посериозни кандидати за претседател на суперсилата што се појавиле последниве децении. Тој е „селфмејд“ и во голема мерка автентичен американски производ, без разлика што на многумина не им се допаѓа. Овде во прашање е неговиот капацитет да предизвика промени, а не дали ни се допаѓа или не. Различен е во смисла дека не припаѓа на системската американска владејачка елита во која се вклучени и републиканските и демократските претседатели и кандидат-претседатели, кои во основа тераат една иста агенда – глобална доминација и хегемонија на САД, по секоја цена. Таа суштинска разлика го прави и популарен и омразен, и посакуван и опасен во исто време. Опасен како за кој, а најмногу за системот.

    Ваков или онаков, Трамп е пред се искрен и веројатно тоа го прави толку прифатлив за обичните Американци, на кои им е исто така преку глава од олигархиските кандидати на владејачката елита. Таа елита е посебен дел од американското општество и сосема е оддалечена од своите граѓани, сметајќи ја не само Америка, туку и целиот свет како неограничен ресурс за лично збогатување и за остварување на налудничавата цел – Нов светски поредок и единствена Светска Влада во која секако тие би имале главен збор. За таа цел, не се воздржуваат од ништо, најмалку од војни. Цела планета е загрозена од овие бескрупулозни мегаломанијаци.

    Отсуството на лицемерие кај Трамп очигледно е моментот кој ги привлекува обичните Американци, но пред се белците и тоа може да му се скрши од главата, бидејќи некои негови изјави се на граница на расизам. Но тој смислено игра со тоа. Тој, исто така,не се воздржа да го прогласи Џорџ Буш за виновен за уривањето на кулите-близначки во Њујорк во 2001, ни повеќе ни помалку. Со оглед на тоа дека помладиот син на моќните Бушовци, Џеб, е исто така предкандидат на Републиканската партија, се чини дека тој добро знае што прави. Го изговара она што сите го мислат.

    Неодамна, рускиот претседател Путин го нарече „многу интелигентен“ и „вистинска ѕвезда на кампањата во САД“. Трамп возврати со тоа дека му е чест што еден таков лидер го мисли тоа за него. Се чини, има некоја „хемија“ меѓу нив и тој момент на целата планета и дава надеж дека конечно може да престане опасното ривалство кое, во суштина, го загрозува опстанокот на сите нас. Трамп жестоко ја критикува американската надворешна (хегемонистичка) политика, особено актуелната на Блискиот Исток, бара повлекување од таму и е залага за искрено партнерство со Русија. Нема зошто да не му се верува, барем засега.

    Заради сето тоа, и воопшто заради фактот дека како екстремно успешен Американец Трамп е независен од пипалата на владејачката елита, тој е мета на досега невидена сатанизирачка кампања. Се разбира, некои негови несмасни изјави, дополнително „напумпани“ од контролираните медиуми, му навлекоа негативен одиум. Таква беше изјавата во врска со муслиманите, со хомосексуалците, со Мексиканците. Британците дури официјално му забранија влез во нивната земја. Ќе биде интересно да се види како ќе се однесуваат во случај Трамп да победи.

    Сето ова не ја намалува неговата популарност. И натаму убедливо води во сите анкети. И покрај поразот од Круз во Ајова, кој тој го оспори како наместен и изманипулиран (што не би било изненадување), Трамп и натаму е во игра како најсериозен републикански кандидат. Веќе вчера во Њу Хемпшир буквалкно го „смачка“ Круз со сооднос 35:11. Ако вака продолжи, а има индиции во јавноста за тоа, Трамп едноставно ќе се наметне како убедлив кандидат. Таков му е стилот, донекаде каубојски, но тој изгледа инсистира на тоа.

    Станува многу, многу интересно, особено затоа што засега најасериозниот кандидат на „елитата“ од страна на демократите Хилари Клинот е исто така прегазена од еден нетипичен кандидат каков што е Берни Сандерс, кој не крие дека има социјалистички идеи. Дали навистина е дојдено времето за големи промени во Америка? Овие процеси покажуваат дека светот навистина се наоѓа на голема пресвртница. Ќе видиме колку таа енергија на промени ќе ги издржи ударите на олигархијата кои несомнено допрва ќе уследат. Може слободно да се каже дека се е можно, вклучително и најдраматични настани.

    Како и да е, за очекување е дека „елитата“ ќе се обиде да најде начин за целосно да го дискредитира Трамп, и веројатно сето тоа ќе биде зачинето со некои детаљи од неговиот приватен живот, но очигледно е дека тој не се плаши. Некои одат дотаму што сметаат дека може да се очекува да му биде извршен атентат. Всушност, некои сериозни закани веќе пристигнале на негова адреса. Но, булдожерот и натаму тера по свое, а на Американците изгледа тоа прилично им се допаѓа. 

    Исмевањето на Трамп не е од денес, иако е крајно дегутантно тоа што целата огромна мрежа на контролирани англоамерикански и воопшто западни медиуми го има на нишан за секоја ситница. Тоа е без преседан и само потврдува каква опасност претставува овој човек. Пред околу две години, кога стана јасно дека тој има големи политички амбиции, лично претседателот Обама спроведе мини-кампања за исмевање на Трамп и неговиот животен стил. Очигледно, неговиот „опасен“ политички потенцијал одамна е насетен. Всушност, изгледа дека тој самиот смислено произведува контроверзи на теми со кои го допира тенкиот нерв на просечните американци. Засега, тоа му успева.

    Гледано објективно на денешните односи во американската политика, реално е тешко да се замисли дека тој навистина би можел да победи и да стане американски претседател. Навистина тешко, бидејќи тој едноставно го предизвика системот на владеење. Неговата победа би била повеќе од сензација – тоа би било револуција. Но, неговата појава и неговиот начин во големата игра дава надеж дека има потенцијал за значајни промени во американската политика, а од таму и на глобалната сцена, која е оптоварена со опасности како никогаш досега од крајот на Студената војна.

    Доналд Трамп, ваков каков што е, е типичен Американец и ја претставува вистинската Америка, таква каква што е и самата таа, надвор од нашминканата блескава пропаганда, полна со контроверзи, груба и недоделкана, но Америка која веќе и самата е уморна од забеганите владетели и која всушност покажува дека секое отуѓено владеење може да има крај, доколку тоа доволно силно се посакува. Ќе видиме дали навистина искрено го посакува тоа.
    И да го немаше, Доналд Трамп требаше да биде измислен.

    Извор: “ЗАД ПОЛИТИКАТА“

    Views: 226 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024