Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:54 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » November » 14 » Цветная революция в США: жизнь Трампа в опасности
    11:42 PM
    Цветная революция в США: жизнь Трампа в опасности

    ОБОЕНА РЕВОЛУЦИЈА ВО САД: ЖИВОТОТ НА ТРАМП Е ВО ОПАСНОСТ

     

    Претседателот Доналд Трамп го одбра патот на слободата, кој не им се допаѓа на елитите

     

    Одбраниот претседател на САД Доналд Трамп го одбра патот на слободата за својата земја и за светот, кој, се разбира, по дух не им се допадна на естаблишментот и на елитите. Сега Америка се наоѓа на прагот на граѓанска војна, а животот на претседателот се наоѓа во реална опасност од либералите. Такво мислење искажа главниот редактор на телевизискиот канал Цариград, философот Александар Дугин во етерот на програмата “Наша точка на гледање“.

     

    Според неговата оценка, самото поведение на либералниот естаблишмент во САД го доведе до победа Доналд Трамп. “Тие толку се отклонија во својата желба за зло од реалноста, толку ја подметнуваа својата зла волја на реалноста, толку го игнорираа народот, општеството, вистинското население на Америка, истата онаа Америка, од чие име тие се обидуваа да им го наметнат својот дневен ред на сите народи. И оваа реална Америка рече: губете се, глобалисти. Вие не ги заштитувате нашите вредности“.

     

    Се закануваат со обоена револуција

     

    Дугин напомна, дека со “обоена револуција“ Вашингтон ни се закануваше нам, на Истокот, во државите на постсоветското пространство. А сега – и во САД.

     

    “Затоа денес овие луѓе кои изгубија, и кои се покажа дека апстолутно немаат право – и во принцип, и на пракса – се обидуваат да се закануваат со ’обоена револуција’ веќе и на Трамп“ – забележува философот.

     

    “Тоа се апсолутни самозванци, и денес тоа им е јасно на сите. Глобалната светска елита на банкари, транснационални корпорации, носители на античовечки, антихумани вредности е непријател на сите народи и, во прв ред, на народите на Америка“.

     

    Крај на антиамериканизмот

     

    Денес настапува крај на антиамериканизмот, забележа Дугин. Зад пагубната политика на глобализмот не стојат американците, а елитите. “Американците – самите се жртва. Америка беше истерана од нив за некое време, и ете сега, со Трамп, таа има шанса да се врати на себе, да се врати на своите корени и на својата идентичност. Затоа ние ја симнуваме тезата за антиамериканизмот и говориме за заедничка – заедно со американскиот народ и американскиот претседател – борба против глобализмот. И во овој однос ние сме на иста страна од барикадите“.

     

    Трамп против либералниот расизам

     

    На самиот Трамп сега не му е лесно, зашто либералите секогаш ги опсипуваат со погрдни зборови патриотите. “Навистина, оној, кој не е либерал, автоматски спаѓа во фашисти, соодветно, меѓу маргиналците, соодветно, меѓу луѓе, кои немаат право ни на глас, дури ни на постоење. Тоа и е либерален расизам“.

     

    Философот забележа, дека либерализмот, како и секоја друга модернистичка идеологија (комунизмот, фашизмот), е тоталитарна. Интересно е, дека денес истите тие навреди и метафори, кои му ги доделуваа западните либерали на Путин и приврзаниците на конзервативниот поглед на свет, денес во потполна мера му се доделуваат на Трамп. “И на Трамп либералниот слој во самата Америка му објави иста таква војна, како на Путин, на Русија и нам. Денес е момент на вистината, може така да се каже, the moment of disclosure – момент на отворање, момент на пројавување“.

     

    Денес ние гледаме, дека изворот на злото – не е толку самиот Запад, колку поединечна манијакална група, претставена од финансиските и медиумските институти. Тоа е идеологија, која дејствува на најподмолен начин. “Таа говори: ’бидете либерали заради ова и заради она’. Таа говори: користете се со нашите технологии, ставајте ’лајкови’, насладувајте се, трошете. И со самото тоа тие го забрзуваат (го движат) либерализмот, не изјавувајќи за ова“.

     

    Со ова ќе се судри Трамп – како претставник на реалната Америка, и соодветствено претставник на сите нас.

     

    Граѓанската војна во САД и заканата по животот на Трамп

     

    “Денес Америка стои на прагот на сериозна граѓанска војна. Војна на американскиот народ против либералната антиамериканска глобалистичка секта“ – поцрта Дугин.

     

    Тешко е да се замисли, како ќе се одвиваат односите, додека Трамп не стане ополномоштен претседател. Во врска со ова дури и е заканата по животот на претседателот. “Кога некој во Америка, демократски избран, започнува да го изразува мислењето на вистинскиот американски народ, неговиот живот се наоѓа во опасност. Затоа, мислам, дека сега заканата по животот на Трамп е колосална“.

     

    Ако американските екстремисти-либерали, претставниците на манијакалната секта, го убијат Трамп, како што го убија Кенеди, тоа ќе биде крај на Америка, смета Дугин. По такво нешто со оваа држава и со овој систем ни еден народ не ќе има работа.

     

    Но ако го остават, тогаш ќе започне фундаменталниот, најинтересниот, најтешкиот дел од работата на Доналд Трамп – тоа е борбата со глобалистичкиот естаблишмент на САД.

     

    Примерот на Путин

     

    Дугин напомна за примерот на Владимир Путин, кој дојде на власт во нашата земја во 90-ите години, кога таа беше проникната од либералните мрежи. “Таа либерална секта се вовре и кај нас, и исто така ги зафати основните институти: власта, општеството, образованието. И Путин се бори со нив до ден денешен. Навистина, тој 16 години победува. Тоа е сложена борба, таа не е завршена во Русија, но овде точката на невраќање е пронајдена. Ако Трамп му следува на овој пат, животот ќе му биде многу тежок. Но ако тој се предаде, ќе го предаде американскиот народ. Јас, поради нешто, сум уверен, дека тој нема да се предаде. Тој попрво ќе падне на овој пат како жртва за американската слобода. Затоа што за Трамп главното е – слободата. И денес слободата, вистинската слобода значи – слобода од ропството на либералните глобалистички елити. Ете тоа и е содржината на слободата. Да се биде слободен значи да се биде слободен од либерализмот“ – констатираше Дугин.

     

    Односите со Русија

     

    Тој подвлече, дека доаѓањето на Трамп, тоа е крај на еднополарниот свет. Соодветно, рамнотежата на силите среде големите држави и дури малите држави се менува. Се менуваат и односите Вашингтон-Москва. “До Трамп или во случај на победа на Хилари, Америка, за жал, би се идентификувала со истата оваа глобалистичка секта. Тие би биле во рацете на оваа глобалистичка секта и би биле нејзин послушен инструмент. Соодветно, ќе дојдеше до ескалација дури до војна, за ова Хилари отворено објавуваше. И тие сили, кои стоеја зад неа, се разбира, во Русија го гледаа и до ден денешен го гледаат својот главен непријател, затоа што нашиот претседател Владимир Путин и објави војна на глобализацијата и либералната тоталитарна хегемонија. И тој ја води оваа војна со колосален успех, но со огромен труд во текот на многу години. Соодветно, смената на Хилари со Трамп означува, обратно, намалување на оваа ескалација“ – смета философот.

     

    Русија останува таква приврзаничка на многуполарниот свет, кој не се заканува по суверенитетот на САД, не посегнува по територијалната целост и не создава за Америка нови предизвици и опасности.

     

    Меѓутоа, ќе се измени и геополитичкиот контекст: односите на Русија и Украина, Турција и Сирија, односот на радикалните исламисти, кои се држеа до Хилари Клинтон. “ДАЕШ /ИСИС/ (забранети во РФ) е создаден од истите тие сили, кои ја претставуваа Хилари Клинтон. И ете тие останаа ’без покрив’. Секако, тие или ќе се предадат, или ќе ја изменат својата позиција“ – појасни Дугин.

     

    “Слободата – тоа е главното послание на Доналд Трамп. Тоа е слобода, која е насочена кон бугарите, кон црногорците, кон германците. Кон Молдавците, кон турците, кон сиријците, кон муслиманите, кон христијаните. Тоа е слободата. Сметам, дека тоа е фундаменталната вредност, која победи на 8 ноември 2016 година не само во Америка, а во целиот свет“ – заклучи Дугин.

     

    Цветная революция в США: жизнь Трампа в опасности

    Подробнее: Цветная революция в США: жизнь Трампа в опасности http://tsargrad.tv/article/2016/11/13/cvetnaja-revoljucija-v-ssha-zhizn-trampa-v-opasnosti

     

    Views: 220 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024