Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:15 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » November » 16 » АНДРЕЈ КОРИБКО ЗА ИНФОМАКС: Трамп и Балканот!
    11:20 PM
    АНДРЕЈ КОРИБКО ЗА ИНФОМАКС: Трамп и Балканот!

    АНДРЕЈ КОРИБКО ЗА ИНФОМАКС: Трамп и Балканот!

    Има многу што да се зборува за тоа каква поитика Трамп ќе води во однос на Балканот, и како тоа ќе се одрази на регионот. Иако беше избра само пред една недела, и сеуште има речиси уште два месеци пред да ја преземе власта, веќе е можно да се направат претпоставки во обидот да се одговорат овие прашања.

    koribko_naslovna

    Грци во владата

    Најсилната индикација досега за тоа каква Балканска политика ќе води Трамп по се изгледа дека ќе биде назначувањето на Ринс Прибус како негов шеф на кабинет. Оваа престижн висока позиција ќе биде завземена од Грчки православен верник чија мајка е по потекло од Грција, што со сигурност ќе предизвика силно влијание имајќи во предвид дека истиот има силно чувство за неговиот грчки идентитет што пак ќе значи и зголемување на предноста на Грција во однос на Македонија вис-а-вис проблемот со името и некои други меѓусебни отворени прашања. Вториот фактор во кој Грција е во предност е фактот дека Стивен К. Банон пак во исто време е назначен како главен стратег на Трамп. Ова е важно бидејќи Банон пак беше шеф на исклучително успешен десничарски медиум „Брајтбеит“ пред да биде назначен како шеф на кампањата на Трамп. Еден од најпопуларните писатели на неговиот сајт пакбеше Мило Јианопулос, познат хомосексуалец од грчко потекло и човек од кого не се очекува да биде пријателски настроен кон Македонија или нејзината култура. Имајќи ја во предвид блискоста на „Брајтбеит“ до администрацијата на Трамп, новинарите и писатели како Мило најверојатно ќе извршат сериозно влијание врз Претседателската политичка формулација.

    Сорос и Македонија

    Ниту Прибус, Банон или Јианопулос не се добри за Македонија, но од друга страна, антипатијата на тимот на Трамп кон финансиерот на „шарените револуции“ Џоџ Сорос е добро позната и може да игра позитивна улога во предност на Македонија. Премногу е рано да се каже, но откако Сорос практично најави војна против Трамп, преориентирајќи го фокусот кон САД и надвор од останатите делови на светот (барем засега), постои шанса дека „Шарените револуции“ предводени од невладините спонзорирани од Сорос, конечно ќе им дојде крајот. Исто така се претпоставува дека таканаречената „длабока држава“ (војската, разузнавачкото општество и дипломатската бирократија) под Трамп да го поразат Сорос и да му ја одземат моќта, што пак ќе предизвика неговите мрежи да пропаднат.

    Во овој случај, ова нема да значи и дека со сигурност ќе се стави крај на хибридната војна предводена од НВО секторот, но дека некој друг ќе биде задолжен да го замени и да продолжи со контролирање на светската мрежа. Видливата промена која ова може да ја предизвика е пораката дека во иднина невладините поврзани со Сорос наместо од крајна левица може да се „прешалтаат“ во крајна десница, особено ако ЦИА под власта на Трамп свати дека овој начин е многу поефикасен за употреба во експлоатација на радикалните структури отколку докажаната и веќе неефективна стратегија која досега се користеше. Сеуште е рано да се каже дали ова ќе се случи или не, но сценариото не е невозможно и во најмала рака треба да биде добредојдено во Македонија особено во предвидувањата во врска со завземањето на следниот курс на државата во однос на Американската политика.

    Ако ги земеме во предвид влијанието на Грците врз претседателствувањето на Трамп и ја прифатиме теоријата дека Сорос ќе заврши на губитничката страна во војната со Трамп, тогаш можеме да претпоставиме дека Американскиот лидер најеројатно нема да се помрдне во врска со проблемот со името, но нема да настојува на асиметрична агресија против Македонија како што тоа го правеше минатиот претседател. Накратко, Трамп ќе биде многу поодговорен отколку Обама, но сепак ќе биде понаклонет кон Грција ако е под притисок да избира. Ова е многу важно во однос на поголемата слика за Балканот бидејќи најверојатно бизнисменот Трамп најверојатно ќе влезе во преговори за постигнување на „џентлменски договор“ со Русија за поставување на сфери на интерес (влијание), и не постои шанса дека Балканот ќе биде изоставен.

    Сфери на интерес

    Грчкиот штаб:

    САД никогаш нема мирно да се повлече од огромното влијание кое го има во НАТО државите, затоа никој не треба да ги подига надежите дека ова ќе се случи под Трамп. Грција најверојатно ќе биде центарот на новата Балканска политика на администрацијата на Трамп поради енергетската важност во однос на „Балканскиот тек“ и „Транс-јадранскиот тек“ како и идниот потенцијал за транзит на Израелски гас од Источно Медитеранското наоѓалиште во ЕУ. Дотолку повеќе, Грција е во постојани препирки со Турција поради неодамнешните прекршувања на воздушниот простор над истокот на Егејското Море, како и жестоката опозиција која сите Грција ја имаат кон Турскиот претседател Ердоган ќе значи дека земјата може да стане корисна база за разузнавачки операции за дестабилизација против лидерот кој се надева за мултиполарен свет и кој неодамна доживеа пуч организиран токму од САД.

    „Крајбрежниот Балкан“ и „Балканскиот меур“

    Што се однесува до остатокот од Балканот, веќе беше јасно нагласено дек САД никогаш нема да ги „предаде“ ниту една од НАТО државите под сфера на влијание на Русија, што значи дека остануваат само државите кои не се дел од НАТО да бидат дел од договорот за сфери на влијание со Русија. Затоа, само Босна Србија и Република Македонија може да играат некаква улога во овој предлог. Сепак, хрватско-муслиманскиот дел од Босанската федерација не треба да се очекува дека ќе се согласи да биде во линија со Москва, затоа реално може да се очекува дека само Република Српска – која веќе ужива блиски политичко-стратешки врски со Русија да се согласи на овој тактички договор. Србија исто така, ќе биде вмешана, како и Република Македонија, иако за Македонија најверојатно повторно ќе се најде на првата борбена линија во борбата за овој договор имајќи во предвид колкаво влијание имаат Грците во администрацијата на Трамп.

    Гледајќи од точка на стурктурно позиционирање, јасно може да се види дека „Крајбрежниот Балкан“ најверојатно ќе потпадне под сфера на влијание на САД, додека Русија ќе остане со влијание во „Балканскиот Меур“ или Централен Балкан, каде што клучен момент во тој регион ќе бидат важните мегапроекти на Кина. „Балканскиот тек“ најверојатно ќе влезе во Република Македонија, а понатаму во Србија и Грција што пак ќе им даде некој вид на предност на САД во проектот, но само до Македонско-Грчка граница. Дотолку повеќе, Грчката влада докажа дека не е лојална на никого и оди онаму каде што се парите, затоа и покрај про-Грчките лобисти во администрацијата на Трамп, нема гаранција дека Атина ќе се согласи да го попречува Рускиот гасовод само поради желбите на неколку грци во Американската дијаспора. Парите зборуваат, а Балканскиот тек ќе биде многу профитабилен проект за земјата која се соочува со финансиски предизвици, затоа може да се очекува дека Грција нема да го блокира проектот, и со тоа да загуби милијарди само од транспортни добивки.

    Македонија во средина:

    Македонската влада, за разлика од Грчките клеги, конзистентно се докажува како одговорен партнер и нема историја на потчинување на различни странски патрони поради ситни интереси. Дали е тоа градење на силни врски со постојните Западни партнери или истражување на подлабоки патишта на соработка со Русија и Кина, никаква негативна промена не треба да се очекува, без разлика под чија сфера на влијание на крајот Македонија ќе остане. Сепак, поради насилните обиди за смена на власта во последните две години кои беа спонзорирани и диазјнирани од САД и уште неколку западни земји, постои можност Македонија одговорно да се престрои во поблиска соработка со Истокот како одговор, особено ако го земеме во предвид постојаното одбивање на Западот на апликациите за членство на државата во ЕУ и НАТО, притоа силно застанувајќи позади Грција во нерешеното прашање за името. Поточно, поради немањето на членство во ниту една од овие организации, Македонија е отворена за проширување на соработката и влијанието во Рускиот/мулти-поларниот свет и сфера на интерес во услови кога Трамп би ставил таков договор на маса со Путин.

    Србија и Република Српска

    Што се однесува до Србија, народот таму јасно покажува поголеми симпатии кон Русија и покрај обидите на Владата на Вучиќ да создаде поблиски односи со Западот несмасно обдиувајќи се да води политика на „геополитички баланс“. Сепка, Србија е уште една земја во „Балканскиот меур“ која не е член на ЕУ и НАТО, со што Русија е во предност,зголемувајќи ја можноста дека на оваа земја исто така ќе и биде „безбеден премин“ кон зајакнување на врските со Москва малку подобро отколку сега. Со сето ова кажано, Вучиќ не е лојален или одговорен партнер, што значи дека наместо да се зграпчи шансата веднаш како што тоа би го направила Македонија и Република Срспка, кои би можеле да обезбедат силни врски во полн спектрум со Русија, Српскиот лидер би можел и да ја уништи шансата преку тврдоглаво држење до неговата несмасна политика на „геополитички баланс“. Во оваа смисла, претседателот на Република Српска Милорад Додик би ги претставувал желбите и надежите на српскиот народ подобро отколку премиерот на Србија.

    Пукање на „Балканскиот меур“

    Колку и да звучи како вин-вин договор во предивдените сфери на интерес, има многу работи кои би можеле да тргнат на полошо во „пукањето на Балканскиот меур“, нешто што би можело и да не се случи доколку Трамп не успее да се справи со некои нео-конзервативци вградени во Американската „длабока држава“. Претпоставувајќи дека тој ќе успее да се справи со нив, сепак постои шанса дека САД ќе го употреби тој договор за да и забие нож во грб на Русија преку активирање на геостратешка бомба која му се заканува на Балканот во последните две години, како што е рестартирањето на граѓанските конфликти во Босна, и враќањето на Албанскиот тероризам против Србија и Македонија.

    Уште полошо, Трамп може и воопшто да не е свесен за ова за да може целосно да ги запре ако се организирани од затскирените неоконзервативни елементи кои администрацијта на Трамп се заканува дека ќе ги исчисти од „длабоката држава“, кои пак како одмазда би можеле да ги употребат нивните лојални контакти за да го саботираат евентуалниот договор помеѓу Трамп и Путин во врска со сферите на интерес во Европа. Сорос и неговите поддржувачи би можеле да направат нешто слично, особено откако милијардерот најверојатно ќе биде исфрлен од интересот на администрацијата под Трамп, што би можело да го мотивира да се приклучи во слична геополитичка одмазда. Секако, Трамп исто така би можел и да блефира со Путин во постигнувањето на ваков договор во обид да „купи време“ во подготвувањето на „последниот удар“ врз мултиполарноста на континентот, но тоа не изгледа како премногу можно особено ако се знае дека е бизнисмен кој се држи до своите договори, за разлика од „коцкарот“ Обама.

    Заклучок
    Трамп има историја на постигнување на добро договори и држење до дадениот збор, имајќи ја во предвид позитивната хемија која тој досега ја покажа кон Путин по првот телефонски разговор, може да сеочекува дека новозибраниот Претседател најверојатно ќе го одржи ветувањето кое му го даде на негвиот Руски колега и ќе пристапи кон склучување на „џентлменски догоор“ со цел постигнување на стабилна сфера на влијание помеѓу нив со цел надминување на аурата на Студената војна. Тврдењето дека Русија нема што да добие од „Балканскиот меур“, е недозреано и наивно, бидејќи Москва има големи геостратешки интереси во Централен Балкан и сака да го искористи како база за градење на робусни пријателства во целосниот спектрум со нејзините членки.

    Доколку претпоставениот период на добри односи издржи, тогаш ништо не ја спречува Русија или било кој од нејзините претпоставени партнери да пристапи кон заедничко партнерство од заеднички бенефит имајќи во предвид дека новата Америка нема интерес во кочење на ваквите партнерства се додека најавуваниот договор помеѓу Трамп и Путин се почитува. Ова сепак не може потполно да се грантира, но ќе отвори прозорец на можност за двете страни да ги интензивираат нивните релации. Она што на крајот е најважно е дека Трамп го поместува погледот на САД од Балканот и ќе запре со обидите за дестабилизација како што тоа го правеше Обама, а ова ќе овозможи доволно време за Кинескиот проект „Патот на свилата“ за брза железница и копнен трансорт да биде завршен, што пак ќе ги забрза процесите за мултиполарен економски коридор помеѓу Централно Европскиот главен град Будимпешта и Медитеранското пристаниште Пиреја и тоа поминувајќи низ државите на „Балканскиот Меур“ Србија и Република Македонија.

    Русија до тогаш би требало комфорно да се смести во „Балканскиот меур“ што пак ќе ги диверзифицира постојните енергетски и инфраструктурни инвестиции преку проширувањето на истите во реалниот сектор а економијата, во очекување на предностите кои ќе ги донесе Балканскиот Пат на Свилата кој ќе значи драматично олеснување на логистиката во спроведување на комерционален бизнис во регионот. Можеби е оптимистички надеж во толку рана точка и два месеци пред преземањето на претседателството во САД од страна на Трамп, но има реална шанса дека клиентелистичката неоконзервативна групација водена од Сорос и под влијание на надворешната политика на САД да биде неутрализирана, што пак ветува нормализирање на релациите со Русија и поправање на дел од дестабилизацијата која ја предизвика администрацијата на Обама низ годините.

    Ова може да донесе само бенефит за Балканот, особено ако човекот кој го напиша делото „Уметноста на договорот“ ги вметне во пракса неговите знаења и постигне монументален договор со Путин кој ќе значи стабилна сфера на интерес во регионот, иако постојат многу работи кои може да трнгат на лошо и да превенираат ова да се случи или намерно да го саботираат ако ова се покаже како „премногу успешно“.

    Извор: “Инфомакс“

    Views: 193 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024