АНДРЕЈ ТКАЧЕВ : БЛУДНИ СИНОВИ ИМА – СТОТИЦИ И СТОТИЦИ
21/11/2016
Приказната за блудниот син во расказот на Ернест Хемингвеј
Да позборуваме за литературата. Многу наши текстови пораснуваат од евангелски семиња. Знаеме ние за тоа или не знаеме, од ова ништо не се менува. Но подобро е да се знае, отколку да не се знае. Едно од коренските сижеа на светското литературно творештво е приказната за блудниот син.
Многу момчиња во Шпанија го носат името Пако. Примерно така започнува романот “Рогот на бикот“ на Ернест Хемингвеј. Пако – тоа е скратено од Франсиско. Франсиско, интересно кај нив “ф“ се заменува со “п“. Pater Communitatis скратено – тоа е “татко на заедницата“, Орденот на Францисканците, Франциско Асизиски.
И затоа што Шпанија е католичка земја, таму има голем број на деца, момчиња, кои го носат името Пако. Пако де Лучија и многу други Пако-вци. Тие Пако-вци ги има толку многу во Мадрид и неговата околија, пишува Хемингвеј на почетокот на својот расказ, што еднаш еден татко дошол да го бара својот син во Мадрид од провинцијата Естремадура, ги обиколил сите улици, сите меани, сите стадиони. Не го нашол. Напишал во весник во делот за огласи мала белешка: “Пако, те чекам во хотелот Монтана во 12 часот, се ти простив. Тато“.
И во овој хотел дошле 800 млади луѓе, кои се викале Пако, кои се нашле себе во оваа белешка. Потоа ги гонеле со помош на водомети и коњска полиција.
Ова е шегата, со која започнува раскажувањето на Хемингвеј, расказот “Рогот на бикот“. Самиот расказ е посветен на еден млад човек по име Пако, кои работи во една меана, ресторан, кафетерија во Мадрид. Дејството се случува во периодот на војна на монархистите со франковистите. Граѓанска војна, за која ние многу малку знаеме и на неа едноставно сме заборавиле.
Шпанија стоела далеку од светските војни. Во првата светска војна таа не учествувала. Во Втората светска војна не учествувала. Тие имале свој филм. Таму монархистите и комунистите се биеле не на живот, а на смрт. Таму биле експедициските корпуси и фалангистите, и руските комунисти, кого се таму немало. Многу писатели поминале низ овие војни, на пример, Орвел, или Хемингвеј.
Ете дејството се случува во Мадрид во овие години. Кој Русин не сака брзо возење. Кој Шпанец не ја сака коридата. Младите момчиња, кои дошле од провинцијата во рестораните, да бришат подови, да мијат садови и да разнесуваат освежителни пијалоци, разговараат за коридата на крајот на работниот ден и се обидуваат да изобразат – еден бик, а друг тореадор, или матадор.
Вели: “Да, јас не се плашам од овие рогови на бикот, земи го табуретот и изобразаувај ги роговите на бикот, а јас ќе бидам коридата“. И така им успева. Но на крај вели: “Слушај, од табуретот не се плашам, а бикот е страшен. Пена на муцката, роговите остри, силата огромна“. И со бикот се е пострашно, вели. “Дај за поголема сличност да врземе ножеви на табуретот. Ајде да врземе“. Тие врзале и започнале да изигруваат.
Сигурно ви текнува, дека се завршило лошо, затоа што тешкиот нож се забил во вената на овој несреќник-матадор, и тој умира од истекување на крвта на подот од кафетеријата во несреќниот ресторан во центарот на Мадрид. Го викаат Пако. Ни љубов, ни омраза, тој се уште не узнал, тој умрел рано.
Но да се вратиме на воведот во расказот на Хемингвеј, онаа горчлива анегдота за тоа, како таткото доаѓа од провинцијата во главниот град и пишува: “Сине, јас се ти простив. Дојди, те чекам, во 12 часот...“ И стотици луѓе, кои случајно го прочитале весникот, доаѓаат на овој повик.
Тоа се само оние, кои се викаат Пако. А има и други имиња. И тие се исто. Тие поради нешто побегнале од семејството. Тие поради нешто ги напуштиле своите села, малечките градови и пошле во главниот град, во потрага по љубов, во потрага по признание, во потрага по политичка дејност, во потрага по лесни пари, во потрага по забранети задоволства. И ете тие таму се мотат под портите и меаните, одат на фудбалски натпревари и кориди, заработуваат пари, подкраднуваат, пијат, се отимаат, влегуваат во политички партиии. И одеднаш доаѓа таткото. И вели: “Сине, јас се ти простив, дојди“. И тие сите, во јато, како риби, трчаат кон овој аквариум. Затоа што сите тие се деца, и сите сакаат, таткото да им прости.
Тоа е чиста приказна за блудниот син. Тоа е враќање на блудниот син, последната слика на Рембрант. Тоа, воопшто, е Буратино (Пинокио), кој се враќа во собичето на татко му Карло. Тоа, исто така, е приказната за блудниот син. И воопшто, цела наша литература, како што говорел Дмитриј Лихачев, е закодирана од Евангелието, и во главен степен – од приказната за блудниот син.
Сине, врати се, јас се ти простив, говори таткото. Синот трча (оди). И такви синови, изгледа, ги има стотици и стотици и стотици. Добар расказ, добар писател. Добра тема. Читајте добри книги, за душата да не ви свене.
Андрей Ткачев: Блудных сыновей - сотни и сотни
Подробнее: Андрей Ткачев: Блудных сыновей - сотни и сотни http://tsargrad.tv/article/2016/11/21/andrej-tkachev-bludnyh-synovej-sotni-i-sotni
|