Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:29 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » November » 22 » Франция: От "эффекта Трампа" к Фрекзиту
    5:22 AM
    Франция: От "эффекта Трампа" к Фрекзиту

    ФРАНЦИЈА: ОД “ЕФЕКТОТ НА ТРАМП“ КОН ФРЕГЗИТ

    21/11/2016

     

    Во Франција на предизборите падна Никола Саркози – победата на Марин ле Пен е се поблиску

     

    Победата на Трамп на претседателските избори во многу нешта придонесува за забрзување на преминот на светот кон многуполарност. Европските политичари се учат да живеат во нови реалии.

     

    Вчера во Франција помина првиот круг на предизбори на десноцентристите на 27 ноември претстои вториот круг. А изборите, во кој учествуваше главата на “Националниот фронт“ Марин ле Пен, ќе се случат на 23 април 2017 година.

     

    На предизборите влегоа Франсуа Фијон и Ален Жупе, а екс-претседателот на Франција Никола Саркози изгуби и не влезе во вториот круг. Од бессилност тој дури на својот Фејсбук повика да не се гласа за “радикалите“, имајќи ја во предвид Марин ле Пен.

     

    Меѓутоа, на ле Пен само и се зголемува популарноста. Резултатите од испрашувањата на општественото мислење одлично го покажуваат ова, пишува РФИ.

     

    “Трамп го направи она, што изгледаше потполно невозможно. Тој им даде надеж на оние, кои не се солидарни со процесот на глобализација, кој го спроведуваат светските елити. Победата на Трамп, исто така, го убива аргументот по повод изолацијата, кој го користат моите противници“ – изјави Марин ле Пен.

     

    За тоа, како “ефектот на Трамп“ е способен да повлијае на резултатите на претседателските избори во Франција, раскажаа експертите во програмата “Наша точка на гледање“ на Цариград.

     

    Ефектот на Трамп во Франција

     

    Во Европа започна таканареченит “ефект на Трамп“, забележува центарот за анализа “Катехон“. То ест, смена на елитите на народни избраници.

     

    “Денес европските лидери, легитимните европски лидери, и бриселските бирократи гледаат еден на друг и како да прашуваат: кој сега е главен, кој внимава на сета оваа полјанка? А евроскептиците си ги тријат рацете и говорат: а ние ви говоревме, дека САД доминира, САД се обидува да ја одржи својата хегемонија во Европа. И сега мала паника ги фаќа евробирократите“ – вели новинарот, главниот уредник на ИА “Новорусија“ Андреј Коваленко.

     

    Новинарот, уредник на изданието “Астре“ Екатерина Гадал додаде, дека Франција воопшто не ја очекуваше победата на Трамп. “Сите ја знаат анегдотата: кабинетот на Оланд спремил само едно поздравно писмо, и тоа било за Хилари Клинтон“.

     

    Таа забележа, дека за Трамп гласаше белата Америка. И “ефектот на Трамп“ може реално да повлијае на претстоечките претседателски избори во Франција. “И белата Франција, белата Германија и останатите луѓе, кои работат (не некакви политички елити, кои несфатливо е кому служат, а работните луѓе) – тие во цел свет живнаа и рекоа: ’Боже мој, некој, најпосле, не виде, не слушна... Затоа што ние немаме работа, нашето ниво на живот паѓа, ние не знаеме, каква иднина ги очекува нашите деца’. Во суштина, тие живнаа, и сега многу е важно Трамп да успее. На тој начин, мислам, дека изборите во Франција, исто така, зависат од тоа, како ќе поминат првите месеци на Трамп“.

     

    Според оценката на публицистот, раководителот на меѓурегионалната општествената организација “Православен сојуз“ Роман Плут, кукловодот во Европа се уште останува. “И елитите, безусловно, ќе се борат. Либералните елити – тие нема да си заминат едноставно така, да ја предадат власта, да ги дадат парите, да го вратат светот“.

     

    Сорос не се предава

     

    Меѓутоа, на луѓето, кои излегуваат на митинзи во САД против Трамп, им плаќаат пари, и тоа големи. Кој стои зад многубројните “обоени револуции“:

     

    “Структурите на Сорос, ете таа светска финансиска мицелија, ја загубила државната субјектност во лицето на САД. То ест, сега од лицето на Соединетите Американски Држави тие не можат да говорат. Ним им остана субјектност на ниво на НВО, на ниво на своите финансиски структури, на ниво на ММФ и ете такви глобалистички структури“ – коментираше Коваленко, додавајќи, дека “обоената револуција“ сега се обидуваат да ја организираат во самата САД.

     

    “Тие се екстериторијални. Тие ја загубија државната субјектност на САД. И сега тоа е некој остров кој плови, кој може да се приземји овде, таму. Тие  ја немаат строгата приврзаност за држава“ – рече тој, не исклучувајќи, дека тие може да се “спуштат“ во Европа како центар на светскиот капитализам и либерализам.

     

    Транснационалните елити, кои ги извршија превратите во почетокот на 20 век, ја зафатија власта во националните држави и започнаа да го градат наднационалното општество, забележа Плут. “Каде не би имало апсолутно никакви прегради за преместување на нивниот капитал. То ест, парите, со кои овие елити и раководат денес со светот, и преку кои тие заработуваат, цицајќи ја крвта и потта од оние држави, кои ги поробиле“.

     

    Овие структури се – противници на Русија. “И сега, излегува, се (противници) и на Трамп, и на националните елити на Франција, Германија, и старата Европа, и на целиот свет. Во суштина, ние веќе одамна се наоѓаме во некоја необјавена војна“ . Тој забележа, дека финансиските лостови денес го хранат и режимот во Украина. Траншејите и оние пари, кои денес влегуваат, се ставаат на плеќите на луѓето, народот на Украина, кој во следните години, десет години, можно е, ќе ги исплатуваат овие траншеји, смета Плут.

     

    “Бидејќи Европската Унија се сметаше за глобалистички проект, и целата бирократија се формираше под овој проект, и тој беше насочен на поткопување на суверенитетот на националните држави, кои во него влегуваа, сега стапуваат во игра националните елити. И целата политичка агенда во скоро време ќе се пренесе на внатрешната политика. То ест, ќе се дави оваа светска финансиска мицелија веќе на национално ниво“ – претпоставува Коваленко. Не е исклучено, дека некаде во борбата за национални интереси ќе дојде до вооружени конфликти.

     

    Фрегзит?

     

    Вчера Москва ја посети Марион ле Пен, пратеник во Националното Собрание на Франција. Таа настапи во МГИМО (Московски Државен Институт за меѓународни односи) и подвлече, дека “во дадениот момент француската дипломатска традиција е предадена, дипломатскиот правец не се совпаѓа со волјата на народот“. “Француското население не ги заборавило франко-руските врски. И јас верувам, дека политичарите можат да ги менуваат работите. Основниот проблем на денешната европска и глобална политика се состои во тоа, дека таа е заснована и фокусирана на економијата, таа е зациклена на неа, и под ова и се создаваше Европската Унија. Системот на ЕУ не може да биде реформиран. Според европските спогодби, процесот на реформирање е крајно тежок, во суштина, невозможен. За да се спроведат реформи, неопходна е еднодушност на сите членови на Европската Унија“ – забележа таа.

     

    Во врска со ова многу експерти не го исклучуваат таканаречениот Фрегзит – излез на Франција од составот на Европската Унија. Според зборовите на Екатерина Гадал, половина од француското население во ова и верува. “Затоа што, за жал, најголемиот проблем во Франција е во тоа, што Франција е разделена ву-две. Затоа што ’левите’ многу долго примаа голем број на мигранти, и мигрантите – тие гласаат ’налево’. И за жал, постои половина од земјата (не само петата колона), која вели: јас не сум патриот, Франција – тоа не е задолжително белиот французин. Луѓето, кои ја загубиле својата идентичност, луѓето заборавиле на тоа, дека тие се французи, за своето богатство, и културно, и историско. И тоа е огромен проблем на Франција“ – рече таа.

     

    Гадал забележа, дека поради “левите“ во текот на многу години се преправа историјата – французите ги тераат да се срамат од својата историја, ја нарекуваат земјата колонизатор.

     

    Како што забележа Плут, овој процес на заборав се развивал постепено. “Како што слушнавме, не баш сите луѓе во Европа во истата ја осознале пагубноста на политиката, која се води во последните години... Се разбира, во прв ред, огромен пресврт во сознанието направија собитијата во последните години, масовната миграција“ – смета тој.

     

    “Безусловно тоа, за што говореа уште пред десет години ’десните’, дури за што се обидуваа да кажат, тие се задушуваа и исмеваа... А ете собитијата во последните години, кој го разнишаа целиот Исток, ја разнишаа цела Европа, направија коренит пресврт во самосознанието и на политичките елити, и на самите народи“ – додаде Плут. 

    Франция: От "эффекта Трампа" к Фрекзиту

    Подробнее: Франция: От "эффекта Трампа" к Фрекзиту http://tsargrad.tv/article/2016/11/21/francija-ot-jeffekta-trampa-k-frekzitu

    Views: 232 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024