Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:16 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » November » 23 » Референдум Ренци: как Италия готовится взорвать еврозону
    5:48 AM
    Референдум Ренци: как Италия готовится взорвать еврозону

    Сергеј Латишев

    РЕФЕРЕНДУМОТ НА РЕНЦИ: КАКО ИТАЛИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ДА ЈА ДИГНЕ ВО ВОЗДУХ ЕВРОЗОНАТА

     

    Или како штафетата на Brexit ја прима “болниот човек“ од еврозоната, за да ја предаде понатаму

     

    Назначениот во Италија на 4 декември сенароден референдум по реформа на конституцијата, со кој ја врза својата политичка судбина премиерот-министер на оваа земја Матео Ренци и неговата Демократска партија, се заканува да го продолжи делото, започнато, но очевидно незавршено, Brexit.

     

    А имено – да стане нов страшен удар по Европската Унија, пред се по еврозоната, по “болниот човек“ кој е Италија. Земјата, која произведува се на светот – коли, возови, бродови, авиони, алатни машини, облека, обувки, прехрамбрени производи, и го прави тоа добро, и уште е центар на глобалниот туризам, се чини, треба да се капе во пари и да цвета. Но место тоа таа се капе во долгови и назадува. Нејзиниот банкарски систем е на раб на крах, а невработеноста веќе се приближува на 13%, покрај тоа среде младината таа изнесува 44%.

     

    За жал, така е изграден современиот капитализам: луѓето работат, плаќаат даноци, но основните плодови на нивниот труд не им припаѓаат ним и дури на нивната држава, а истекуваат во џебовите на неретко безимените интернационални инвеститори. Кои со Италија немаат никаква врска, но мора да се натпреваруваат со истите како нив, за број на нули во компјутерите на швајцарските банки, големината на вилите и луксузните јахти...

     

    Негативниот фон

     

    Како резултат, од таквиот чудесен за некои живот во италијанските семејства, кои некогаш се славеа со својата многудетност, престануваат да се раѓаат деца, истовремено, улиците на италијанските градови ги окупираат огромен број на агресивни мигранти, главно од Африка, кои се стремат кон “подобар живот“, кој обично не го наоѓаат околу, и им се одмаздуваат на италијанците за крахот на своите илузии... Тие, исто така, се жртви на современото устројство на светот. Богаташите-глобалисти ја поттикнуваат африканската корупција, која им донесува вишок на добивка, потфрлувајќи им го на своите граѓани нус ефектот: милиони мигранти кои бегаат во Европа од failed States и се сместуваат на исто одмориште со простите италијанци, германци, французи и ги шокираат со своите диви нарави и обичаји. Бидејќи границите на европските земји се чуваат само од исток – од Русија, а од југ тие се отворени. Затоа Италија ја завојуваат, покрај тоа во таков момент, кога таа малку може да им даде веќе и на сопствените граѓани...

     

    Во оваа ситуација италијанскиот премиер, кој не се одликува со голем ум, и кој со врзани раце, како и сите политичари од Европската Унија, имитира загриженост за иднината на Италија, спроведува референдум за Конституцијата и федеративното устројство на земјата, кој, природно, веќе се претвори во вотум на недоверба на неговиот правец на владеење. Народот е многу незадоволен од својот живот, и затоа задолжително ќе го каже својот збор, и одвај така, како што тоа го сака сегашната власт.

     

    Ренци се стави на коцка

     

    Во суштина, на италијанците не им е многу до тоа, дали ќе имаат полноцен дводомен парламент како сега или, фактички, еднодомен, како што тоа го сака референдумот кој го иницира Ренци, објаснувајќи го со неопходноста за борба со “бирократијата“, дуплирањето на функциите помеѓу двата дома на парламентот и кој сака, исто така, во интересите на сегашните “управувачи“ да им го скрати овластувањето на месните органи на власта, кои потполно одговараат на карактерот на историски наклонетите кон децентрализација италијанци. Бидејќи реалисти, и во исто време луѓе емоционални, италијанците добро сфаќаат, дека финансиската економија од реформите на Ренци, кој сака самобитната Италија да ја доведе до средноевропскиот образец, ќе биде мизерна, додека пак, другите аспекти на реформите се – многу спорни, ако не и штетни.

     

    Вредноста на референдумот тие ја гледаат во друго: побрзо да се избават од ненадарената власт, од која не гледаат ништо добро, и лично – од Ренци, кој невнимателно изјави, дека пропаѓањето на референдумот ќе означува предвремени избори и негово заминување. Од пред некое време тој се обидува да се дистанцира од ова обврска, но обратен пат, се разбира, веќе нема. Доцна е.

     

    Опозицијата бара промени

     

    Најголемите опозициски партии на земјата, вклучувајќи ја “Лигата на Северот“ на Матео Салвини и движењето “Пет ѕвезди“ истапуваат категорично против реформите на сегашната власт, разработени и подржани лично од Ренци. И во ова ги подржуваат не само другите опозициски сили – “Напред, Италија“ на Силвио Берлускони, “Браќата на Италија“ на Џорџи Мелони, но дури и дел од членовите на владеачката Демпартија!

     

    Како што раскажа во интервјуто за Цариград лидерот на десно-конзервативната “Лига на Северот“ Матео Салвини, партијата се надева на тоа, дека референдумот на Ренци ќе пропадне и во земјата ќе се случат избори, на кои ќе победат евроскептиците.

     

    Италијанското опозициско “Движењето на 5-те ѕвезди“, кое по популарност ја престаса владеачката Демпартија, ќе бара брзо спроведување на предвремени парламентарни избори во случај, ако на референдумот пропадне владеачката реформа на конституцијата. За ова изјави вице-спикерот на долниот дом на парламентот Луиџи Ди Мајо, кој го предвидуваат за возможен кандидат за премиер од оваа партија, чиј лидер Бепе Грило не сака да стане професионален политичар, за да има слобода да критикува се, што не му се допаѓа.

     

    “Ако мнозинството на учесници на референдумот каже ’не’, мислам, дека нема да опстане власта на Ренци, и претседателот на републиката треба да се обрати кон политичките сили на земјата со прашањето, што да се прави понатаму. Ние настапуваме за спроведување на избори колку што е можно побрзо“ – изјави ди Мајо. Тој подвлече, дека во случај на пропаѓање на референдумот “нема никаква можност за сочувување на власта без предвремени избори“.

     

    Цела опозиција е за оставка на Ренци

     

    При тоа цела опозиција е за оставка на Ренци во случај, ако италијанците не ја подржат неговата иницијатива на референдумот, замислен, се чини, главно за да симулира дејност во име на грижа за доброто на Италија.

     

    Навистина, спроведувањето на предвремените избори е отежнато од тоа, што парламентот се уште не го одобрил новиот изборен закон, со оглед на тоа што тековниот е неуставен. Се разбира, тоа не е сериозна пречка. Треба да се одобри. Прашањето за тоа што ќе биде, ако Ренци го добие плебисцитот, може во принцип да не се разгледува. Според сите анкети, тој ќе го загуби, иако летото беше апсолутно уверен во својата победа.

     

    “Јас сум уверен, дека ќе победиме. Ова е референдум за иднината на земјата, и јас сум уверен, дека ако народот на Италија го разбере прашањето на гласачкото ливче, тогаш тој ќе гласа за промените“ – изјави сегашниот премиер, иако би требало подобро да ги знае своите сонародници, кои “структурните реформи“ во земјата, митската можност “да се олеснат политичките дискусии во Европа“ и “борбата“ за нејзината иднина, за што упорно изјавува Ренци, малку ги интересира.

     

    Сепак, оваа есен италијанскиот премиер веќе го смени тонот.

     

    “Сакам да им кажам на сите на кои не им се допаѓам, гласањето – тоа не е израз на симпатија или антипатија кон мојата личност, но акт во име на земјата. Оној, кој се приготвува да се искаже против само од антипатија, го молам добро да размисли. Одговорот ’не’ не треба да биде за инает на мене“ – рече премиерот во интервјуто за “Радио Монте-Карло“.

     

    Притоа Ренци вети, дека не ќе се “обидува да остане на бродот“ ако не успее. И сфатливо е зошто. Популарноста на водечките опозициски политичари, такви како Бепе Грило и неговата десна рака Луиџи Ди Мајо, Матео Салвини, а исто така, Силвио Берлускони, кој се врати во политичката арена, значително ја надминуваат неговата.

     

    Не е за чудење зошто, според резултатите од 42 анкети, спроведени од 15 разни социолошки друштва, премиерот ќе го загуби референдумот. Така, според податоците на весникот La Repubblica, за реформи планираат да гласаат 34% од испитаниците, против – 41%, 25% се уште не се определиле. Според La Stampa, 46% од испитаниците ги подржуваат реформите, 54% - се против.

     

    Кон што ќе доведе падот на Ренци?

     

    Пред се, кон нов навој на политичка нестабилност во Италија: емоции, предвремени избори, брзо доработување на новиот изборен закон. Но и со се ова Италија нема да биде изненадена. Крајно е опасно нешто друго: поврзувањето на политичката неопределеност со најострите финансиски, економски и специјални проблеми, кои стојат пред земјата, и не само тоа.

     

    Може да се случи лево-центристот Ренци, потполно лојален на Брисел, без разлика на периодичното шоу со намера за иницирање за укинување на антируските сакнции, да го замени коалицијата од “антиевропски“ политичари, меѓу другото претставници на десните и конзервативни сили, кои не само што решително истапуваат за укинување на антируските санкции, признавање на Крим за дел од Русија, но ќе го стават под прашалник понатамошното наоѓање на земјата во зоната на еврото и Европската Унија како таква и дури претскажуваат распад на НАТО.

     

    Така, главата на италијанската десноцентристичка партија “Лига на Северот“ Матео Салвини, кои се нарекува себе “путиновец“, изјави на неодманешната прес-конференција во Москва, дека неговата партија ќе се бори за признавање на Крим како дел од Русија и за укинување на антируските санкции. Тој не се сомнева, дека во случај на пропаѓање на референдумот во новата власт на Италија ќе има претставници од неговата партија.

     

    Салвини смета, дека Европската Унија “не може сама да му помогне никому, затоа што 90% таа е изворот на проблемите“. Политичарот жали, што Уставот во Италија забранува да се одржуваат референдуми по меѓународни прашања. Затоа, според неговите зборови, Italexit ќе биде своеобразен: не по пат на излез на Италија од ЕУ како земја, а по пат на откажување од еврото и преразгледување на сите спорни договори на сојузот – Лисабонскиот, Шенгенскиот, Маастрихтскиот.

     

    “130 милијарди евра не чини учеството во Европската Унија, клубот, кој наместо да ни помага, само ни фрла прашина во очите“ – подвлече тој.

     

    Italexit може да предизвика крах во цела еврозона

     

    Со ова крајно се зафатени деновиве водечките западни финансиски изданија, такви како The Financial Times и The Wall Street Journal, кои посветија свои статии на претстоечкиот италијански референдум. Се чини, на овие добро информирани за финансиско-политичкиот дел весници нешто им е познато, и тие отворено се подготвуваат за претстоечките силни собитија умеејќи да читаат меѓу редови.

     

    Њујоршкиот весник предупредува, дека инвеститорите “се подготвуваат за бунт“, да ја претскажат треската на берзите и “понатамошното ослабување на еврото“, што е полно со непредвидливи последици во светлината на доаѓањето на власт во Италија на евроскептиците, а лондонската – предвидува во случај на пропаѓање на референдумот “последователност на собитија, кои можат да го постават под сомнеж членството на Италија во зоната на еврото“.

     

    Навистина, загазениот во долгови финансиски систем на Италија потполно може да доведе до крах во целата еврозона – тоа не е малечката Грција, и на Германија која во овој случај не ќе и успее да се спаси.

     

    Според неодамнешното испитување на ММФ, италијанските банки се судираат со ниска рентабилност и се оптоварени со неповратни кредити. Според состојбата за 2015 година, нивната заедничка задолженост е повеќе од 360 милијарди евра. Тоа е примерно 25% од БДП на земјата. Особено тешка е ситуацијата во една од најстарите банки во светот, која постои од 1472 година Monte dei Paschi di Siena, која има тесни врски со владеачката во Италија Демократска партија. Во свое време Brexit испровоцира паѓање на акциите на водечките италијански банки: Intensa Sanpaolo, Banka MPS, Mediobana и UniCredit загубија третина од својата пазарна вредност. А што ќе биде во случај на Italexit?

     

    Се добива впечаток, дека меѓународните финансиски шпекуланти не ќе ја испуштат шансата да заработат на крахот на италијанските, а потоа и на европските финансии, затоа што банките во Европа се на издишување не само во Италија, но и во Шпанија и дури во Германија – како што тие заработуваа во свое време на грчката финансиска криза. Разликата е само во тоа, што сега може да се заработи многу повеќе.

     

    И за крај?

     

    А сега да сумираме. Brexit. Изолационистичката САД на Доналд Трамп. Претстојните избори во 2017 во водечките европски земји – ФРГ и Франција, на кои евроскептиците загарантирано ќе се здобијат со нови успеси. Претстојниот 4 декември е вториот круг на претседателски избори во Австрија, каде според прогнозите, ќе победи кандидатот на антибриселската Австриска партија на слободата Норберт Хофер. Слабата власт на малцинството во Шпанија. Каталонскиот и шкотскиот сепаратизам. Бунтот против Брисел и “германизацијата на Европа“ на цел ред на земји-членки на ЕУ, пред се, на Унгарија и на Полска. Се тоа – заедно со миграционата криза и перспективата способна неверојатно да го засили прекинот со Турција, која го одбира евроазискиот пат – создава толку нестабилна ситуација во Европа, што секое собитие како италијанскиот референдум е способно да иницира верижна реакција со најнепредвидливи последици.      

    Референдум Ренци: как Италия готовится взорвать еврозону

    Подробнее: Референдум Ренци: как Италия готовится взорвать еврозону http://tsargrad.tv/article/2016/11/22/referendum-renci-kak-italija-gotovitsja-vzorvat-evrozonu

    Views: 235 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024