Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:23 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » November » 26 » Фидель: История его оправдала...
    9:08 PM
    Фидель: История его оправдала...

    ФИДЕЛ: ИСТОРИЈАТА ГО ОПРАВДА...

     

    Во Хавана на 91 година го заврши животот Фидел Кастро

     

    Вечерта на 21 ноември 2016 година на 91 година од животот престана да чука срцето на лидерот на Кубанската револуција, големиот пријател на Советскиот Сојуз и постсоветска Русија Фидел Кастро.

     

    Влегувањето во историјата на младиот, тогаш уште никому непознат хавански адвокат Фидел Кастро започнало во 1952 година, кога тој со група соборци го предизвикал американскиот империјализам и колонијализам во лицето на диктаторот Фулхенсио Батиста кој ја зазел власта на Куба. Подоцна следувал несреќниот јуриш на касарната Монкада, апсењето, судењето, на кое Кастро ги произнесол своите знаменити зборови “Историјата ме оправдува!“, затворот, емиграцијата, две години партизанска војна и триумфалното влегување во Хавана во јануари 1959 година на чело на револуционерната востаничка армија. Од овој момент Фидел станува постојан лидер на кубанскиот народ и символ на спротиставувањето на хегемонијата на американските глобалисти, кои и ставиле економска блокада на Куба и за животот на Кастро направиле повеќе од 600 обиди за атентат.


    Без разлика на злобните сплетки на САД командантот Кастро во земјата спровел социјалистички изменувања и установил тесни пријателски односи со Советскиот Сојуз. Во 1962 година на Островот на слободата се појавила советска воена групација. Разместувањето на Куба на советските нуклеарни ракети довело до Карибската криза, која станала најнапрегната точка на ладната војна. Воената и економската соработа помеѓу Хавана и Москва продолжила и по распадот на Советскиот Сојуз. Во денешно време повторно се подига прашањето за возобновување на работата на рускиот центар за радиолокационо разузнавање во Лурдеса, кој бил затворен во 2002 година по иницијатива на РФ. Дадениот воен објект дозволува да се контролира цело информациско пространство на САД.

     

    Крахот на светскиот социјалистички систем во лицето на СССР и земјите од Источниот блок не довело до промена на геополитичкиот вектор на Фидел Кастро. Тој до крај останал верен на своите идеолошки принципи. Поради состојбата на здравјето во 2006 година формално предавајќи ги сите државни овластувања на братот Раул, Фидел продолжил да биде не само главен идеолог, но и символ на слободна, суверена и пријателска на Русија Куба. Така, Кастро активно ги подржал дејствата на нашата земја по прашањата на восоединување со Крим и антитерористичката операција во Сирија.

     

    Треба да се забележи, дека Фидел Кастро, без разлика на комунистичките убедувања, баш и не станал атеист. Роден во католичко семејство, тој и укажал голема помош на православната општина во Куба во градењето на православниот храм во чест на Казанската икона на Божјата Мајка, кој бил осветен во Хавана во 2008 година од тогашниот митрополит Смоленски и Калининградски, а сега – Патријарх Московски и на цела Русија Кирил. Во февруари 2016 година за време на посетата на Свјатејшиот Патријарх на Куба се одржа неговата средба со лидерот на Кубанската револуција.

     

    Редакцијата на телевизискиот канал Цариград изразува искрено сочувство на кубанскиот народ во врска со смртта на Фидел Кастро. Без разлика на толку тешката загуба, жителите на Куба треба уште поцврсто да се сплотат во име на својот суверенитет и успешното развивање под знакот на оние идеи, кои станале смисла на животот на покојниот. Кастро имаше право: историјата го оправда! Тој замина непобеден!

    Фидель: История его оправдала...

    Подробнее: Фидель: История его оправдала... http://tsargrad.tv/article/2016/11/26/fidel-istorija-ego-opravdala

    Views: 280 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024