Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:40 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  December 2016  »
SuMoTuWeThFrSa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2016 » December » 9 » ДЕНЕС Е СВ ЃОРЃИЈА ЗАШТИТНИКОТ НА ВЕРАТА – СВЕТЕЦОТ ШТО ЈА УБИ ЛАМЈАТА
    4:11 PM
    ДЕНЕС Е СВ ЃОРЃИЈА ЗАШТИТНИКОТ НА ВЕРАТА – СВЕТЕЦОТ ШТО ЈА УБИ ЛАМЈАТА

    ДЕНЕС Е СВ ЃОРЃИЈА ЗАШТИТНИКОТ НА ВЕРАТА – СВЕТЕЦОТ ШТО ЈА УБИ ЛАМЈАТА

    Верниците со православна вероисповед денес го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. „Како ослободител на плениците и заштитник на сиромашните, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души“. Овие стихови  пред векови му беа посветени на празникот кој се одбележува денес за Свети великомаченик Георгиј Победоносец.

    Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година),во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.

    Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашни, а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: “Слуга сум на Христос, мојот Бог… До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христос е единствениот Бог!”.

    Царот наредил Св. Георгиј да биде фрлен во затвор и бил изложен на најтешки мачења. Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа надчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се. На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. Приказот на свети Ѓорѓија како ја убива ламјата е заснован на попууларна легенда во христијанската митологија. според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.

     494. тој е прогласен за светец, од страна на Гелазиј I (492—496).

    Во Македонија постојат многу цркви посветени на Св.Ѓорѓија, од кој најстара е онаа во преспанскиот регион, близу до живописното село Курбиново, во пазувите на планината Пелистер.  Според времето на живописување, забележано на натписот на северната страна со грчка сигнатура, се претпоставува дека црквата била подигната во годината 1191. Она што импресионира и восхитува во оваа црква е нејзиниот живопис, што заедно со оној од црквата Свети Пантелејмон крај Скопје, претставува едно врвно и оригинално остварување од периодот на Комненската уметност во Македонија.

    извор: “wikipedia, mkd-news“

    Views: 359 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024