ПОЛНЕЊЕ НА КУТИИ: По 18 часот на денот на изборите, кутии биле полнети со Албански гласови за СДСМ?
На предвремените парламентарни избори во Македонија за СДСМ гласале преку 70.000 Албанци, Роми, Торбеши и Турци, покажуваат обработените податоци на ДИК. Ова пак, од друга страна би значело дека за опозицијата гласале нешто повеќе од 360.000 македонски граѓани, или 90.000 помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, според последните сознанија, огромниот број албански гласови кои завршиле на контото на СДСМ, што во мандати би можел да се престави со некаде околу 7-8 пратеници, се резултат на прекршување на изборниот процес, односно по 18 часот се вршело дополнување на кутиите со албански ливчиња.
Ваквиот развој на настаните сериозно ја оштети ДУИ, која остана покуса за исто толку пратеници, со што не го достигна бројот на пратеници од последните избори во 2014 година.
Резултатите од пребројувањето на гласовите во ДИК покажува дека победник на изборите е ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата со освоени 16.240 гласови повеќе од коалицијата на СДСМ, но во исто време интересно е да се забележи и дека Државната изборна комисија регистрирала 37.812 неважечки ливчиња, од кои на 90 отсто е заокружен редниот број 1 на ВМРО-ДПМНЕ.
Како овие ливчиња завршиле како неважечки не е познато, но сигурно е дека разликата во конечната бројка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе била далеку поголема доколку овие гласови биле регистрирани како регуларни.
За потсетување, од 99,70% обработени гласови во ДИК, ВМРО-ДПМНЕ со Коалцијата освои 452.709 гласови или 38,06 отсто, а за СДСМ гласале 436.469 гласачи, или 36,69 отсто. Разликата од 16240 гласови секако би била поголема да не се штелувани резултатите со албански и неважечки гласови во полза на СДСМ, со што се одлеани 15-20 илјади гласови.
На овие 16240 треба да се додадат и гласовите од дијаспората, околу 4000, така што само со тоа разликата е поголема од 20.000 гласови.
Си оглед на силната поддршка од Албанците за СДСМ кои во текот на вчерашниот ден дури доаѓаа организирано со автобуси и автомобили и од Косово, не е тешко да се заклучи дека наскоро Заев ќе треба да им испорача резултат од опасниот договор, за да ги задоволи нивните очекувања.
Во текот на кампањата Заев отворено зборуваше за воведување целосна двојазичност во Македонија, за промена на уставот, за редефинирање на земјата, а претставници од албанската дијаспора пак, потврдија дека со него разговарале за федерализација и кантонизација на Македонија. Заев од Берн исто така го слушавме како ветува нов рамковен договор, повеќе права за Албанците и во исто време како лицитира со националните интереси во замена за гласови.
Извор: “Инфомакс“
|