(Фото+Видео)ЦИВИЛИТЕ ВО АЛЕПО ГИ ПРЕЧЕКУВААТ ВОЈНИЦИТЕ КАКО ХЕРОИ: Гнасна пропаганда на западните медиуми!
Во неделата Сириската армија ја превзема речиси целосната контрола врз Алепо, завршувајќи со четиригодишната опсада врз градот. Во интервју за Спутник претставник на Сириското министерство, Фади Исмаил изјавил дека цивилите со радост ги пречекуваат војниците како херои
По однос на некои медиумски изветувања дека Сириската армија влгувала во куќите на цивилите, претставникот рекол дека таквите пораки се шират од Американски и Британски медиуми и истите се неосновани.
„Ако такви инциденти се случиле, ние ќе знаевме за тоа. Ќе имаше докази, фотографии, видео или нешто друго“, рекол претставникот. „Во реалноста, се што се случува е спротивно на овие извештаи. Кога Сириските војници ќе влезат во некои подрачја, цивилите ги пречекуваат како херои“.
Сириските авторитети сега активно им помагаат на луѓето во потреба и на оние кои ги загубиле нивните домови во Алепо.
https://youtu.be/COuHWw734EU
„Владата обезбеди за луѓето привремен бегалски кампови, а потоа луѓето ќе бидат префрлени во вистински домови. Секој може да аплицира за ваква помош и да добие тоа што бара: храна, вода, лекови, покуќнина, имаме се. Луѓето немаат големи потреби. И се е финансирано до Сириската влада“, рекол Исмаил.
Зборувајќи за ситуацијата во Алепо, претставникот на министерството рекол дека милитантите се заробени во 3-4 кватратни километри што е 2% од територијата на градот, кој претходно го контролирале.
„Не знаеме за сигурно колку борци има таму но според нашите пресметки, нема повеќе од 1.500. Ако ги броиме и нивните семејства, тогаш се работи за околу 6.000 луѓе. Тие држат во заложништво околу 30-40.000 луѓе. Не повеќе, затоа што територијата не е голема“ рекол Исмаил за Спутник.
Извор: “Инфомакс“
|