Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  January 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » January » 3 » ЕДИ РАМА И ИВИЦА ДАЧИЌ: КООРДИНИРАНИ АНТИМАКЕДОНСКИ МАРИОНЕТИ
    4:29 PM
    ЕДИ РАМА И ИВИЦА ДАЧИЌ: КООРДИНИРАНИ АНТИМАКЕДОНСКИ МАРИОНЕТИ

    ЕДИ РАМА И ИВИЦА ДАЧИЌ: КООРДИНИРАНИ АНТИМАКЕДОНСКИ МАРИОНЕТИ

    И тоа го дочекавме: од врвовите на албанската и српската политика, со братски координиран напор, потпомогнат од ЦИА, албанскиот премиер и српскиот министер за надворешни беа натерани да преземат антимакедонски дејства во период пред клучната разврска на македонскиот, а со тоа и на балканскиот геополитички јазол.

    Додека Рама, под превез на сеалбанска балканска координација ги собра на двапати водачите на албанските партии во Македонија со една цел – да се оневозможи ефектуирањето на изборната волја на македонските граѓани во нова стабилна влада – изјавата на мутираниот Дачиќ дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното име е исклучително подмолна, со кумулативна проекција/желба да ги подрие добрите македонско-српски односи тогаш кога тие и на Македонија и на Србија и се најпотребни, т.е. пред евентуална пролетна криза.

    Скоро може да се очекува дополнителен притисок и од Бугарија, во вид на агресивна, глупа шовинистичка провокација за некакви бугарски интереси во Македонија. За Грција да не зборуваме.

    На тој начин, покрај внатремакедонскиот петоколонашки удар, западните стопани на продадените балкански измеќари, т.н. политичари-државници, ги вадат последните тешки адути во нивниот обид по секоја цена да се спречи стабилизација на нашата држава, а со тоа и се поприсутните персепективи за иден балкански стратегиски сојуз, кој регионот ќе го направи силен и отпорен на закани, уцени и кобни инфилтрации. Клучен за европски мир.

    Во кризни ситуации се излегува на виделина, па така ќе имаме можност да видиме уште „изненадувања“ од типот на координираноста на Рама и Дачиќ, чии тактички прпелкања имаат стратегиска антимакедонска цел. Интересно е што руската политика кон „братскиот српски народ“ се уште нема целосно прочитано за кого игра не толку будалестиот Дачиќ.

    Две работи стојат: збиранката на Гегите и Тоските во Тирана е последниот блеф на големоалбанскиот проект пред тектонските промени во светот кои ќе се случат со инаугурацијата на Трамп. Во тие промени за тој проект стои реска одредница: Идентификуван е проблем. Итно да се реши! Така што, глупата и сељачка демонстрација на сила на албанската актуелна политика, а под координација на ЦИА, е само уште една бламажа во име на народот што беше употребен да го разнебити Балканот. Тоа балканско нарко-балистичко картел-квазиимерииче на крајот најмногу штета ќе му донесе на албанскиот народ, бидејќи и тој, како и Македонците и Србите, е жртва на западните глобалистички психопати, само што Албанците малку отпосле ќе се свестат за тоа, па следствено и повеќе ќе ги боли.

    Што се однесува за Дачиќ, тој ниту ја претставува целата српската политика (уште помалку српскиот народ), ниту пак има сила да влијае на влошување на односите со Македонија со својата смрдлива проголемоалбанска провокација. Српскиот народ врие од антизападно расположение, длабоко сочувствува и ја подржува македонската борба, така што мутавите обиди за раскарување од страна на еден дерогиран и дегенериран, досега прикриен западен агент од влијание каков што е Дачиќ само дополнително антизападно ќе ги иритира Србите и накнадно ќе го мотивира зацврстување на македонско-српските односи. Следствено, би можеле да му заблагодариме, бидејќи овие кукавички ќор-фишеци можат да уплашат само некое улично куче или маче; за нас се само новогодишни петарди од ретарди на кои одамна навикнавме и со кои можеме да се справиме.

    Така што, не наседнувајте на евтини провокации. А Иванов да го покани Николиќ на валандовска ракија.

    Извор: “ЗАД ПОЛИТИКАТА“

    Views: 209 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024