Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
ДЕН ДВАНАЕСЕТТИ
10 март 2017 година
Македонци, тука сме повторно да го поздравиме претседателот Ѓорѓи Иванов и да му порачаме, да побараме од него да не подлегнува на притисоците, да не подлегнува на манипулациите, на обидите овој народ да се потцени, да се навреди интелегенцијата на граѓаните на Република Македонија. Нема да може мандат на некој кој не се откажал од Платформата направена во Тирана. Ѓорѓи Иванов мора да продолжи да ги брани државните и националните интереси, во што се заколна на денот кога стана наш претседател. Голем аплауз за Ѓорѓи Иванов! Со тебе сме претседателе, со тебе се граѓаните на Република Македонија!
Богдан Илиевски – колумнист, пред канцеларијата на Претседателот на Република Македонија
|