Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:10 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » July » 5 » Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    6:52 PM
    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ДВАНАЕСЕТТИ
    10 март 2017 година

    Добро вечер! Почитувани присутни, граѓани и граѓанки на Република Македонија, Македонци, Власи, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци и сите од други заедници. Дозволете ми во мое лично име, и во името на невладиниот сектор на Влашката заедница во Република Македонија, да ве поздравам и да ви ги пренесам пораките на Власите во Репбулика Македонија. Прво, зачувување на унитарноста на Република Македонија. Второ, почитување на химната и Уставот на Република Македонија. Трето, зачувување на територијалниот суверенитет и интегритет. Четврто, отфрлање на сите платформи, кои не носат кон дестабилизација на земјата. И петто, давање силна подршка за Заедничка Македонија. Ние, Власите, уште за формирањето на Крушевската Република, 1903-та година, до ден денес, дадовме, даваме и ќе даваме силни напори во градење на Македонија. И секогаш сме биле дел и мост на поврзување на народите во Македонија и пошироко на Балканот. И од овој импозантен протест, ние, Власите, даваме силна подршка за Заедничка Македонија. Да кажеме ’не’ за бинационална држава! Да кажеме ’да’ за мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална Македонија! Македонија на сите граѓани, без разлика на националната и религиозната припадност. Почитувани присутни, сите заедно, можеме повеќе за градење на една, унитарна, силна економско развиена, мултиетничка, прогресивна и европска Македонија. Со надеж, дека овие наши пораки ќе станат реалност за Заедничка Македонија. Ви благодарам на вниманието. Да сте живи и здрави!

    Христос Папули - преставник од невладиниот сектор кај Власите во Репбулика Македонија, пред Собранието на Република Македонија

    Views: 223 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024