Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-03, 7:59 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » July » 5 » Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    6:53 PM
    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ДВАНАЕСЕТТИ
    10 март 2017 година

    Добро вечер, Македонијо! Да сте ми здрави сите нации и националности кои што живеат во неа. Братски да живеат и братски понатаму да терат. Мислам дека тоа што сега ни се случува на нас не е добра работа. Не е добро на некој да му наметниш нешто туѓо, на некој комшија, или било кој да е друг. Меѓусебното почитување едни со други мислам треба да продолжи и понатаму како досега и отсега. Мислам дека во дадениот случај Македонија која што е етничка држава, која што е на Македонците и сите националности што живеат во неа. Сметам дека на ниедна националност која што живее во неа досега не им е забрането да зборуваат на својот мајчин јазик и да се школуваат на својот мајчин јазик. Мислам дека колку има право Македонецот толку имаат право и останатите националности. Без подгревање на меѓуетнички судири кои што не ни се потребни. Потребно ни е единство кое што треба да го одржиме и да го одржиме на тој начин каков што сега моментално се наоѓаме. Наметнување на туѓа волја мислам дека не е во ред. Сите овие работи кои што досега и сега се случуваат мислам дека не се во ред. Македонија е на Македонците и сите националности кои што живеат во неа. Сметам дека наметнувањето на сопствената волја на комшијата, да му наметнуваш сопствени проблеми не се во ред. Сопствените проблеми кои што ни ги наметнуваат нас комшиите и дел од комшиите кои што живеат кај нас, некои се и покасно дојдени, добиени државјанства, кои што покасно се добиени, но ние ги прифанавме, какви се такви се. Ете живееме со нив, а сега веќе они тоа го злоупотребуваат и ни наметнуваат сопствена волја. Наметнувањето на сопствените проблеми, да ги правиш на некој да му ги наметнеш и да он мора да ги прифане твоите проблеми, мислам дека не е во ред. Сметам, исцело, како македонски народ, треба добро да се сплотиме, да застанеме сите цврсто и единствено. Моментално можам да речам дека тука е единствено Скопје, но треба сите градови, села, претежно земјоделците кои што ја прогласија оваа влада која што замина претходно, за земјоделска влада, но мислам дека доста стори за земјоделците. И истите треба да ја подржат максимално. Не чекајте некој на нас да ни го реши проблемот. Проблемот ние мора да го решиме самите. Без наметнување на туѓи интереси од страна. Оставам на вас и ги повикувам сите граѓани на Македонија подеднакво да застанат и сите заедно да застанеме и да го браниме територијалниот суверенитет и интегритет на Македонија.

    Љупчо Аризагов – преставник на земјоделците, пред Собранието на Република Македонија

    Views: 219 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024