Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 1:26 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  July 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2017 » July » 5 » Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    6:55 PM
    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

    Илинден #4 –Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија
    ДЕН ДВАНАЕСЕТТИ
    10 март 2017 година

    Денес не сме само во Скопје, сме уште во 25 градови во Македонија. Поздрав за сите граѓани, кои ја подржуваат Заедничка Македонија! Ќе повториме: изразуваме огромно разочарување од лидерот на СДСМ Зоран Заев за неотфрлањето на Тиранската платформа чија цел е редефинирање на граѓанска Македонија. Неприфатливо е што лидерот на опозициската партија и понатаму ја промовира платформата на Рама со која се бара воведување на двојазичност на територијата на Македонија и се разговара за промена на знаме, химна, грб, воведување на двојазични пари, декларација за осуда на геноцид на партизаните, кои ја изградија Асномска Македонија. Прашањата кои се со државно и национално обележје не смеат да бидат предмет на пазарење, манипулирање, ниту на различни толкувања. За сите овие прашања потребно е да одлучуваат граѓаните. Нема да подлегнеме на ниту една манипулација или обид на мала врата да се протнат работите, кои албанските партии ги договорија во Тирана, а Зоран Заев ги прифати. Нема да помине ниту еден обид за измама на македонските граѓани. Треба да градиме мултиетничка, а не бинационална држава. Бараме јасно и недвосмислено, целосно отфрлање на платформата направена во Тирана. Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија продолжува со народните протести. Се до целосно исполнување на нашите барања. Никој не смее да го потценува и да го манипулира македонскиот народ. Да живее Република Македонија!

    Богдан Илиевски – колумнист, пред Собранието на Република Македонија

    Views: 269 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025