Премиера на „Човекот делфин“ на Жак Мајол
Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ премиерно ќе ја прикаже инспиративната документарна приказна за легендарниот Жак Мајол, првиот човек што ја достигнал длабочината од 100 метри во слободно нуркање. Благодарение на својата посветеност и дисциплина, човекот делфин, како што го нарекуваат Мајол, успева да ги помести границите на човечкото тело и ум, а станува главна инспирација и за играниот филм „Големото синило“ на Лик Бесон.
„А сега замисли си дека си делфин и дека живееш слободно според своите потреби. Во секој од нас спие по еден делфин“, вели човекот штиоги помести границите на човечкото тело и ум, но не заради рекордите, ами заради слободата што се раѓа во длабокото, каде што синото повеќе не е сино, каде што небото и чувствата стануваат сеќавања, каде што тишината е потполна, а времето не постои.
Документарниот филм „Човекот делфин“ е воодушевувачката приказна за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв ќе ја достигне длабочината од 100 метри со слободно нуркање. Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот делфин, кој е главната инспирација и за „Големото синило“ на Лик Бесон.
Извор: “makfax“
|