Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:00 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  April 2018  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2018 » April » 10 » ПОБЛИСКУ ДО ФАКТИЧКА ВОЈНА ОД БИЛО КОГА ДОСЕГА: САД испрати воена поморска група на нишан Руската база во Сирија – Москва предупредува на мо
    9:30 PM
    ПОБЛИСКУ ДО ФАКТИЧКА ВОЈНА ОД БИЛО КОГА ДОСЕГА: САД испрати воена поморска група на нишан Руската база во Сирија – Москва предупредува на мо

    ПОБЛИСКУ ДО ФАКТИЧКА ВОЈНА ОД БИЛО КОГА ДОСЕГА: САД испрати воена поморска група на нишан Руската база во Сирија – Москва предупредува на моментален одговор во случај на судир!

    Американскиот разорувач „Доналд Кук“ опремен со 50 крстосувачки ракети „томахавк“ се приближил на само 100 километри од базата Тартус во Сирија, но како што вели рускиот воен аналитичар Виктор Баранец, руските вооружени сили имаат со што да одговорат на евентуален американски напад

    Како што прецизира овој експерт во коментар за весникот „Комсомољска правда“, во Средоземното море се наоѓа група на борбени бродови од Русија, вклучително и дизел-подморница вооружена со ракетите „калибар“. Во базата Хмејмим, потсетува Баранец, Русија има ловци и бомбардери вклучувајќи и неколку најнови Су-57.

    На располагање на Русија се и „бастиони“, крајбрежни ракетни комплекси со високопрецизни противбродски ракети „јахонт“ и „оникс“. „Бастионите“ се наменети за гаѓање на бродови во радиус од 350 километри, а ракетата може да носи и боева глава од неколку стотина килограми на минимална висиина.

    Руската единициа во Сирија има и „панцир-С1“, самооден ракетен комплекс за заштита од сите средства на воздушен напад од блиско растојание. „Бастионите“ и „Панцирите“ беа успешно испробани во Сирија во вистинска борба и се покажаа како високоефикасни.

    Секак, руската база во Сирија е покриена и со во моментот најдбриот во светот ПВО комплекс С-400.

    Американскиот разорувач „Доналд Кук“ е истиот оној кој во 2014. година избега од Црното море откако неколку СУ-24 авиони изведоа офанзивен маневар врз него и му ги заслепија локаторите.

    „Портер“ веќе е на истокот на Средоземното море, а се очекува да се приклучи на „Кук“ за неколку дена. Баранаец потсетува дека „Портер“ пред точно една година беше ангажиран во вршење на удари на воздухопловната база „Шеират“ во Сирија кога лансираа 59 „томахавки“ под истото оправдување – дека тоа е одговор на недокажан „хемиски напад“ изведен од Асад.

    Според аналитичарите, овој пат ако американските разурнувачи лансираат ракети на воени објекти во Сирија, а таму се наоѓаат и руски воени советници, одговорот на Москва ќе биде моментален: да се потсетиме само на предупредувањето на началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов дека руската групација во Сирија ќе ги уништи не само ракетите кои го гаѓаат Дамаск, туку и бродовите и авионите кои ги лансираат.

    „Тоа веќе е непосреден судир помеѓу САД и Русија, односно фактичка војна. Понатамшниот развој на таа приказна е невозможно да се предвиди бидејќи се работи за две нуклеарни држави“, предупредува Баранец.

    Извор: “Инфомакс.мк“

    Views: 205 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024