Делегацијата на Единствена Македонија на средба со лидерите на Евроазиското движењe
Сабота, 14 . 04 . 2018
Делегацијата на Единствена Македонија продолжува со средбите и разговорите во рамките на посетата на Москва.
Денес, сабота, 14 април, беше остварена средба со лидерите на Евроазиското движење и клучните руски стратези, Александар Дугин и Леонид Савин.
На средбата беше разговарано околу агресијата на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија, спротивно на меѓународното право, и рефлексијата на оваа злосторничка акција на Балканот вклучително и врз Македонија.
Притоа беа договорени активностите за одбрана на Република Македонија во контекст на претстојните геополитички поместувања на Балканот и Македонија, заради што, ќе следи очајнички воен обид од страна на САД.
Во текот на утрешниот ден продолжуваат средбите и разговорите во владеачката руска партија Единствена Русија.
Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија
Скопје, 14 април 2018
Извор: “ndm.org.mk“
|