Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:53 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    Празнина КОЈА сјае: Македонија

    ПРОТОЕРЕЈ СТЕФАН ЉАШЕВСКИ. ОД КНИГАТА "БИБЛИЈАТА И НАУКАТА ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА СВЕТОТ".

    June 3, 2012 at 11:48pm
     

    Новото човештво. Ноевите синови - Сим, Хам и Јафет.

     

    Во праведниот Ној човештвото се обновило; од него потекнуваат три гранки, и на секоја од нив големиот патријарх Ное им ги укажал нивните историски патишта.

    На Сим, како на најстар син, му дал царско свештенство: да ја благословува и славослови величината Божја и во своите потомци да го сочува Божјото ветување на паднатиот Адам. Тој прорекол дека од него ќе излезе Искупителот на прародителскиот грев и преку надежта за Неговото доаѓање ќе живее потоа целото старозаветно човештво. Уште повеќе, на родот на Сим му било предодредено да биде одбран народ од кој низ Пречистата Дева Марија и дошол на земјата Искупителот на светот - воплотениот Бог Логос.

    Од неговиот свештен род потекнале светите апостоли, Јован Крстител и големите пророци. Но на родот на Сим му била дадена и земна, чисто човечка слава како слика на царското свештенство по чинот на Мелхиседек: неговиот род постанал царски народ најпрво на Уријското, а потоа на Вавилонското царство. "Јас сум цар на земјата" - се нарекувале себе вавилонските цареви – "и владетел на четирите страни на светот: Исток и Запад, Север и Југ", што во потполност одговарало на стварноста: сите царства и сите народи, на овој или на оној начин, биле потчинети на вавилонските цареви. Нивната царска величина не ја надминал ниеден подоцнежен цар на светот, дури ни римските императори. Но за тоа подоцна поподробно ќе говориме.

    "Нека го благослови Господ Јафет" - рекол Ное, благословувајќи го. Сим, како најстар син, требало да остане во домот на својот татко, а Јафет на Господа му давал голем удел - да се расели по земјата и да владее со неа.

    Одејќи на север од својата прататковина Месопотамија, тие се поделиле на две групи: едната тргнала на запад и го создала големото семејство на европски народи, а втората отишла на североисток и ја создала славната Аријска држава. По пропаста на Аријското царство кое се случило поради геолошка катастрофа во Средна Азија, неговите жители се преселиле главно во Индија, каде ги создале прочуените Веди - повест за својата високо развиена култура, за Арија и нејзината пропаст. Тие во Индија ја образувале белата владеачка раса меѓу темноплотните (луѓе со темна боја на кожата) домородци.

    Помал дел од Аријците се преселил на Иранската висорамнина и познат е под името Мидјани кои подоцна ја создале големата Персиска империја; уште една мала група пошла кон езерото Ван и Арарат, каде го создала најстарото Ерменско царство. Првата престолнина на ова царство се викала Нахичеван и се наоѓала блиску до Арарат и гробот на жената на Ное. Нахичеван на ерменски значи Ноева населба.

    На потомците на Јафет Господ им дал големо наследство по Сим - да бидат сад на Светата Црква Христова, зашто сите христијански народи на Европа се деца на Јафет. Соборите на ранохристијанските маченици, светители, преподобни, рамноапостолни просветители на народите, подвижници и исповедници и сите свети - сите тие се наследство на Јафет, негови деца по крв.

    "И нека се насели Јафет во шаторите Симови" - рекол Ное, наговестувајќи дека Јафет ќе биде наследник на Сим. Јафетитите ќе бидат наследници на семитите. Старозаветната семитска Црква продолжила да постои во јафетитската Христова Црква. Истото се случило и во државен поглед - власта преминала на јафетската Грчко-Римска империја.  

     

    Јафетовите потомци на запад. Неолитскиот период во Европа.

    Поделувајќи се на две основни гранки, јафетитите се разишле на исток и запад. "Нека го рашири Господ Бог Јафет" - рекол Ное, и дел од неговите потомци тргнал да ја насели Европа за оттаму да се рашири по целата земја и да завладеа со неа.

    На почетокот на неолитскиот период по пустата Европа се движело генијалното племе на Јафет. Уште било живо сеќавањето на Потопот. Доаѓајќи до територијата на современа Швајцарија, јафетитите се запреле и ги изградиле на вода првите населби. Какви чудесни градови се подигнати на сојениците на Женевското езеро. До нив воделе понтонски подвижни мостови кои биле подигнувани преку ноќ: стоката требало да се става на сојеничниот простор да преноќи и да се подигне мост, зашто тогаш во Европа повторно се појавиле грабливите ѕверки од Африка.

    Швајцарија е татковински дом на сите Европјани. Оттаму се рашириле јафетитите и го создале патот на големите племиња од кои подоцна потекнале европските романско-германско-словенски народи. Нивната шеста голема гранка - грчката - одвојувајќи се патем од главниот тек, ја населила Елада и нејзините острови.

    Неолитскиот век е златен век на човештвото за кој се сочувале народни легенди и преданија.

    Душевната страна на животот на Европјаните била поетична и прекрасна: нивните музички инструменти, жичани и дувачки, биле разновидни и претставувале доказ за високата музичка култура и љубов кон музиката. Затоа што биле сточари, релативно лесно си набавувале храна.

    Малку подоцна, кога луѓето се намножиле и се разишле по разните европски земји, под влијание на околината почнале да се формираат националните црти на поедини групи. За тоа поподробно ќе говориме во третиот дел од книгата - бронзеното и железно доба во Европа.

     

     

     

     

    ПАВЕЛ ФЛОРЕНСКИ од книгата "СТОЛБ И ТВРДИНА НА ВИСТИНАТА"

    June 4, 2012 at 7:58pm
     

    Се кружи, се се слизнува во мртовечка бездна. Само Еден останува, само во Него е неменливоста, животот и спокојот. "Кон него се стремат сите тековни настани; како периферија кон центарот, кон Него се собираат сите радиуси на временските кругови". Не го зборувам тоа јас, од моето скудно искуство; не, така сведочи човекот кој сиот беше потонал во стихијата на Единствениот Центар - епископот Теофан Затворник. Напротив, надвор од овој Единствен Центар "единствено сигурно е - дека нема ништо сигурно и ништо победно или понадмено од човек; како што посведочил еден од најблагородните пагани, кој исцело се посветил на задоволувањето на својата безгранична љубопитност - Плиниј Постариот. Да, во животот се се бунтува, се се бранува во нестварни рамки. А од длабочината на душата расте неиздржливата потреба да се потпреш на "Столбот и Тврдината на Вистината" (1Тим. 3, 15)... не една од вистините, не некоја делумна или делива вистина човечка што се уситнува и развејува како правта носена од ветерот, туку Вистина сецелосна и вековечна - Вистина единствена и Божествена, светла-пресветла Вистина. Онаа "Правда" која, по зборовите на древниот поет, е "сонцето на светот".

     
     
     

    ТРИТЕ САРДИСУВАЊА НА ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР

    June 13, 2012 at 5:16pm
     

    ТРИТЕ САРДИСУВАЊА НА ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР

     

    Манастирскиот комплекс бил на повеќе пати разрушуван. Во македонската култура се користи терминот „Сардисување" и тоа е опеано во многу наврати:

    Сардисале сардисале Лешочкиот манастир

    Сардисале сардисале Арнаути Слатинчани.

    А бре попе игумене каде ти се комитите

    А бре попе игумене каде ти се комитите

    А бре паша, турски паша, јас комити не познавам

    А бре паша, турски паша, јас комити не познавам.

    Се наљути турскиот паша, го запали манастирот

    Се наљути турскиот паша, го запали манастирот.

     

    Прво садрисување

    Во 1710 година, турски јаничари го нападнале манастирот. Тогаш монасите целосно се разбегале и манастирот останал напуштен. Манастирот останал празен се додека не дошол Кирил Пејчиновиќ и го возобновил во периодот 1817/18 година. Тогаш бил доградуван и монашкиот живот повторно заживеал.

    Второ сардисување

    Манастирот бил сардисан од жителите со албанско етничко потекло од соседното село Слатина и од другите долнополошки села. Причина било убиството на двајца слатинчани во слатинското поле, ноќта пред празникот Св. Богородица, од група комити за кои се мислело дека се наоѓаат во Манастирот. Благодарение на големата присебност и на мудроста на тогашниот игумен јеремонах Еротеј во тие критични моменти, сардисувањето не завршило со трагични последици за Манастирот и за присутните илјадници гости.” Со забележаните биографски податоци и со сеќавањата на комитата Филип Трифунов-Лулков од село Вруток, учесник во четата што ги убила двајцата слатинчани, дефинитивно се расветлува случајот со сардисувањето на Манастирот за кој има неколку верзии, меѓутоа за најверодостојна се смета таа на војводата.

    Комитата Филип Трифунов - Лулков бил учесник во Тетовско-гостиварската чета на војводата Никола Панов-Гостиварче. Оваа чета, од скопските села се упатила кон Полог, низ Дервенската Клисура и низ селото Радуша. Тие стигнале во селото Ротинце за да присуствуваат на големиот празник и на собирот во Лешочкиот манастир за потоа да ги посетат планинските села Јелошник, Брезно, Сетоле, Лавце, каде што имале свои јатаци.

    За да присуствуваат на прославата, тие тргнале од селото Ротинце кон Лешок, ноќта меѓу 27 и 28 (14 и 15) август, со курирот Тодор Томев, учител во селото Јелошник. Патем, поминале низ слатинското поле. На местото наречено Калино, вооружената група била забележана од бостанџијата Пајазит, па тој го известил својот брат Јакуп, кој се наоѓал во колибата, дека се приближува поголема група луѓе. Кога комитите го слушнале повикот и сфатиле дека се откриени се распрснале и легнале за да не бидат забележани. Откако Јакуп го слушнал повикот од својот брат, без размислување истрелал од колибата, а комитите возвратиле на ист начин. Престрелката траела два-три часа. Јакуп бил убиен; Пајазит бил тешко ранет; а меѓу комитите немало настрадани. Отакако пукањето од страна на бостанџиите прекинало, распрснатата чета се прибрала и се вратила назад на планината Жеден без да биде забележана. Бидејќи немале контакт со никого, комитите не знаеле дека Манастирот е сардисан. По два-три дена, четата по друг пат се упатила кон селото Јелошник, а Манастирот се уште бил сардисан. Откако бил растеран башибозукот од Манастирот, четата се упатила преку шумовитите падини на Шар Планина кон селата Сетоле и Лавце за да продолжи со своите акции. Пукотниците, но и раскажувањата на ранетиот полјак биле доволен знак за тревога и масовна потера по комитите од страна на башибозукот. Веста за престрелката на комитите и вооружените полјаци молскавично се пренела низ Полог и во Тетово.

    Мошне отежнувачка околност било присуството во манастирот за време на големиот верски празник посветен на Св.Богородица на околу 3000 верници. Разулавената маса башибозук истото утро се организирала и за 3-4 часа се упатила кон манастирот. Него од сите страни го опколиле не само Албанци од Слатино туку и од другите блиски села. На башибозукот им се придружиле тетовските бегови со уште поголем број вооружени луѓе. Тие застанале на чело на оваа маса. Меѓу нив биле Мемет-паша, Алим-бег Дерала, Адем-ага Треси, Абдул Мецит-ага и други. Во оваа масовна еуфорија од тетовскиот затвор бил пуштен и Јонуз Јусуфов, познат разбојник од селото Првце, кој многу му напакостил на селото Јелошник и за кој селаните од ова село тврделе дека бил "ужасен крвопиец што се гаври и располага" со нивните животи. Уште при приближувањето на башибозукот за ова се дознало во манастирот и предизвикало паника меѓу православните верници, меѓу кои поголем број биле жени и деца. Најприсебен меѓу нив, се чини, бил игуменот Еротеј, кој ги организирал верниците во манастирот на тој начин што веднаш наредил да се затворат манастирските порти и тие да се забарикадираат во манастирскиот двор. Жените и децата се засолниле во конаците, а мажите се вооружиле со се што можело да служи за одбрана. Високите ѕидини околу манастирот давале мала надеж. Бројот на башибозукот достигнал бројка од повеќе илјади, а нивните водачи побарале од игуменот Еротеј да им ги предаде комитите, за кои тие сметале дека се засолниле во манастирските конаци. Доколку игуменот не го сторел тоа, тие се заканувале дека ќе го запалат манастирот сосе луѓето. Игуменот не потклекнал на овие закани, а покрај тоа, овој стар и искусен свештеник бил сигурен дека во манастирот нема комити. Тој ја зборувал вистината. Четата, всушност по судирот со полјаците се повлекла назад кон планината Жеден. Според изјавата на еден од комитите, Виктор Т. Лулковски од селото Вруток, по два до три дена четата продолжила во правец на селата Сетоле, Лавце, поминала покрај тетовското кале Балтепе, а оттаму заминала преку Полошката котлина. Кај селото Блаце на падините на Сува Гора имала судир со разбојничката банда на Демир Лакавица од селото Чајле. По судирот, во кој немало жртви во четата, нејзините борци во близина на селото Волковија се поделиле на две групи, кои успеале да се извлечат од турската потера. Во меѓувреме, уште од првиот ден на сардисувањето ситуацијата во манастирот се влошувала, но не само во него, туку и во целиот Полог. Муслиманското население се подготвувало за одмазда и пресметка со христијаните. Во самиот манастир, луѓето со солзи се збогувале едни со други, мислејќи дека им нема спас. Улогата на игуменот Еротеј била решавачка и тој ја презел целосната одговорност и организацијата на одбраната, но и прехранувањето на 3000 луѓе. Големите резерви од храна во манастирот и дисциплината на луѓето исто така придонеле да се сочува присебноста и да не дојде до панични реакции. Ситуацијата уште повеќе се влошила кога башибозукот го сопрел дотекот на вода во манастирот. Но, за среќа на сите, споменатите залихи од храна и пијалак пресудно влијаеле. Според еден автентичен документ, за време на опсадата манастирот потрошил 82 товари жито, 8000 оки вино, 3500 оки ракија, 60 оки масло, 150 оки сирење, 100 оки ориз, а биле заклани 14 вола, 2 бивола и 48 овци и кози. Тетовскиот комитет на Организацијата презел низа мерки по мирен пат да се реши мошне тешката ситуација на немоќните граѓани за да не дојде до катастрофа. Уште од првите часови на опсадата, кметот на селото Лешок Јасре се договорил со неколку селани еден од нив веднаш да оди во Тетово и да го извести Сане Гуле. По пристигањето на веста, Тетовскиот комитет веднаш презел мерки. Прво се обидел по телеграфски пат да ги извести властите и дипломатите во Скопје, но овластениот телеграфист, и покрај службената обврска, не го сторил тоа. Но Комитетот испратил свои луѓе и во Скопје и во Призрен, каде што биле седиштата на вилаетот и санџакот, и пред се европските конзулати. Локалните власти не презеле речиси никакви чекори и биле немоќни да ја решат оваа криза. Дури по интервенцијата и притисоците на конзулите врз валијата Хилми-паша, на четвртиот ден од опсадата тој наредил кон Лешочкиот манастир да се упати силна војска, и тоа суварии (коњица) од Призрен и 2000 авџитабури (пешадија) и уште 300 коњаници од Скопје на чело со Алај-бег Гали. Кога пристигнала војската, бил извршен претрес во манастирот, а Алај-бег Гали добил уверение од игуменот Еротеј дека во манастирот не се кријат комитите. Потоа Алај-бег наредил башибозукот да се испрати дома и против нивната волја тие биле принудени да се оддалечат од манастирот и "понижени да се вратат во своите куќи". За да се смират локалните Албанци и да стивне целокупната тензија, турските власти презеле истрага, а организирале и потера по убијците на падарот.

    Преплашениот народ што се наоѓал во манастирот конечно можел да се врати во своите домови. При неговото враќање бил придружуван, односно заштитуван од војската. Таа формирала мошне голем кордон во два реда, меѓу кои се движела масата луѓе кон Тетово. Но, со овој настан не завршило се. Откако истрагата во манастирот покажала дека игуменот Еротеј бил сосема во право, т.е. дека во манастирот не се криела четата, биле преземени други чекори. Од некои претходни сознанија и обвинувања на Албанците од селото Слатина биле уапсени членовите на Оганизацијата од селата што гравитираат кон манастирот, но и од градот Тетово. Според извештајот на рускиот конзул во Скопје, на 28. 08. 1905 година биле уапсени 29 христијани, од кои 12 набргу биле пуштени на слобода. Апсењето на Македонците конзулот го толкува исклучиво со потребата од задоволување на страстите на, како што вели тој, "калканделенските арнаути". Сепак, за повеќето Македонци што биле задржани во затвор со сигурност знаеме дека биле членови на Организацијата, а некои и индиректни учесници во настанот, како курири на четата, но имало и комити од Брезјанската чета. Уапсените биле задржани неколку дена во тетовскиот затвор, а потоа во синџири биле спроведени во злогласниот Куршумли ан во Скопје, каде што останале цели 6 недели. Меѓу оние што биле во скопскиот затвор се: Спиро Симоновски од Лешок, Јасре Попоски од Лешок, Трпко Мојсиловски (Мојсовски) од Брезно,Симче Петроски - Кубур од Варвара, Ѓурчин Деспотовски од Лешок, Стојан Ивановски од Лешок, Трпо Коач од Варвара, Сане Гуле од Тетово и Атанас Поп Ончев од Лешок, потоа уште еден Столе од Лешок, Стојан од Вратница, Јосиф од Лешок, Мојсо од Непроштено, Трипун Симњаноски од Брезно, а можно е меѓу овие 17 уапсени да биле и Ѓорѓи Цветковски од Лешок, Божин Кочоски од Лешок и Коце Н. од Лавце. Од овие сознанија се гледа дека ниту еден од познатите комити во Тетовско-гостиварската чета не бил уапсен, што потврдува дека таа успешно се извлекла од Полог. Уапсените членови на Организацијата немале некоја директна врска со четата и инцидентот, а властите не поседувале вистински докази за нивното учество, освен обвинувањата на Албанците од соседното село Слатино. Затоа, целиот процес изгледал монтиран пред јавноста, а тоа го знаеле и конзулите во Скопје. Тетовскиот комитет, заедно со Окружниот од Скопје, не седел со скрстени раце и презел низа мерки за заштита на нивните членови во затворот и на судењето. Имено, за цело време затворениците добивале храна и облека, а поткупените стражари во затворот дозволувале и кореспонденција и посети. Токму затоа затворениците во ниеден момент не се чувствувале осамени и напуштени, туку напротив, биле и охрабрени. Сето тоа се одразило и на самото судење. За нивна одбрана биле ангажирани српски, бугарски и австриски адвокати. На судењето присуствувале дипломати и многуброен народ. Обвинувањата дека кај некои затвореници се добиени некакви хартии со недозволена содржина биле неосновани. Преживеаниот падар, Албанец, го обвинил Трпо Коач како еден од комитите од четата што го убила неговиот соселанец, но кога адвокатот побарал од него да го препознае меѓу обвинетите, падарот воопшто не го идентификувал Трпета, кој седел во вториот ред. Главниот сведок на обвинителите, падарот Нешо од Лешок, бил доведен во судницата и било побарано од него да сведочи против обвинетите. Но тогаш Нешо ја симнал капата од својата глава и на неа се виделе траги од удари што му ги нанеле турските полицајци, и тој изјавил: "Еве гледајте, затоа сум рекол". Откако судијата увидел дека изјавата на сведокот била насилно изнудена и е лажна, тој веднаш ги ослободил обвинетите и така завршила лешочката криза. 

    Трето сардисување

    Манастирот по втор пат бил разрушен за време на воениот конфликт во тетовско на 21 август 2001 година. Уништувањето на манастирот предизвика широка реакција во Македонија и Светот. Чинот на рушење бил споредуван со настаните од Авганистан, кога Талибанците ги уништувале будистичките храмови во земјата. Со силна детонација во 3 часот утрото, црквата била разрушена до темел, со минирање. Останал само нартексот од западниот дел и скоро целиот западен ѕид од наосот. Двете куполи на нартексот исто така останале. На јужната купола биле видливи конструктивни пукнатини. Од експлозијата сè било уништено, освен неколку фрески на светители. Исто така, оштетени биле и манастирските конаци, изградени во XIX век од јеромонахот Езекил. Конаците претходно било неколкупати поправани и санирани, а целосна санација била извршена во периодот од 1993 до 1996 година. Како резултат на експлозијата биле настанати значителни оштетувања на кровната конструкција и на фасадата. Поголеми оштетувања имало на прозорците: искршени биле стаклата и руинирани цели прозорци. Просториите во приземјето и на катот од конаците биле значително оштетени, особено градежната столарија. Било извршено ограбување на сите вредни работи од конаците, меѓу кои и предмети од историска вредност. Капелата во чест на светите Кирил и Методиј, во манастирскиот конак, била обиена и имала оштетувања од детонацијата, на малтерот на плафонот. Полиелејот бил искршен и неупотреблив. Четири престолни икони биле оштетени, а украдени биле и Светите Садови од Светата Трпеза. Во кругот на манастирскиот двор бил оштетен и гробот на архимандритот Силвестер и гробот на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ. Не била поштедена ниту новата летна трпезарија, која била обиена и покрадена.

    Иако разурнат, манастирот сепак на 28 август 2001, бил посетен и во него прославен празникот на Успението на Пресвета Богородица, но не со зурли и тапани, туку со солзи. Некои од посетителите ги завиткувале искршоците од црквените камења во крпи и ги земале со себе деловите од она што некогаш било фасада или фреска од свет храм, другите ги бакнувале урнатините клекнати на колена, трети ги бришеле солзите од жал и јад.

    На 15 февруари 2002 година, манастирот бил посетен од членови на европската комисија каде било утврдено повторно да се возобнови и да воскресне ова светило. Манастирскиот комплекс бил реконструиран и завршен во јуни 2006 година. Црквата „Св. Атанасиј" била реконструирана со истиот камен што бил користен во нејзината првична изградба. Камењата биле сочувани и нумерирани со помош на националниот Институт за заштита на културното наследство, кој направил детална студија за проектот.

    Неговото преосветување било во 2007 година, кога Македонската Православна Црква прославувала 40 години од својата автокефалност. На празникот на Покров на Пресвета Богородица било извршено осветување на црквата „Св. Атанасиј"...

     
     
    остатоци од црквата по разрушувањето 2001...
     
    остатоци од црквата и фреските, 2001...
     
     

    СТАРЕЦ КЛЕОПА-од книгата "ГОЛЕМ Е БОГ"

    June 25, 2012 at 1:44pm
     

    ...Што вели Александар Македонски, големиот философ, кој философијата за душата и смртта ја изучува од античкиот философ Аристотел, кога го покорил Персиското царство и го победил Дариј и Египетското царство, заземајќи ги царствата крај Еуфрат и Воз и останатите царства. Даоѓале при него философи и велеле:

    -Ваше височество, Дариј има многу злато, скапоцени камења, палати, а неговата сабја е во облик на осмоаголник, нејзинта дршка е украсена со два и половина килограми скапоцени камења и позлатена. Дојди да ја видиш!

    А тој, пак, им одговарал:

    -Ако е смрт, ништо не е! Што ќе правам во битка со Дариевата сабја? Еве, во раката држам лесна сабја, брза како молња. Тоа ќе е парада, ако ја понесам и ставам на коњот, за да види народот како блеска на појасот.

    -Дојди, цару и земи ја жената на Дариј, бидејќи тој побегна и го обесија двајца воини.

    -Кој го обесил Дариј? Кој дозволи да го обесите, оти јас не наредив да се обеси! Реков да го земеме царството, а него да го оставиме да живее, бидејќи тој би ги освоил останатите царства и би поминал понатаму. Други, пак, му викале:

    -Земи една од неговите ќерќи, бидејќи тој има најубави ќерќи на овој свет! Има две ќерќи. А Александар Македонски одговорил:

    -Немојте да ги носите да ги видам, бидејќи ќе ви ги пресечам главите. Зар мене, кој покорив толку многу народ, да ме зароби женската убавина? Овој цар умрел во 35 година, неоженет и отруен. Птоломеј и Сенека, неговиот секретар, Антиох и Никанор и Византиј му го велеле следното:

    -Ваше височество, ништо не ти е важно: ниту златото, ниту убавината!

    -Не! Ако е смрт, ништо не е.

    Затоа и кога умрел, кога ги победил сите царства, кога видел дека му дале да го испие слаткиот отров, рекол:

    -Денес испив чаша слатка и горчлива!

    -Што се случува, ваше височество?

    -Умирам!

    Се собрале философите, генералите, царевите, и тој им рекол:

    -Не се плашам од смртта! Верувам во едниот Бог, како што ме научи еврејскиот архиереј, кога ја покорив Палестина. Тој ми кажа дека Бог е еден.

    -Како се вика вашиот Бог? - го запрашав архиерејот.

    -Еден е Бог, Кој ги создаде небото и земјата. Неговото име е Саваот!

    -Што значи Саваот?

    -Господ над војските.

    -Дали управува и со војските долу, на земјата?

    -Не се грижи, ваше височество! Он управува со небесната војска. Со Него не можеш да се мериш. Нему јас Му се поклонувам.

    Така Александар Македонски Го познал Бога и започнал да биде милостив. Кога требало да умре, го запрашале генералите:

    -Ваше височество, од што да го направиме гробот? Од мермер? Од злато? Од скапоцени камења, од рубин, од оникс? Сите скапоцени камења ги наброиле.

    А тој, пак, одговорил:

    -Ако е смрт, ништо не е! Да не ми правите гроб од злато или скапоцени камења. Туку да ми направите гроб и ковчег од камен, и да не ме облекувате во златни облеки. Туку, едноставно, како обичен човек. И да направите два отвори на ковчегот, едниот од левата, а другиот од десната страна.

    -Зошто да ги направиме?

    -Тука да ги протнете моите раце и да ги оставите празни, сите да видат дека ништо не земав со себе по смртта.

    Дали ја гледате, браќа, мудроста на царот Александар Македонски. Да не помисли некој дека нешто понел со себе по смртта. Што им вредело на египетските фараони, што во своите пирамиди натрупувале неброено злато и сребро? Други ќе ги пронајдат и музеите ќе се збогатат! И колкава е користа од тоа? Дали го понесоа со себе? Не! Знаете ли што понеле со себе? Добрите дела! Ако ги чинеле - тогаш биле мудри.

     

    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-09)
    Views: 342 | Comments: 3 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 3
    3 Вељанко  
    0
    Беседа на старецот Клеопа при посета на православната Црква од Македонија во 1994 год. околу молитвата... иако малку тврда храна, интересно да се чуе и види, пред се, а не и малку живо да се слушне за православното учење за молитвата во денешниот не само кризен свет, туку и преполн со најразлични учења кои претендираат да бидат духовни, како од Запад, така и од Исток и со кои сме преплавени... да не заборавиме и да не си го потценуваме нашето православие како одговор на духовната глад и жед и потреба за подлабоки одговори на животните проблеми, кои сепак, не се само политички и социјални, итн...
    Овде има една изрека која старецот Клеопа ја повторува многу пати... РАЈОТ ДА ВЕ ИЗЕДЕ!
    тешко е за коментирање, а и снимката е лоша... но нека оди... и не лутете се... РАЈОТ ДА ВЕ ИЗЕДЕ...

    2 Вељанко  
    0

    1 Вељанко  
    0

    http://www.mav.mk/article.php?lang=mk&article=45#

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024