|
ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ
Самовила Македонска
Дел од текстот на Самовила Македонска
- Дал' сте чуле, Македонци, стари људи оту говорат:
- От Македонци појунаци над них не било-
- Цар Александар Македонски тристо лета пред Христа
- Со Македонци сву вселену повладал
- Наш краљ Филип - Славјанин је, Цар Александар - Славјанин
- Наши баби Славјанки ги родиле.
- Македонци, сетите се за јунакство македонско,
- та спроти старих вије сега да следувате
Слогница речовска
Слогница речовска или позната под целосното име Словенско-населенска македонска слогница речовска е книга издадена во 1880 година во Софија од страна на Ѓорѓија Пулевски. Книгата важи за прва печатена македонска граматика, но и правопис, бидејќи истата обработува правила за правилно пишување на македонскиот јазик во поглед на правопис и граматика. Првичната замисла на Пулевски била да издаде серија книги за граматиката и правописот на македонскиот јазик кои би се користеле во образованието во Македонија, но таа идеја не се остварила и се напечатила само денешната Слогница речовска која била наменета за шесто одделение основно образование. Покрај тоа, Пулевски планирал да издаде и втор дел од книгата, но и тоа не се остварило па така денес е познат само првиот и единствен дел.
Писмо
При пишување на Слогница речовска, Пулевски користел писмо кое, според него, би било разбрано од сите Словени. Така, писмото е составено од македонски и старословенски букви.
Големи букви | А | Б | В | Г | Д | Е | Є | Ж | З | И | І | К | Л | М | Н | О | П | Р | С | Т | У | Ф | Х | Ц | Ч | Ш | Щ | Џ | Ѳ | Ь | Ъ | Ѣ | Ы | Ю | Ѫ | Я | Мали букви | а | б | в | г | д | е | є | ж | з | и | і | к | л | м | н | о | п | р | с | т | у | ф | х | ц | ч | ш | щ | џ | ѳ | ь | ъ | ѣ | ы | ю | ѫ | я |
Македонска песнарка
Македонцим ув прилог
Една од песните во стихозбирката Македонска песнарка е песната Македонцим ув прилог. Во оваа песна Ѓорѓија Пулевски повторно се повикува и ги потсетува Македонците на нивното славно минато и историја со нивните кралевиФилип Македонски и Александар Македонски. Понатаму тој реагира против решенијата од Берлинскиот конгрес со кои Македонија била оставена под турското ропство, за на крај да ги повика своите сонародници - Македонци да се кренат и јуначки да се борат како под цар Александар и историјата стара да ја оживеат. - Татковина ја ово место мило Македонцим,
- кралевина била под краљом Филипом,
- старо царство, јесте од цара Александра,
- наш цар македонски, познат Александар велики ув вселену.
- Он је наше царство во Полостров Балкански
- је го оставил все горским Славјаним.
- Чујте, браќа наши јевропски христијани,
- да ја наша судбина нами досадила
- мије хоштеме нашу домовину.
- Ево днеска в македонскеј кралевини наши браќа тужат
- зашто само назе под ропство оставајет
- зато и мије хоштеме своју домовину!
- Братије наши Македонци од православну веру,
- да се сви сложиме, јуначки бориме,
- како наши стари под цар Александром,
- повтор спомен своим имјам по нас оставиме!
- Историју стару да ју оживиме,
- мије глејте сега да ју исполниме.
|
Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-14)
|
Views: 510
| Rating: 0.0/0 |
|
|