Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    ИВАН ИЉИН - Христијански национализам 2 дел

    ИВАН ИЉИН - Христијански национализам 2 дел

    August 7, 2012 at 1:26pm

    ...

    Христијанскиот национализам е восторг од созерцувањето на својот народ во планот Божји, во даровите на Неговата Благодат, во патот кон Неговото Царство.

    Тој е благодарење на Бога за овие дарови; но тој е и скрб за својот народ, ако народот не е на височината на овие дарови.

    Во националното чувство е - изворот на духовното достоинство: националното, а низ тоа - и своето, личното.

    Во него е изворот на единството - зашто нема подлабоко и поцврсто единство, како во духот и пред лицето Божјо.

    Во него е изворот на вистинското сознание - чувството за својата праведност во длабоката и последна димензија, чувството на својата безусловна приврзаност и поврзаност, на својот дом и на своето вистинско дерзновение.

    Национализмот учи и на смирение - во созерцувањето на слабостите и несреќите на својот народ (да си ги спомнеме покајните стихови на Хомјаков кон Русија).

    Национализмот му ги отвора очите на човекот и за националната своеобразност надругите народи; тој се учи да не ги презира другите народи, а да ги почитува нивните духовни достигнувања и нивното национално чувство: бидејќи и тие се причесни на даровите Божји и тие ги преобразиле на свој начин.

    Така осмислениот национализам го учи човека, дека безнационалноста е духовна беспочвеност и бесплодност; дека интернационализмот е духовна болест и извор на соблазните; и дека над-национализмот му е достапен само на вистинскиот националист. Зашто да создаде нешто прекрасно за сите народи, може само оној кој се утврдил во творечкиот акт на својот народ. "Светскиот гениј" е секогаш и пред се,национален гениј; а обидот да се стане "велик" преку интернационализмот и престојувајќи во неговата атмосфера, давала и ќе дава само лажни, екрански "знаменитости" или пак планетарни злосторници. Вистинската величина е почвена. Вистинскиот гениј е национален.

                Залудно говорат, дека националистот "ги мрази и ги презира другите народи". Омразата и презирањето воопшто не ја чинат суштината на национализмот; тие можат да се присоединат на се, ако душата на човекот е злобна и завидлива. Навистина, постојат националисти, кои се предаваат на овие чувства. Но да искривоколчиш можеш се и се може да се злоупотреби. Може да се злоупотреби преку спортот, отровот, слободата, власта, знаењето, зборот; да се искривоколчи може љубовта, уметноста, судот, политиката, дури и молитвата; сепак, никој не мисли да го забрани или искорени се тоа само затоа што некои луѓе ги примаат извртените форми за единствено возможни, а здравите форми воопшто не ги забележуваат...

                Може ли е да се љуби својата црква и да не се презираат другите исповеди? Се разбира, може. И ете, овој христијански благороден дух е возможен и во национализмот.

    Може ли да се љуби своето семејство и поради тоа да не се негуваат чувства на омраза и презир кон другите семејства? И ете, овој христијански-братски дух е возможен и кај луѓето кои мислат национално. Овој дух и лежи во основата на христијанскиот национализам.

    При вистинското сфаќање на национализмот - религиозното чувство и националното чувство не се одделуваат едно од друго, и не се спротиставени едно на друго; но се слеваат и образуваат некое живо творечко единство, во кое и од чие лоно се појавува националната култура.

    Тоа не значи дека народот станува предмет на религиозно обожавање, а идејата за Бога се спушта на ниво на земна нација. Народот не е Бог и неговото обожавање е богохулно и гревовно. И Бог е над земните разделувања - расови, јазични, душевни и историски. Но народот треба да биде поставен пред лицето Божјо, и силите негови треба да бидат облагодатени одгоре. И ако тоа се случило, и ако тоа е признаено, тогаш животот негов добива религиозна смисла, а религијата си наоѓа достојно живеалиште во националниот дух. Целото битие и целата историја на народот се осмислуваат, како самостојно и своеобразно служење на Бога: примањето на даровите на Светиот Дух и нивно воведување во националната култура. Значи: народот не е Бог, но силите на неговиот дух се - од Бога. Патот на неговата историска борба и на неговите страдања - е пат на восходење кон Бога. И овој пат е - скап и свет за националистот. И чувствувајќи го ова, тој исповеда дека татковината е света, дека преку неа треба да се живее, дека за неа човек треба да се бори пред лицето Божјо и, ако треба, и да умре.

    Христијанскиот национализам го мери животот на својот народ и достоинството на својот народ со религиозна мерка: со идејата на Бога и Христа, Синот Божји. Оваа мерка го поучува христијанскиот националист на безусловна предаденост и на безусловна верност; а тоа пак, го поучува на наднационално созерцување на човечката вселена и вселенското братство на луѓето. Вистинската вселенскост не само што не го одрекува национализмот, но никнува од него и го закрепнува, така што вистинскиот националист може да стапи во вселенското братство само како жив претставник на својот народ и неговиот национален дух.

    Оној духовен акт преку кој народот ја твори својата култура, е акт национален: и тој се појавува во националната историја, тој има посебна национална структура, тој го става својот печат на цела содржина на националната култура. Човек може да не го забележува ова; народот може да не го осознава ова. Но тоа останува и престојува. И кај секој народ постои извесен степен на духовна зрелост, на која тој ја осознаваособеноста на својот национален дух и на својата национална култура и разбира, дека Даровите му се дадени одгоре и дека тој ги примил, усвоил и ги воплотува своеобразно. Тогаш нацијата ја постигнува својата религиозна смисла, а националната култура се утврдува на обете (досега неспознаени) религиозни корени. Религиозната вера го осмислува национализмот, а национализмот се воздигнува себе кон Бога.

    Такви се основите на христијанскиот национализам.

     

    Од книгата "Основи на христијанската култура" издадена во 1937 год.

     

    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-15)
    Views: 321 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024