Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-11-26, 12:02 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    Текст посветен на епископ Партениј Зографски преземен од блогот СВИТОК

    Епископ Партениј Зографски

    На денешен ден (07. фев.), 1876 г. во Цариград умре Партенија Зографски, прв македонски епископ хиротонисан од Цариградската Патријаршија. Истовремено, тој е и учебникар, филолог, фолклорист – еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19. век во Македонија.

    eppartenij.jpgПартениј Зографски, чие крштелно име и презиме е Павле Тризловски, е роден во 1818 г. во Галичник, како првороден син на Доста и Василко. Првото образование го стекнал во манастирот„Св. Јован Бигорски”, а во 1836 г. во Охрид бил ученик на Димитар Миладинов. Замонашен е во манастирот „Зограф” на Света Гора, во 1842 година, при што го добива името Партениј, а по манастирот и презимето Зографски. Зографски по знаења оди и во Духовната академија во Одеса, Кипријанскиот манастир во Молдавија, киевската семинарија, а од 1846 до 1850 г. е редовен студент во Духовната академија во Москва…

    Неговиот животен пат е нераскинливо врзан – со љубовта кон Бога и кон сопствениот македонски народ. Набргу по завршувањето, од страна на цариградскиот патријарх е произведен во архимандрит, за потоа да биде поставен за епископ на Полјанската епархија, како прв Македонец со такво црковно звање и чин. Хиротонијата ја извршил солунскиот митрополит Неофит во патријаршијската црква во Цариград. Прво околу што се заложил новиот владика е воведувањето на црковнословенскиот јазик во богослужбата во црквите на македонски верници, со што го намалил влијанието на грчката црква во однос на богослужбата. Ги обиколувал селата во епархијата за да внесе словенско духовно влијание, отворал народни училишта… А, тоа не можело да не предизвика реакции на кукушките чорбаџии: „Каков е тој владика што не практикува чибук муабет, се мачи катаден со поповите со учењето како ќе читаат четива во црквите, го нема никогаш дома затоа што е постојано во селата во епархијата каде што отвора и гради училишта” – стоеше во нивните жалби до Цариградскиот патријарх за дејствувањето на Партениј Зографски.

    Солунскиот митрополит Неофит, во летото 1861 г., го свикал Синодот на којшто во документ – обвинение со 22 точки, бил сосема неосновано обвинет епископот Партениј, за антипатријаршиска дејност.

    Меѓу другото, во 22-те наведени клевети против полјанскиот епископ Партениј, тој бил обвинет и дека: 1. Насилно го вовел црковнословенскиот јазик во богослужбата, а воедно забранил да се употребува грчкиот јазик; 2. Го вовел мајчиниот јазик во училиштата, наместо грчкиот јазик, а дури и ги истерал од работа оние учители кои не го употребувале македонскиот јазик; 3. Го поттикнал населението да потпише барање полјанската епископија да прерасне во митрополија; 4. Не го спомнувал името на својот претпоставен митрополит Неофит, како негов началник, изјавувајќи дека и самиот е митрополит; 5. Не дозволувал во неговата епархија да се чита патријаршиското писмо; 6. Цариградската патријаршија ја нарекол ‘голем ан’; 7. Наредил да се избрише грчкото писмо од кукушката црква и да се замени со македонски јазик и друго...

    Сeпак, плашејќи се од руската дипломатија, а со намера да угоди на барањето на рускиот амбасадор Лобанов, Патријаршијата била принудена да испрати комисија во Полјанската епархија, за да го испита „случајот Партениј". По извршената истрага тричлената патријаршиска комисија констатирала дека епископот Партениј не е виновен, туку напротив, дека совесно ја вршел својата должност. Сепак, на г. Партениј не му било допуштено веднаш да се врати во својата епархија, во која, особено во Дојран, каде што се наоѓала и неговата епископска резиденција, бил желно очекуван од своите духовни чеда. Во септември 1867 година, за да ја задоволи намерата на митрополитот Неофит за поставување на злогласниот Мелетиј за Полјански епископ и за сосем да го отстрани од неговата епархија, Светиот Синод на Цариградската Патријаршија му понудил на Партениј Зографски митрополитско место во Нишавската епархија.Но искушенијата не го одбегнале ниту на новата должност, бидејќи сесрдно се залагал за македонското прашање. При новосоздадените околности и од причини на кревкото здравје, г. Паретниј на 17 октомври 1874 година бил принуден самиот да поднесе оставка на функцијата митрополит на Нишавската епархија и да замине во Цариград.

    Ноќта меѓу 19 и 20 фебруари 1876 година, на денот на Св. Партениј Лампсакиски, се упокои во Цариград, каде што и денес се наоѓа неговиот гроб во дворот на словенската православна црква на Св. Стефан.

    Автор е на многубројни дела со кои се создадени темелите на граматиката на македонскиот јазик. Пред појавата на Партениј Зографски во училиштата се предавале само грчката и старословенската граматика, а тој оди подалеку – се впушта во пишување на граматиката на Словените на балканскиот простор под Турците, во која ги систематизира разликите меѓу бугарскиот и македонскиот јазик на научна основа. Бил полиглот – знаел грчки, латински, еврејски, старохалдејски, француски, руски и бугарски јазик. Работи како учител во богословското училиште на Зографскиот манастир, професор по црковнословенски јазик во богословското училиште на островот Халки кај Цариград. Партениј бил и духовник на рускиот царски двор.

    Манастирскиот комплекс во Стар Дојран денес го носи името „Свети Партениј Зографски”, со што Македонската Православна Црква непосредно почна епископот Партениј да го прифаќа за светител во Православната Црква.

    * * *

    In the middle of the last century the archimandrite Partenij Zografski (b. Galičnik, 1818, d. Constantinople, 1876), who was educated in Thessaloniki, Athens, Kiev, Moscow and St. Petersburg, published two textbooks ‘in the Macedonian dialect’, "A Concise Ecclesiastical History of the Old and the New Testament Church” in 1857 and "A General Instruction Book for Children” in 1858. He also published Kratka slavjanska grammatika (A Concise Slavic Grammar) in 1859. By studying the principles of the creation of a literary language and the grammatical structure of the Western Macedonian dialect "Part One of the Grammar of the Articles”, in 1857 Partenij Zografski laid the foundations of modern Macedonian philology.

    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-15)
    Views: 373 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024