Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:01 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    ВАДИМ КОЖИНОВ-Германскиот фирер и “Царот јудејски“ 1 дел

    ВАДИМ КОЖИНОВ-Германскиот фирер и "Царот јудејски" 1 дел

    September 14, 2012 at 4:48pm

    Највидниот ционистички деец Голда Мајер (од 1969 год. до 1974 год. - премиер на Израел) во своите мемоари "Мојот живот" за Хајм Вејцман пишувала: "За евреите на целиот свет тој бил ’цар јудејски’... тој бил живо воплотување на ционизмот... и неговото влијание било огромно".

    Вејцман се родил (во 1874 година) и израснал во Русија, на крајот од векот се преселил во Германија, а во 1903 година се преселил во Велика Британија; и набрзо станал еден од лидерите на ционизмот. Од 1920 до 1946 Вејцман речиси постојано бил на чело на две најважни структури - Сесветската ционистичка организација и Еврејската агентура за Палестина, а од 1948 до крајот на 1952 бил прв претседател на државата Израел. Кратко речено, тој, ако наместо ’цар јудејски’, употребиме поскромно определување, претставувал човек No. 1 во ционизмот, при што го заземал тоа место за време повеќе од триесет години и, делумно, за време на светската војна 1939-1945 година.

    Веројатно, многу луѓе кои знаат за Вејцман - како евреи, така и луѓе од други националности - во него гледаат голем деец, кој на својот народ му донел непроценливо богатство. Сепак, има упатени евреи (да не зборувам за мисловни луѓе воопшто) кои потполно различно ја оценуваат и сфаќаат улогата на Хајм Вејцман.

    Така, во книгата на американскиот равин М. Шонфелд "Жртвите на Холокаустот обвинуваат. Документи и сведоштва за еврејските воени престапници" (Њујорк, 1977) Вејцман е оценет како главен меѓу престапниците. Овде посебно внимание е обрнато на изјавата на Вејцман, која ја дал уште во 1937 година: 

    "Поставувам прашање: Способни ли сте да преселите шест милиони евреи во Палестина? Одговарам: не. Од трагична пропаст јас сакам да спасам два милиони млади... А старите треба да исчезнат... Тие се - прав, економска и духовна прав во жестокиот свет... Само младата гранка ќе живее". На тој начин, се претпоставувало, дека четири милиони европски евреи треба да загинат.

    Ова "пророштво" на Вејцман, општо земено, е доволно широко познато, но уште повеќе е неразумно во неговото, навистина, необично значење. Необична е и увереноста на прогнозата: бидејќи, во 1937 година се уште ни еден евреин не бил убиен од рацете на нацистите поради "обвинување" за тоа дека е евреин (иако, се разбира, евреите, како и луѓе на другите националности, од 1933 год. биле подложени на нацистички репресии поради политички обвинувања). Првите нацистички убиства на евреите поради "расен белег" се случиле во таканаречената "ноќ на скршени стакла" - т.е. на крајот на 1938 год. (тогаш загинале 91 човек). Со тоа не помалку Вејцман уверено го претскажува глобалното уништување на евреите, кое навистина започнало само по пет години.

    Вејцман ја објаснил, ако не својата рамнодушност, тогаш во крајна мера, потполно спокојниот однос кон претстоечката гибел на четири милиони европски евреи: тие, наводно, се само "прав" и затоа "треба да исчезнат"...

    Но умесно е да се забележи, дека во ционизмот имало и друга тенденција. Така, нарекувајќи го својот ционизам "хуманитарен" многупознатиот Владимир (Зеев) Жаботински (1860-1940) уште пред разгледаната изјава на Вејцман во својата книга "Еврејската држава" (1936) истапил со критика на програмата на сфаќање на Вејцман. Тој не без зајадливост пишувал дека цел на оваа верзија на ционизам "е создавање во Палестина на нешто ново, посовршено... Ние треба да го ослободиме еврејскиот народ во исправено издание... нешто како ’еврејскиот народ во одбрани фрагменти’. За оваа цел неопходно е да се придржуваме до внимателна селекција и грижлив избор. Само најдобрите во ’халуте’ (дијаспората) треба да влезат во Палестина. На прашањето што ќе биде со остатоците на ’рафинираното’ во Халуте’, теоретичарите, претставниците на оваа концепција не сакаат да говорат..."

    Самиот Жаботински докажувал дека нема зошто да се "одбираат" најдобрите од евреите: "Треба да се мисли дека животот во атмосферата на сопствената држава ќе излечи малку евреи од криводушноста и телесната изопаченост, за кои причина е Халут и постепено ќе создаде тип на овој ’најдобар евреин’..." (стр. 49-50).

    Но како прво, Жаботински греши обвинувајќи ги "теоретичарите" дека не сакаат да говорат за тоа, што ќе биде со еврејските "остатоци": следната година Вејцман се искажал во врска со тоа, како што видовме, со потполна јасност. Како второ, Жаботински, имајќи поголема слава, немал колку-толку значајна власт во ционистичкото движење. Неговиот биограф И. Орен за него пишува:

    "Наспроти втората светска војна... тој ја претчувствуваше катастрофата, која надвиснува над источноевропското еврејство и ја истакнуваше паролата за потполна евакуација на евреите од Полска во Ерец-Израел. Тој беше подготвен да ја предводи нелегалната флота, за да пренесе стотици илјади полски евреи... Овој план... не наиде на разбирање".

    За разлика од Жаботински, кој реално стоел на чело на ционизмот, Вејцман не само што ја "претчувствувал", а како што гледаме, потполно точно знаел за идната "катастрофа", но ништо не преземал.

    Останува да се заклучи, дека тој бил (за што јасно кажал Жаботински) од бројот на последователните приврзаници на "селекцијата" на евреите и сметал, дека вака или онака, остварената "селекција" нацистите ја прават - во крајна линија од објективна точка на гледање - неопходно и полезно дело.

    Можат да приговорат за прекумерноста и несправедливоста на ваквиот заклучок, сепак таквата убеденост не му била својствена само на Вејцман, но и на многу други ционисти. На пример, унгарскиот равин В. Шејц, како да ја развива мислата на Вејцман, во 1939 година пишува:

    "Расистичките закони, кои сега се применуваат против евреите, можеби, изгледаат мачни и гибелни за илјадници и илјадници евреи, но еврејството во целина тие ќе го очистат, разбудат и подмладат". Не е исклучено тоа, дека овој равин подоцна, кога се разоткриле вистинските размери на "очистувањето" на еврејството, го преиспитал својот однос кон ова дело. Но ете "царот јудејски" Вејцман - уште во 1937 год. точно знаел, дека ќе загинат не "илјадници", а милиони негови соплеменици, а сепак го сфаќал тоа како "нешто што треба да биде" (тие "треба да исчезнат...").

    Потполно е сфатливо тоа, дека разјаснувањето на оваа "позиција" ги дискредитира ционистичките лидери, сепак тие секогаш имаат подготвено многу "едноставен" одговор, но таков кој силно дејствува на мноштвото на луѓе неспособни за самостојно мислење: се тоа е антисемитска клевета на ционизмот.

    Затоа е важно, дури и неопходно, да се повикаме на мислењето на "хуманитарните" ционисти - следбениците на Жаботински, кои понекогаш многу решително истапувале против врвовите на ционизмот кој биле на власт. Овие "хуманитарци" никако не е можно да се обвинат за антисемитизам, и со тоа не помалку тие во својот весник "Херут" од 25 мај 1964 г. го соопштиле следното за уништувањето на милиони евреи за време на втората светска војна:

    "Како да се објасни тој факт, дека раководителите на Еврејската агентура, водачите на ционистичкото движење... молчеле? Зошто тие не го подигнале својот глас, зошто не повикале на целиот свет?... Историјата понатаму ќе определи, дали самиот факт на постоење на предавничката Еврејска агентура не била помош за нацистите... историјата, овој праведен судија... ќе им поднесе приговор и на раководителите на Еврејската агентура, и на водачите на ционистичкото движење... Потресува тој факт, дека тие водачи и дејци, како порано, продолжуваат да ги возглавуваат еврејските, ционистичките и израелските организации".

    Еврејската агентура и Сесветската ционистичка организација во годините на војната, за што е кажано, ја возглавувал, Хајм Вејцман. И значи, на овој ’цар јудејски’, пред се, се однесувало толку ужасното обвинување.

    По 2 години, на 24 април 1966 г., израелскиот весник "Маарив" ја отпечатил дискусијата, во која еден од бившите команданти на Хаган (ционистичка воена организација), пратеник кнесета Хајм Ландау изјавил:

    "Факт е, дека во 1942 г. Еврејската агентура знаела за уништувањето... Вистината е во тоа, што тие не само што молчеле за ова, туку и ги терале да молчат и оние, кои знаеле за тоа". И си спомнува, како еден од ционистичките дејци-раководители, Ицхак Гринбаум, му признал: "Кога ме прашаа, ќе дадеш ли пари за спасение на евреите во земјите на прогонот, јас реков не!"... "Сметам дека е неопходно да се спротиставиме на овој бран, тој може да не обземе и да ја помести нашата ционистичка дејност на втор план".

    Во оваа дискусија, еден друг виден ционист Елиезар Ливне, посведочил: "Ако нашата главна цел се состоеше во тоа, да ја спречиме ликвидацијата на евреите... ние би спасиле мнозина". Овде, впрочем, има една очигледна неточност: спасението на европските евреи не само што не било "главна цел" на ционизмот, но и воопшто не претставувало негова "цел". Ова, меѓу останатото, е потполно јасно веќе од цитираните мемоари на Голда Мајер "Мојот живот", иако таа како да се обидува да го докаже обратното.

    Се разбира, во мемоарите, многу се говори за тоа, како таа и нејзините колеги во раководството на Еврејската агентура страдале, примајќи сведоштва за уништувањето на евреите од страна на нацистите, и како цело време со сите сили се труделе да помогнат:

    "...немаше пат - уверува таа - кој не го разгледавме, излез, во кој не проникнувавме, можност, која брзо не ја проучивме" (стр. 189).

    Но Мајер "јавно предавајќи ја тајната", спомнува дека во 1943 г., ни помалку ни повеќе, 130 илјади луѓе во Палестина веќе се "запишале" во еврејската армија, и во исто време соопштува, дека само еден единствен пат, во летото 1943 г., било решено на територијата окупирана од нацистите да се префрлат, се на се, 32-ца палестински војници за помош на евреите во Европа...! Само во есента 1944 г. овие војници се нашле во Европа (стр. 190).

    Голда Мајер се стреми да го "објасни" толку ништожниот "резултат" на својата дејност за спас на европските евреи наводно со ненадминливото противење, кое на тогашните ционисти им го покажувала британската власт во Палестина, "не разрешувајќи им" да им се спротистават на нацистите. Но пред нас е потполно неверодостојно објаснување, бидејќи добро се познати безбројни факти, кои сведочат за тоа, дека ционистите, кога тоа навистина им било неопходно, умееле вака или онака да ги "поминат" сите британски пречки (се до таму што ционистите го дигнале во воздух седиштето на Англичаните - хотелот "Цар Давид" во Ерусалим, каде изгинале околу сто луѓе).

    Значи, да ги спасат европските евреи се упатиле, се на се, само 32-ца луѓе (на судбината на тие луѓе пак ќе се вратиме подолу), а формираната армија од сто и триесет илјади во тоа време водела борба не против нацистите, кои уништиле милион евреи, а против Арапите во Палестина... Бидејќи овде, во Палестина, пишува Мајер, се случило "најужасното - 80 луѓе биле убиени и многумина сериозно ранети" (стр. 166). Не е ли чудно тоа што погибијата на 80 палестински евреи се чини "поужасна", отколку онаа на милионите евреи во Европа?...

    Неопходно е на ова да се додаде, дека определен дел од оние воени структури кои се наоѓале во 1940-ите години во Палестина војувале не само со Арапите, но и - како што соопштува во својата книга "Вториот Израел за територијалистите?" издадена во 1981 г. во Минхен, своеобразниот еврејски идеолог Б. Ефимов - ја продолжиле вооружената борба против англиската власт, т.е. тие фактички учествувале во војната на страна на Хитлер, а некои од нив дури воделе преговори со нацистите за создавање на еврејско-нацистички сојуз против Велика Британија (интересно е да се забележи дека на чело на најкрупната од организациите, која ја продолжила војната против англичаните, бил идниот премиер-министер на Израел Бегин, кој подоцна јавно го прекорил канцеларот на ФРГ Шмит за тоа, дека овој служел во германската армија за време на војната; многу тешко е да се сфати смислата на овој прекор, ако се земе предвид, дека Шмит и Бегин тогаш се бореле на иста страна на барикадите")(указ, изд., стр. 34).

    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-15)
    Views: 250 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024