Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:46 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    Вардар (списание)

    Вардар (списание)

    October 19, 2012 at 3:25pm

    „Вардар" е првото списание за наука, литература и политички прашања напишано на македонски јазик чиј уредник и основач бил Крсте Мисирков. Списанието било испечатено во 1905 година во Одеса, Украина. Излегло во еден единствен број. „Вардар" е составено од неколку секции каде се обрабутуваат теми од светската гео-стратешка политика, македонското прашање и странските пропаганди, народното творештво, литературата, како и статистиката и етнографијата.

     

    Содржина

    Списанието започнува со уводник на македонски „Од наредилницана", пренесен и на руски јазик. Веднаш по рускиот превод на уводникот објавена е песната „Патник" од П. Прерадовиќ, што претставува прв превод од хрватска поезија на македонски јазик. Носечки текст во првиот број е „Извикнува i н`ето и разбор на бугарцката и србцка теори i и за народноста на мак`едонците". За жал, Мисирков во првиот број ја обработува само бугарската теорија, додека српската ја планира за вториот број, па ова негово видување никогаш не е објавено. Потоа, во првиот број на списаниото „Вардар" следел етнографско-демографско-статистичкиот труд „Список села од i ужна Мак`едони i а (Пазарцко, Гевг`ели i цко и Кукушко)" што го составил Мисирков како студент во 1900 година. За жал, направената „Об i аснителна забелешка за то i список и за Солунцкото равнишче, со плани i н`ето" авторот најавува дека „к`е бидит дадена во друг`от бро i на Вардар", кој никогаш не е составен и испечатен. Потоа следи рубриката „Народни песни" со единствениот запис на народна песна од Мисирков, како и два записа на безнасловни песни од Ф.Николов. На крајот е рубриката „Современ живот" во која Мисирков објавува два кратки, непотпишани хроничарски записи за Македонија и Русија.

    Во своето списание "Вардар (1905) Мисирков ги редува појавувањата на теориите за народноста на Македонците: таму пишува, дека најпрвин се оформила бугарската, после грчката и најназад српската. Македонската теорија воопшто не ја приклучува кон овој редослед, како нешто што е автохтон развиток и надвор од пропагандите.

    Понатамошното излегување на списанието „Вардар" би имало големо значење и влијание врз понатамошниот развој на настаните, но од различни причини тоа е спречено. Соседните пропаганди , Руската револуција, која во тој период особено се одразила во Одеса била дополнителна пречка.

     

    Текст

     

    Предговор

    Првиот дел од списанието е наменето за предговорот во кој Кртсе Мисирков запишува:

    " Нашиіот месечник іет нешчо ново, шчо ќе привлечит внимаін’ето на свите, шчо се интересуваіет со маќедонцкото прашаін’е. Однапред можит да се речит, оти «Вардар» ќе бидит постретен от свите, шчо се интереуваіет со маќедонцкото прашаін’е, осем западно-іевропеіците, као нешчо шчо можит да принесит голема шчета на интересите на свите заинтересувани во маќедонцкото прашаін’е балкансќи народи. Од «Вардар» ќе бидат недовол’ни: турците, грците, бугарите, србите и самите маќедонци. Турчите ќе се боіат да не предзнаменуват тоі некакво ново течеін’е стред маќедонците, коіо би могло да предизвикат нови брканици во Маќедониіа. Грците іедваі ли ќе се порадуваіет на какво и да іет движеін’е стред маќедонците, коіо би могло да покажит способност на борба за самосочувуваін’е на словенцкиіот іелемент во некога сласичната Маќедониіа. Бугарите и србите не милуваіет поіавуваін’ето на «Вардар» со неговата нова нациіонална програма као нешчо, шчо можит да нанесит смртен удар на нивните нациіонални стремеін’а во Маќедониіа...

     

    Литературна секција

    Како втора поголема содржина во списанието се појавува преводот на песната „Патник" (српскохрватски: Putnik) од П. Прерадовиќ. Овој превод можеби е првиот поетски превод на современ македонски јазик. Текстот на песната е следен:

     

    Пąтник

     

    Боже мили, кąде заідов!

    Ноќ ме стигна во туѓина,

    Не знам пąто, не знам трага,

    Свегде на гол камен газат

    Тешки нози по пустиін’а!

     

    Ушче ноіќаі не си наідов!

    Север сеч’ от снежни брда,

    А туѓинец, сиромавот

    По голем му мрак во мракот,

    По тверда му зема тврда.

     

    Наоколо магла паѓат,

    Покрита іет месечина,

    Не се видат звездни траѓи,

    Маіко мила, маіко драга,

    Ти да видиш своіа сина!...

     

    Статија за пропагандите во Македонија

    Следната статија која Мисирков ја објавил во списанието е за политичките и националните пропаганди во Македонија. Според замислата на Мисирков, оваа статија требало да има неколку продолжетоци каде ќе ги опфател сите пропаганди во Македонија. Но, поради краткотрајноста на списанието од само еден број, останала објавена само статијата каде се објаснуваат бугарската и српската пропаганда и нивните теории за националноста на Македонците. Оваа статија Мисирков ја започнува со:

    "Тиіе, шчо сет по глąбоко запознати со маќедонцкото прашаін’е, іедваі ли се сомневаіет, оти наі важна негова страна іет – та за народноста на маќедонците. Зато ниіе, без да укажуваме на важноста на последното, ќе поминеме право кон разгледуваін’ето на сąшчествуіушчите теориіи за народноста на маќедонците и нивното изникнуваін’е, а после ќе бидит направени некои и друзи забелешки за нивната научна безпочвеност. Наінапред ќе одбележиме, оти свеопшч интерес доби прашаін’ето за народноста на маќедонците, кога се запитаіе, чиіа твебит да бидит Маќедониіа, и се претполагаше одговоро: на тоі народ, шчо іе насел’ават; тогаі се постави прашаін’ето: каков народ главно насел’ват Маќедониіа, или от каква народност іет главното населеін’е на Маќедониіа – маќедонците?...

     

    Статии

    Последниот дел од списанието е наменето за две статии од кои едната статија има наслов „Современ живот", додека другата „Словенството". Првата статија се однесува за Македонија со текстот:

    " Во Маќедонија летово, шчо помина, биде, во сравнениіе со поминатите лета, по спокоіно. Тоа се обіаснуват со многи причини. Коіи сет тиіе, лесно се обіаснуват. Наіпрво, народот іер во іекономцќи однос совршено расипан, па затоа тоі не можит повеќе да поддржуват со пари никакви големи востаін’а... ”

    Во втората статија, Мисирков се осврнува кон гео-полиичката состојба во која се наоѓа Русија. Така тој вели:

    " Во Русиіа станаіе две важни собитіа, коіи не ќе задоцнат да се отразат на развиваін’ето и усил’уваін’ето на русќиіот народ, то сет: 1, даруваін’ето от Царот на рускиіот народ конституциіа, по коіа ќе имат народни избраници, преко коіи рускиіот цар ќе ѝ изслушуват нуждите на своіо народ, и 2, свршуваін’ето на воіната со Іапониіа и закл’учуваін’ето на руско-іапонцќи мирен договор во град Портсмут, Северно-Американцќите Соіединени Држави... 

     

    Реакции за списанието

    Бугарскиот и српскиот печат ја алармирале домашната јавност за подготовките на списанието „Вардар" но и за тримесечниот престој на

    Димитрија Чуповски во Македонија заради подготовка на отварање на училишта на Македонски јазик. Мисирков со сестраните притисоци бил

    привремено неутрализиран, а Чуповски бил фатен во Велешко од „централистички" војвода и со пиштол бил присилен да испари од Македонија

    и да се откаже од идејата за македонско образование на Македонците.

    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-15)
    Views: 344 | Comments: 3 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 3
    3 Вељанко  
    0
    За жал излегол само еден број, така што деецот не успеал до крај да ја разреши работата, да ја артикулира, поради разните притисоци, односно сестраните како што си пишува, па сега можеби и последиците се од причините, барем во ова прашање... иако без дилема е посебноста на македонскиот идентитет, самобитност, или народност, како и да е...
    И повеќе од тоа... патем има силни мисли и во однос на другите, пријателски??? националности, “браќа наши рисјани“, како што го отфрла тогаш античкото, убедливо видливо поради кои разлози, ќе речам, односно поради фанариотството, пред се, а во прилог на словенството, како што самиот вели, итн...
    И не знам, како и да е... само така си го ставам прекршено низ некоја моја перспектива, бидејќи за тоа треба и доста наука, а не само нагаѓање, што би рекле, ако треба, од автентичноста и уката на деецот кој го проникнува битието на читачот со ширината на нешто што не се објаснува со зборови, а како што едноставно велиме, се чита меѓу редови, или така некако...

    2 Вељанко  
    0

    1 Вељанко  
    0

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024