Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-11-26, 11:17 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    БРАЌАТА МИЛАДИНОВЦИ

    Браќа Миладиновци


    Браќата Димитар (Струга, 1810 - Цариград, 23 јануари 1862) и Константин (Струга, 1830 - Цариград, 18 јануари 1862) Миладинови се основачи на националната преродба во Македонија од средината на деветнаесеттиот век.

    Семејството Миладинови

    Димитар и Константин се родени во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова, од осумте деца, шест синови (Димитрија, Тане, Наум, Мате, Апостол и Константин) и две ќерки Ана и Крста.

    Генеалогија


     
    Ристе Миладинов
     
    Султана Миладинова
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
    Димитрија Миладинов
     
    Тане Миладинов
     
    Наум Миладинов
     
    Мате Миладинов
     
    Апостол Миладинов
     
    Константин Миладинов
     
    Ана Миладиновa
     
    Крста Миладинова

    Образование

    Браќата основно училиште завршиле во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, денешна Република Грција.

    Средниот брат Наум Миладинов ја завршил Духовната академија на патријаршискиот универзитет "Халки" во Цариград и дипломирал на отсекот музика и граматика. Наум во 1843 година напишал учебник по музика, прв од таков вид во Македониjа, додека при собирањето на народните песни истите ги запишувал со нотни записи, ги мелографирал, па така тој е нашиот прв музичар и мелограф.

    Најмалиот брат, Константин, дипломирал во 1852 година на Филозофскиот факултет во Атина, отсек грчка филологија.

    Учителствување

    Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места. Во училиштето во ОхридДимитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност-собирање и запишување на македонски народни песни и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во еден голем Зборник. Во таа дејност се вклучил и средниот брат Наум Миладинов.

    Во тој период Македонија била дел од Отоманската Империја. Освен тешкото турско ропство, на народот во Македониjа му се заканувала и денационализација и елинизација преку елинското просветување и црквата, кои биле во власта на грчката Цариградска патријаршија.

    Димитар Миладинов, кој бил целосно прословенски ориентиран, често доаѓал во судир со гркоманите во Битола, а по еден таков судир со битолскиот митрополит Венедикт, тој ја напуштил Битола и Македонија. Димитар притоа работи како учител во влашкото училиште во влашкото село Трново близу Битола, наследувајќи го дедо сѝ. Во Сремски Карловци и Нови Сад имал прилика да се запознае со животот на Србите под Австро-унгарска власт, каде уживале потполна културна автономија. Подоцна заминал во Белград. При престојот во овие краишта, тој се запознал со идеите на Пансловенизмот и Илирското движење, кои во потполност ги прифатил како свои. При крајот на 1856 година, Димитар Миладинов се вратил во Струга и го испратил братот Константин во Русија да студира словенска филологија на Философскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва.

    Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија. Со песната „Т'га за југ", која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на поезијата.

    Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба.

    Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.

    Зборник

    На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - "Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци", дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 други (отстапени од фолклористВасили Д. Чолаков[1].

    Како што докажува дописката на Миладинов во Москва, се до печатењето на книгата, таа го носи работниот наслов „Македонски народни песни" и оваа промена во последен момент е предмет на контроверзии (всушност, насловот „Бугарски народни песни" за прв пат се спомнува во писмо на Чолаков до Др. Фрањо Рачки кусо пред самото печатење).

    Во додаток на речникот, исто така се наоѓа и дел од првиот македонско-хрватски речник што Миладинов го спремал но не го објавил во целост (2000 збора) заради големината на Зборникот.

    Зборникот побудил голем интерес меѓу славистичките и фолклористичките кругови на словенските земји и Европа, што се гледа од имињата на претплатниците на Зборникот.

    Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград каде дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори.

    Така место за Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани.

    Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под засега неразјаснети околности.

    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-16)
    Views: 499 | Comments: 9 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 9
    9 Вељанко  
    0


    Според текстот на песната Думание од Константин Миладинов во изведба на современата македонска алтернативна група “Мизар“

    8 Вељанко  
    0
    http://makedonija.rastko.net/cms/files/books/4a72fe1416c84

    Константин Миладинов - Избрани песни

    7 Вељанко  
    0
    南 方 的 思 念

    2007冬天译马其顿著名诗人米拉迪诺夫诗歌以解思乡之情

    如果能有雄鹰的翅膀, 
    我一定要振翮飞翔, 
    飞向我们的湖畔,飞到我们的田园, 
    去看斯坦布,去看库库斯, 
    要看看那里的日出, 
    是否亦如这里的一般黯淡? 

    如果那里的太阳也是黯淡, 
    和这里的太阳无二一般, 
    那我就要飞往更远的地方, 
    飞往别国的海岸, 
    到那阳光灿烂的地方, 
    到那星光闪烁的地方。 
    这里一片漆黑,黑暗已把我包围, 
    黑暗也吞噬了大地, 
    满目是严霜、积雪、灰烬, 
    处处有可拍的风暴、刺骨的寒风, 
    周围一片阴霾,大地一块坚冰, 
    胸中滋生的只会是寒冷的思想,黑暗的念头。 

    不,我决不能在此逗留, 
    更无法希冀于严霜。 
    给我一双翅膀吧,
    我要振翮飞翔, 
    飞向我们的湖畔, 
    飞往我们的家园, 

    到奥赫里德去,
    到斯特鲁茄去。 

    那里的日出会温暖你的心灵, 
    那里的山林里太阳抚慰着的, 
    是自然的恩赐, 
    是无尽的宝藏。 
    清亮的湖水无垠, 
    微风把湖面吹皱。 
    美丽的山川峡谷, 
    一切是那么地庄重。 
    我定要在那儿尽情地放笛, 
    直至夕阳西去, 
    直到生命的尽头。

     Т'га за југ, препеана на кинески од македонистот Лиу Јару (кинески)

    6 Вељанко  
    0
    Т’га за југ

    Орелски крилја как да си метнех,
    и в наши стр’ни да си прелетнех!
    На наши места ја да си идам, 
    Да видам Стамбол, Кукуш да видам.
    Да видам дали с’нце и тамо
    Мрачно угревјат како и вамо.

    Ако как овде с’нце ме стретит,
    ако пак мрачно с’нцето светит,
    на п’т далечни ја ќе се стегнам,
    и други стр’ни ќе си побегнам,
    к’де с’нцето светло угревјат,
    к’де небото ѕвезди посевјат.

    Овде је мрачно и мрак м’ обвива,
    и темна м’гла земја покрива,
    мразој, снегој, и пепелници,
    силни ветришча и вијулици,
    околу м’гли и мразој земни,
    а в гр’ди студој, и мисли темни.

    Не, ја не можам овде да седам,
    не, ја не можам мразој да гледам!
    дајте ми крилја ја да си метнам, 
    и в наши стр’ни да си прелетнам,
    на наши места ја да си идам,
    да видам Охрид, Струга да видам.

    Тамо зората греит душата,
    и с’нце светло зајдвит в гората, 
    тамо дарбите природна сила, 
    со с’та раскош ги растурила,
    бистро езеро гледаш белеит,
    или од ветар сино темнеит,
    поле погледнеш или планина,
    сегде божева је хубавина.

    Тамо по с’рце в кавал да свирам,
    с’нце да зајдвит, ја да умирам.

    Во Москва

    5 Вељанко  
    0
    http://www.rastko.rs/cms/files/books/50408630ea1be

    Софија Тренчовска 
     ПОЕЗИЈАТА НА КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ И БРАНКО 
    РАДИЧЕВИЌ

    4 Вељанко  
    0
    http://www.scribd.com/doc/32041892/zbornik-miladinovci

    Зборникот на браќата Миладиновци

    3 Вељанко  
    0


    Зборникот на Миладиновци

    2 Вељанко  
    0


    Родната куќа на Миладиновци во Струга

    1 Вељанко  
    0


    Димитар Миладинов                                                  Наум Миладинов                                                               Константин Миладинов

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024