Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:09 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    ЕДНО СВЕДОШТВО ЗА ПРВИОТ И ВТОРИОТ НАПАД НА БАЛИСТИТЕ НА ЛАЗАРОПОЛЕ

    ЕДНО СВЕДОШТВО ЗА ПРВИО И ВТОРИОТ НАПАД НА БАЛИСТИТЕ НА ЛАЗАРОПОЛЕ

     
    ЕДНО СВЕДОШТВО ЗА ПРВИОТ И ВТОРИОТ НАПАД НА БАЛИСТИТЕ НА ЛАЗАРОПОЛЕ
     
    Ова сведоштво нема да биде обработено туку ќе биде прставено онака како што ми го раскажа баба ми Мара Гиноска Попоска.
     
    "... моравме од Скопје да се вративме во Лазарополе за да ја оможиме сестра ми Благуња, која беше свршена за Крстета Колоски и седеше у вујко ми Иван Ламбески. Но, само шо се вративме в‘село по три дена почнае да се слушает гласини дека ќа иделе арамиите Ж(џ)емо и Мефаил да го пљачкает селово пак. Првиот пот не бевме ние в‘село, бевме тогаш во Скопје. 
    Секоја ќуќа која имаше дома останато мож, стар - млад, со пушка беше се организирало да држит стражи околу селоно за да јавит дал идет арамиите. Стражарее секоја вечер за да дадет знак да се затворит куќите и да се скриет луѓето. 
    Исто така селски стражи се организирале и пред првиот напад на арамиите на селоно. Така кога дошле првиот пот арамиите, од крс, чиче Васе Гиноски и чичо Ил(љ)о Аврамоски кои живееле накраста и виделе дека идет, дека се белеет се околу Сама Бука од белите капи шо и носеле пустинскиве, припукале и дале знак дека селото е опколено. Но пустинските да ти виделе од коде дошол истрелот, по чадот, одма се стуриле кон краста-кон куќата и и фатиле чичо Васе и чичо Ило. И врзале со појасите нивни за врат и и влечеле од краста до сред село надалу. И туриле од ќотек. На чиче Васе сите зоби му и скршиле. Од ќотекот чиче Васе, се болен, се болен, починал 1948 година. Но само шо и слегле на сред село двајцава (од кога се појавиле балистиве во Лазарополе одма кондисал еден курир да им јавите на партизаните кои што биле во близина) се чуле пукотници од местото Прпушковица (над денешна Лазова Вила) и викотници, силно, да чует пустинскиве дека идет партизаните. Веднаш кон партизнаскиве истрели се приклучиле и пушките на лазороските стражари. Арамите мислеле дека идет цела чета партизани. Избегале тотон, како муви без глави арамите тогаш од Лазарополе.
    Е, беше месец октомври, четвток памтам ден не, 1943 година. Почна да врне ситен дож. Ние се припремаме да одиме на папрат утрината и да почнеме со свадбата на сестра ми Благуња. Куќата беше полна со рода и комшии. Само што се смрачи малу, ние деца како што си игравме в‘двор погледнавме нагоре кон крастата и видовме цели белавици капи. Се чу: "ЈАС СУМ МЕФАИЛ СО 450 ЉУДИ ИДАМ. СПЕРМАЈТЕ ВЕЧЕРА, СИТЕ ДА ИЗЛЕЗЕТЕ НАДВОР..." Селото беше опколено. Секој кој беше кај нас, над триесетина души се скрие унас. Можите и мошките деца и скривме во кледовите темни и и покривме со карми дрва. Пандите и кладовме на врата и "заврната" (греда која што заедно со пандите ја "запечатуваат" главната врата за додатна-поголема сигурност на куќата), џамовите и затворивме со пердиња-капаци. Арамиите почнае да пљачкает по куќите в‘село. На поимашните, пред се на кеаите, семејства, на мошките глави ги тепаа за да им дадат пари. Така Мино Кокалески го тепале до смрт и умира во Битола една година потоа. Во нашата куќа не влегоа поради тоа што ние немавме надвор дрва-карма изведено надвор и мислеа дека во куќата немаше никој. Пробаа да ја отворат главната врата но не можеа. Баба Иваница кувенџивката, наша комшивка, не спаси сите триесет и осом души што бевме внотра. Таа на прашањето од арамиите дали има некој во куќава таа одговори дека нема никој и дека сме ислени во бугарско. Цела ноќ го пљачка селото. Сите коњи од селото и товарие, со се што имае однесено од куќите. Од што биле лакоми, влези од една куќа во друга, види нешто по убаво земи го - старото фрли го. 
    Разбравме дека тогашниот селски пот Стамат Палчески го мачеле многу за да им дает пари. Заклале една коза (кожата) која му ја обесиле на вратот и го влечеле со коњи до тресонечки рид за да кондисат да им дает пари, кои што ги немал.
    Исто така еден многу добар, мирен човек Пере Балоски арамиите го натерале да викат по селаните и да ги натера да излезат надвор. Но, тој викал по бошкачи по лазоровци да не излегуваат. По некое врем од како никој не излегол Пере Балоски е убиен на сред село.
    Во селото истовремено кога дошле арамиите имало и тројца партизани дојдени од планина за да земат храна. Народот од Лазарополе ги ранеше и облекуваше партизаните кои биле стационирани во близина на селото. Тројцата партизани кога излегле од куќата на Голибеговци се сретиле со арамиите и започнала блиска борба. Тројцата партизани се убиени и привремено се закопани на селските гробишта во Лазарополе. По ослободување телата се земени од нивните семејства.
    По оваа борба со партизаните арамиите помислиле дека имаат в‘село или близу до него уште партизани и во зората другиот ден, со натоварените селски коњи, се мафнае од Лазарополе.
    Некои лазороски куќи-побогатите семејства имале земено семејни од Дебар за да ги вардат семејствата. Во некои од нив арамиите не влегле, но во повеќето случаи ниту сејменскат стража не помагала-не била почитувана. 
    Целото село со 650-ет куќи беше испљачкано-искрадено.
    Другиот ден видовме дека немоеме да правиме свадба. Сестра ми ја зеде момчето кај него без свадба.
    Цело село реши да се сели пешки кон Охрид. Во Охрид се сместивме кој каде стигне, кој како што можеше да се снајде. Од Охрид после некои заминаа кон други градови, пред се за Битола."
     
     
     
    Лазоровци бежанци Охрид 1943
    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-17)
    Views: 362 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024