Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:51 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    Празнина КОЈА сјае: Македонија

    РАЈКО ЖИНЗИФОВ

    July 17, 2012 at 1:58pm

    Рајко Жинзифов (роден како Ксенофон Ѕинѕиф) (Велес, 15 февруари 1839 - 15 февруари 1877, Москва) бил познат влашки македонски преродбеник и дводомен писател. Тој бил сестран деец - публицист, преведувач и собирач на народно творештво.

     

    Биографија

    Роден во Велес во влашко гркоманско семејство по потекло од Москополе (јужна Албанија), а доселено во Велес од Битола. Татко му Јоан Ѕинѕиф имал завршено медицински факултет во Атина, но работел како грчки фанариотски учител во Велес.

    Во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност.

    Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот факултет во Москва. Таму се движел во кругот на македонските студенти и, покрај учењето, се занимавал и со писателска, преведувачка и публицистичка дејност.

     

    Рускиот период

    Во Русија заштита му пружа пред него дојдениот Константин Миладинов, кој му е и прв толкувач на руската атмосфера. Осумнаесетте последни години од својот живот, Жинзифов ги поминал во борба со немаштијата како емигрант во Русија. Неговото познанство со двајцата браќа Миладиновци резултира со пишување на нивната биографија. Уште во московскиот седмичник „Ден", во броевите од 17 ноември до 1 декември 1862 година, под псевдоним „Велешанин", ги печател своите сеќавања за двајцата браќа стружани, во форма на впечатоци и спомени од личните контакти. Во Москва, во 1863 година ја издал својата прва и единствена стихозбирка која содржи негови песни, како и препеви од руски, украински и чешки јазик.

    По завршувањето на универзитетот, се вработува како професор по старогрчки јазик во една од московските гимназии. Продолжува со книжевна дејност, но главно со превод и публицистика, а соработува и со руски, словенофилски и бугарски списанија од Цариград.

     

    Поетска активност

    Жинзифов пишувал песни од кои посебно се значајни „Глас" и „На Велигден". Тој ја напишал и поемата „Крвава кошула", која е издадена во 1870 во Браила, Романија на македонски јазик. Современиците на Жинзифов сметаат дека оваа поема ја напишал уште во Македонија, некаде во 1857 година. Во поемата се осудува турската тиранија и се опишува неподносливиот живот на нашите луѓе под турско ропство. Пишувана под силно влијание на украинските песни на Тарас Шевченко, поемата „Крвава кошула" опишува вистинска случка за една мајка која откако Турците ѝ го убиле единствениот син, ја донесла неговата крвава кошула в град да ја покаже на народот во црковниот двор.

    Во 1867 година ја издава мистификацијата на Верковиќ и Гологанов на руски јазик.

    Тој исто така го напишал и првиот расказ во нашата литература под наслов: "На Прошедба".

    Рајко Жинзифов бил соработник на бугарските весници: „Дунавска зора", „Македонија", „Слобода", „Бугарска пчела", „Век, „Време" и на списанијата „Читалиште", „Периодическо списание", „Бугарски книжици" и др.

    Во Бугарија почитуван како бугарски преродбеник и уметник. Во своето творештво, Жинзифов се нарекува Бугарин, а Македонија - бугарска земја.

    Рајко Жинзифов секогаш се спротивставува на елинизацијата на населението во Македонија.

     

    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-14)
    Views: 334 | Comments: 5 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 5
    5 Вељанко  
    0
    Но и ќе се подигне, ако Бог сака...

    4 Вељанко  
    0
    Мислам дека и современа Македонија доживеа нешто слично на фанариотството, нека ме прости Бог, пред 10-ина година, на свој специфичен начин за овој век, односно почетокот на овој век, од што тешко може да се подигне... едно од најцрните ропства во историјата на македонскиот народ... “сал скаредни срамни слова во мртвите томоси“... и тоа токму овде кај Жинзифов... еве ја и песната... дочека...


    3 Вељанко  
    0
    Рајко Жинзифов/ Охрид

    Ја в полношт мрачна, беззвездна,
    Боже, на високо место,
    С сâлзи во очи, с душа жедна
    За Охрид ја мислех често.
    За Охрид, столица духовна,
    За тепла вера тогашна,
    Как с народна дума, безрешна,
    Климент счавјанска молитва,
    Божјо предаваше слово,
    Во Охрид, во стара црква
    Сос облекло Кирилово.
    Как на свој јазик народен
    Проповедал кротко, мило,
    Дух на љубов, дух свободен,
    Он кадејќи сос кадило.
    Он в црква с љубов, с смирење
    Он свое словесно стадо
    Сос Кирилово учење
    Напојувал старо, младо.
    И как народ грмогласно
    В стара црква охридска
    Произнесеше согласно
    Он молитва си славјанска.
    И сега, о боже, често
    Сос очи влажни, сâлзливи
    От това високо место
    Праштам ти тепли молитви
    Пастир прати им духовен
    Да пасит славјанско стадо,
    С дух народен, дух свободен
    Да утешит старо, младо.

    2 Вељанко  
    0
    Рајко Жинзифов умрел млад и во Русија, инаку, кој знае што ќе доживеел и самиот да отишол во Бугарија, уште тогаш, да го заврши својот живот, своето животно дело, итн...

    1 Вељанко  
    0
    Мислам дека досега е јасно зошто Македонците, поголемиот дел од нив, особено за време на преродбата (ова го пишувам не како специјалист, туку со некое мое скромно знаење и лично мнение)(иако сум против денес, секако, секако, но не сум ни за изолираност, и тоа е јасно, нема да продолжам) се врзувале со Бугарија. Едно поради турското ропство, друго и некако најтрагично и болно, ќе го кажам тој збор, фанариотското, односно елинското, ропство. Ова го кажувам токму овде зашто Рајко Жинзифов ни по род ни по корен, не бил Словен, а тоа бил негов личен избор на свој начин. Да не должам, тоа кажува нешто и за словенската, односно, словенофилската идеја која носела нешто многу поголемо, посесрдно, усрдно и богуугодно во себе, особено видливо во случајот на Жинзифов, и во однос секако на ропствата на Балканот, но и во однос на поетската чувствителност негова за тоа каде водат, тогаш, како што самиот вели, “френските моди“, така некако... А денес... Бог знае...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024