Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:31 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    Александар Русјаков
    Minatata nedela i pokraj faktot sto Nova Makedonija izleze kako petok-vtornik broj, jas po navika si ja napisav kolumnata. Za da ne otidat fira bukvite, zborovite i recenicite, iako podzastarena temata, bujrum citajte ako sakate!
    Мојата грчка дебела проблематична диета

    Кога светот нема со што серизоно да се занимава, кога нема веќе инвазии, масакри, мисии „нафта за храна" и „танте за кукурику", кога нема веќе фармацевтски мафии, глад, трговци со оружје и силувачи на туѓи идентитети, тогаш најдобро е со нешто споредно, ем забавно да се занимаваме. Покрај промената на проектот „Ден на дрвото" во „Ден на пилата" или шоуто на група граѓани кои сексуално општеа со ограда што не е тараба, статистиките за дебелина звучат некако баш привлечно. Жителите на Кувајт, САД и Тринидад се најдебели, оние од Еритреја и Етиопија се најслаби. Немој само да ги жалите манекениве од Африка, тие се слаби затоа што имаа чест врз нив да биде спроведувана повеќевековна диета што им ја препорачаа и остварија најдобрите салони за убавина на белата западна колонизаторска цивилизација. 
    И кај нас се спроведе статистика за дебелината на Балканците. Хрватите се најдебели, ние Македонците сме на петто место што нас некако ни е традиција ако се имаат предвид табелите за квалификации на светски и европски првенства во фудбал. Само што на дебелава табела му се радуваме на пласманот. Да не беа Македонките ќе бевме уште послаба нација. Не ме гледајте така луто со тие ваши прекрасни очи, ете така рече статистиката, вие Македонките сте подебели од сите други жени на Балканот. Што се однесува до мене можат да ви се фатат за соработничката, ама ај да видиме каде е спинот во статистикава. 
    Прво сум убеден дека ова истражување има дебела конспиративна врска со извештајот на Стејт департментот во кој се тврди дека Македонија нема слобода на говор, а светски е докажано дека немањето слобода на говор посилно влијае на жената. Кога не смееш како жена слободоумно да отвориш уста, а тебе тоа некако природно ти доаѓа да не ја затвориш, тогаш нормално е да те мава на јадење. Мажите глобално послабо ги мава немањето слобода на говор затоа што најчесто главата на рамења им е нефункционална за што е доказ генералната состојба на планетава со која сеуште владеат. Ете ви ја првата причина заради која жените се дебелеат кај нас. 
    Втората причина зошто Македонките го заземаа срамното прво дебело место се крие во селективноста на истражувачите. Од доверливи извори знам дека истражувале на територија на цела Македонија, ама не и во општина Центар. Жими сите изедени мимози од Наџак до Љуц јас точно знам дека во Центар нема дебели жени и баш е педерски од страна на порталот „Вижуал" што намерно, ем злонамерно ја прескокна оваа елитна населба. Сепак јас решив ништо да не оставам на случајноста и шпекулациите, па стапив во контакт со фациве од порталот и изворот кој нема да ви го соопштам за да го заштитам ми раскажа сé по ред. „Вижуал" биле во Центар. Толку се шашардисале што телото природно им ја изгубило слобадата на говор, и да не звучам простачки, ама занемеле бре луѓето. За нив едноставно била научна фантастика кога откриле дека секоја жителка на Центар од мали нозе е подложена, ко идна јапонска гејша, на дузина третмани што физички, што интелектуално-уметнички. Крајниот резултат на оваа козметички-духовна обука е создавање на жена која истовремено е фраерка, шизика, секс бомба, модна икона, високоосвестена индивидуа без кичерај и предрасуди, како и духовно просветлена врвна интелектуалка. Но она што ги дамлосало луѓето од „Вижуал" е откритието дека во Центар едноставно нема работнички, шивачки, пазарџики и слични запустени полулуѓе, инаку меѓу центарската каста популарно наречени „сељачишта". Дамлата станала уште по дамла кога сватиле дека се опкружени исклучиво со интелектуалки, профеорки, физичарки, колкумнистки и прогресивни слободоумни модерни жени кои се дотеревуваат по „Метаморфози" од Овидиј и Кафка, готват по „Доручек кај Тифани" од Капот, се сексаат по „Камасутра", а искачаат исклучиво во „Метафора" и „Алегорија". И истражувачиве пресекле, нема да дозволат заради една совршена населба полна надлуѓе, светот да западне во „вонаби" фрустрација по која гарант ќе следи епидемија наречена „Ранавеј Центар проџект", па се заакале да истражуваат само од Пустец до Паљурци и обратно. Среќа што овие од „Вижуал" истражувале само дебелина вон Центар, оти да се фатеа за убавина ќе налетаа само на валкани, прости, неизбањати, запечени жени и тоа запечени од што ринтале на срамотна нива, а не оти се кварцани во солариум што една моја пријателка која нема привилегија да живее во Центар, туку во Штудгард го вика тостер за курви. Тоа солариумот. И ете како Македонките излегоа најдебели. 
    Сега само се чека на владината кујна на Грција, Грчката гастрономска црква и диетцентрите на грчката дијаспора да излезат со дузина рекации кон „Вижуал" кој се осмелил една група луѓе да ги нарече со забранетото за севкупна употреба име во множина, Македонци. Дебели, ем запустени, овие суштества од нашава, демек независна територија, наскоро ќе мораат слободоумно и демократски да се откажат од она што го нарекуваат свој идентитет за да можат како модерни цивилизирани евроунијатски граѓани да фигурираат по разноразни статистики под име кое најкосмополитски и во духот на белосветските и домашните борци за човекови права, други им го смислиле. 
    А дотогаш, на сите вас кои живеете во оваа моја убава Македонија ви посакувам мирни и опуштени празници уз вистински, а не метафорични мимози. Вам драги мои девојки, жени и старици без разлика на тежина, образование и место на живеење ви поскаувам љубов, мир и спокој. Христос воскресе!
    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-19)
    Views: 284 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024