Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:23 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    Александар Русјаков - Душата ми е на половина копје

    Душата ми е на половина копје

    Апелот, како 
    што знаеме и гледаме, не дал плод. Македонија беше распарчена и, да, остана јаболко на раздорот до ден-денес, оти еве нѐ, живееме во независна Република Македонија, која сѐ уште не е сосема слободна, затоа што нѐ јадат однадвор и однатре за да ни го снема идентитетот. А Димитрија Чуповски добро е што не живее денес во Македонија, оти веднаш ќе го обвинеа за антиквизација

    "Наместо Македонија, прославена од Александар Македонски, осветена од апостол Павле, облагородена од дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, обединета од славниот цар Самуил, бранета од храбриот Добромир Стрез, обесмртена од Крали Марко, облеана од крвта на милиони маченици за слобода, наместо Македонија единствена, целокупна, слободна, европската дипломатија, а со неа и вие, наши браќа-сојузници и ослободители, нѐ раскинувате на парчиња и ги газите нашите свети идеали... Сетете се дека раскинатата Македонија ќе биде меѓу вас вечно јаболко на раздор."

    Ова е дел од меморандумот на македонската колонија во Петербург предводена од Димитрија Чуповски, која во името на целиот македонски народ уште во јуни 1913 година, непосредно пред Втората балканска војна, го испратила до претставниците на големите сили на мировната конференција во Лондон ,со апел да се прекине поделбата на Македонија и веднаш да се создаде независна македонска држава (препорачувам: „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија" од Ванчо и Александар Стојчев). Апелот, како што знаеме и гледаме, не дал плод. Македонија беше распарчена и, да, остана јаболко на раздорот до ден-денес, оти еве нѐ, живееме во независна Република Македонија, која сѐ уште не е сосема слободна, затоа што нѐ јадат однадвор и однатре за да ни го снема идентитетот. А Димитрија Чуповски добро е што не живее денес во Македонија, оти веднаш ќе го обвинеа за антиквизација. Јас, пак, воопшто не сум среќен што колумнава ми излегува на 10 август, токму по сто години од парчосувањето на Македонија. Душата ми е на половина копје. Срцето ми талка среде ден на жалоста. Умот како да ми е распарчен на три дела, а и зборовите тешко ми одат. 

    Што дека е дваесет и први век, што дека е 2013 година, погледнете што ни се случува, видете ги политиките на нашите соседи и кажете ми што е различно од пред сто години. Еве што тогаш запишал бугарскиот политичар Александар Цанков: „Ниту Европа, а најмалку балканските држави можат да воведат реформи во Македонија. Тогаш, каква е судбината на оваа напатена земја? Може ли во такви услови да се надева на странска помош од балканските државички, кои во своите акции строго се контролирани од надвор, од европските сили, со што нивната судбина е еднаква со судбината на Македонија. Не! Прво, затоа што Европа подготвува поинаква судбина за Османлиска Турција и, второ, бидејќи ниту Бугарија ниту Србија не се способни за тоа. Пред сѐ, нашите - и бугарските и српските стремежи - немаат морално чиста основа. И ние, и Србите, и Грците со своите и најмали аргументи за претензии кон Македонија ниту сме способни ниту, пак, доброволно ќе одиме да војуваме со Турција, од една братска желба да му дадеме слобода на еден страдалнички народ, зашто нашите погрешно разбрани стопански и политички интереси нѐ наведуваат да имаме поинакво однесување. Да криеме ли и зошто се мачиме да го лажеме светот, дека ние ќе спроведуваме освојувачка политика кон Македонија? Тврдам дека сето тоа добро го знаат некои македонски дејци и јасно согледуваат дека на Македонија не ѝ останува ништо друго освен сама да војува за својата слобода".  Цанков е Бугарин и, ете, на човекот тогаш му било јасно дека Македонците, тој страдалнички народ, не се и негов народ.

    Денес нема вакви цанковци меѓу политичарите во Бугарија. Нема ниту во Грција. Во нивните „демократии" нема простор за поинакво мислење, за читање документи, оние што се обиделе нешто да кажат различно веднаш ги снемува од јавната сцена. Едноставно, глава се губи таму, за разлика од „диктатурава" тука, каде што роварат бугараши дури и низ државни институции, каде што бриселонаркозависниците сакаат да ни ја сјебат логиката, па нѐ убедуваат во безалтернативности, ни го силуваат умот за да клапнеме пред грчкиот фашизам. Ама ако, така треба да е во една демократска земја, секој да го каже своето мислење, оти тоа мислењето е како газ, секој го има.

    Важно ние бараме решение за проблемот на Грција, бидејќи ние сме им проблемот, нашето име, нација, јазик. Оти, нели, ЕУ и НАТО ни се единствената опција. Од транзиција влеговме во еунатоизација. Од неа треба да излеземе безимени како нација. Петтоколонашите тука ќе ви кажат, па и онака сте од вчера, од Коминтерната. Којзнае на какви дроги биле членовите на Карнегиевата комисија што за време на Балканските војни ги бележеле настаните, злосторствата и теророт што тука ги вршеле сојузничките војски на Грција, Бугарија и на Србија. За време на Втората балканска војна запишале: „Она што беше наталожено е загубата на Македонија заради профитот на сојузниците. Стравот од вистинското ослободување на македонската нација донесе освојување од спротивставените страни".

    Македонска нација, како не им е срам! Да постоеја тогаш ЕУ и неговите бирократи, ќе видеа Карнегиевите комисијаши како исчезнува терминот „македонска" пред именката „нација". А тие, од комисијата де, упорно трубеле на истата тема. Откако биле воспоставени бугарска, грчка и српска власт (сите три православни христијански држави) на територијата на парчосана Македонија, Карнегиевата комисија запишала: „Повторно и повторно, откога се воведени христијанските власти, мизерија и масакрот ги однесоа илјадници Македонци преку граница, но тие постојано се враќаат да ги закопаат своите мртви, повторно да ги изградат своите куќи, да ги пресадат своите овоштарници и да протестираат против понатамошен терор и за сето она што е повеќе од дишење слободен воздух."

    Значи инает магарешки овој тукашен народ, пиреј непрокопсан што не сака да се самоукине, самоизбрише и самооднесе „у три лепе материне". Тоа ги боли нашите соседи, тогашни и денешни сојузници, тоа ги нервира и од такт ги вади тогашните моќни монархии и денешните извитоперени западни демократии. Затоа, знајте драги мои Македонци и други наши сограѓани што нѐ почитувате, денес е 10 август 2013 година, сто години по парчосувањето на нашата татковина Македонија, ова е тежок и тажен ден, но мора да запомните, ова е ден за да се сетите дека сè е направено за да нѐ снема, ама нас сѐ уште нѐ има, колку и да нѐ гонат, ние пак ќе се враќаме, за да ги закопаме своите мртви, за да ги подигаме новите живи. Како Македонци. 

    Авторот е уметник

    Александар Русјаков

    (целосната колумна која излезе во "Нова Македонија" на 10 август 2013

     

     

    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-19)
    Views: 332 | Comments: 8 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 8
    8 Вељанко  
    0

    7 Вељанко  
    0
    Поделба на Македонија 1912-1913

    Англија и Франција треба да ја спасат Грција, и покрај нејзината волја. Поседувањето на Македонија ја тера Грција да се меша во сите словенски караници на Балканот. Поседувањето на Солун е пропаст за тоа големо пристаниште кое не може да живее без голема позадина. Да се загуби Македонија, а да се добијат острови и азиски територии, меѓу другите и Кипар, тоа е вистинскиот интерес за Грција, како што предвидел нејзиниот генијален државник Венизелос. Станува неопходно за сојузниците, посебно за Франција и Англија, да и ја наложат својата волја на Атина. Тие ќе успеат во тоа кога ќе ја ослободат Елада од паразитската династија која ги изневерува нејзините интереси во полза на Германија и која, за да се одржи, ги користи најлошите чувства на Грците - зависта и стравот. Лесно беше да се пристапи кон таа нужна операција во моментот кога кралот, кршејќи го уставот и сојузничкиот договор со Србија, го отпушти Венизелос, а и секогаш ќе може да се прибегне во земја каде што се почитува само силата и пред армија чии команданти претпочитаат да не се борат', запишал во 1916 г. во својот извештај за Балканот и Македонија до француското Министерство за војна францускиот разузнавач Рене Пикард. Co тоа, за историјата оставил забележани неколку факти:
    прво, дека во Грција, созјуничката опција, наспроти германската на кралот, нема проблем да се откаже од Македонија во замена за Кипар и азиски територии; и второ дека 'херојската' грчка армија всушност ја водат команданти кои воопшто не сакаат да се борат.
    Затоа, вели Пикард неопходно е да се создаде автономна Македонија, околу која потоа би можеле да се врзат во една балканска федерација сите други околни држави, а центарот би бил во Солун, во Македонија.

    6 Вељанко  
    0

    5 Вељанко  
    0

    4 Вељанко  
    0

    3 Вељанко  
    0

    2 Вељанко  
    0

    1 Вељанко  
    0

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024