Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:46 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    100 години Букурешки мировен договор

    SATURDAY, AUGUST 10, 2013

    100 години Букурешки мировен договор

     
    На денешен ден пред 100 години Србија, Грција, Црна Гора и Романија од едната и Бугарија од другата страна го потпишаа фамозниот Букурешки договор. Со овој договор завршува Втората Балканска војна, а Македонија е „ослободена" од Отоманското „ропство" и поделена помеѓу Грција, Србија, Бугарија и новоформираната Албанија.
    Оваа окупација на Македонија од страна на соседните држави, обид за асимилација на месното население како и раселување на истото се случило пред очите на големите светски сили. Што тие направиле? Ништо, молечеле исто како и денес!
    Денес Македонија е пред уште едно големо искушение, да се откаже од сопствениот идентитет и историја со цел да добие некакви си „придобивки" како членство во НАТО и Европската Унија. Да не се лажеме, Грција не бара промена на името на државата, тоа така изгледа затоа што тие што го створиа проблемот погрешно го формулираа, Грција бара бришење на Македонскиот идентитет! Грција веднаш би признала постоење на Република Македонија, но со мнозински народ од мешавина на Срби и Бугари, потоа Албанци, Роми, Турци, Власи... но нема да признае постоење на Македонски идентитет надвор од Грчкиот!
    На сите ни е јасно дека денес не постојат чисти нации и народи, токму затоа јас би рекол дека сите ние имаме заедничко право на наслетството на историјата на античка Македонија затоа што после повеќе од 2000 години гените на тие луѓе се проширени насекаде низ светот. Впрочем и Грција е на иста линија со мене, таа го поздрави градењето на споменикот на Александар Велики во Иран, но има проблем кога таков се подига во Скопје односно во Македонија!
    Само за пример за посебноста на Македонците во антиката би навел два примера и тоа судењето на Филота кога тој бира да се брани на грчки за да може сите да го разберат (затоа што грчкиот е јазик на дипломатијата), на што од Александар рекол дека ете, Филота се срами од јазикот на своите претци (Македонци) и во моментот кога Александар во караницата со Клито „на Македонски ги повикал своите телохранители"!
    Потоа има многу факти за опстојувањето на Македонскиот идентитет во средниот век како на пример титулирањето на Цар Душан за Македонски Цар, како и штампарот Божидар Вуковиќ!
    И додека Македонецот опстоил во многу потешки времиња, денес самиот се асимилира и преименува, само за да дојде до некои ситни материјални придобивки!
    На нас останува дали ќе продолжиме со т.н. преговори и лигавењето или конечно ќе ставиме крај на истите и ќе продолжиме да живееме како Македонци, во многу подобри услови од некои земји членки на ЕУ!
    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-19)
    Views: 344 | Comments: 2 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 2
    2 Вељанко  
    0

    1 Вељанко  
    0
    Подморницата(нуркачкото ѕвоно) на Александар Македонски, од Јанс Јансел Еинкел (Jans Jansen Enikel) од неговата книга „Историја на светот“(Weltchronik) 1420 година.

    Знаме со македонски лав, закачено на јарболот.

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024