|
ТЕРМИНИТЕ „ТРАДИЦИЈА“ И „ИНОВАЦИЈА“ ВО ПОЕТИКАТА HA БЛАЖЕ КОНЕСКИ
ТЕРМИНИТЕ „ТРАДИЦИЈА" И „ИНОВАЦИЈА" ВО ПОЕТИКАТА HA БЛАЖЕ КОНЕСКИ
Вo есејот Еден опит Блаже Конески пишува: „Зар може создавањето на песната да ce замисли како помалку сложен процес (од создавањето обичен предмет каков што е шамичето)?" На неговото прашање реагирам со прашањето што, пак, може да биде заедничко при создавањето на две толку различни нешта, а одговорот повторно да го најдам во исказот на Конески, „многуте раце низ кои тие поминале за да бидат создадени". Ако треба да создадам слика од она што го подразбирам под терминот „традиција" во оригиналната поетика на Блаже Конески, тогаш на неа би бил претставен сплет од раце кои, низ текот на времето, си подаваат еден одреден предмет. Секоја рака која го прифаќа предметот нешто му додава, при тоа, додавајќи нешто брише, па она што било ситно, речиси невидливо, матно, одеднаш испакнува, станува крупно и со тоа видливо. Блеснува. Одејќи од рака на рака, предметот ја губи првобитната мазна површина, станува рапав, набразден, со вдлабнатини и испакнатини. Ha него ce таложат слоеви, ce ѕиркаат облиците создадени од претходните раце, ce нвестуваат идните. Од рака на рака, на некој необичен, очудувачки начин, предметот едновремено е тој и не е тој, едновремено е и еден и многу, едновремено е и завршен и ce доработува. Сплетот од раце нема почетна и крајна точка, прва и последна рака. Целта на активноста на рацете е токму во бесконечноста на подавањето и прифаќањето. Последицата на тоа движење на рацете е откривањето на секогаш ист, a едновремено и секогаш нов производ. И заедно со сликарот Никола Мартиноски и јас велам: „Раката, раката – тоа е најважното. Дури не свикнала раката нема ништо од сета работа". И заедно со Блаже Конески додавам: „Раката не ce споменува само метафорично, ами и ce дава важност како на некој автономен орган во кој е сместен и на кој е пренесен најголемиот дел од сликарската вештина". Определбата за овој спореден пат кој води до целта наречена „Поимите ’традиција‘ и ’иновација‘ во поетиката на Блаже Конески" е поттикнат од сознанието, како што вели Џепароски, дека „само споредните патишта водат дома" и од желбата тука, во храмот на науката, да ce откажеме од „сонот за научноста" за да останеме верни на мислата на Конески, прочитана во неговиот есеистички опус. И наполно соодветно токму на таа мисла, нема да ce откажеме од желбата за систематизирање како крајна фаза за да ce придружиме на Бартовата „игра на интелектуално општење" за на еден „интелигибилен" начин да ја пренесеме мислата на Блаже Конески за традицијата и иновацијата. И да ce вратиме на имагинацијата која ја претставивме на почетокот – предметот составен од мноштво раце. Toj постојано ce преобликува. Токму кога гледачот ќе ce сосредоточи на одреден облик кој суверено стои во нечија рака, ќе ги восприеми деталите, a потоа и целината и ќе почне да ce чувствува задоволен од комодитетот што го носи препознаениот облик, некоја друга рака ce издвојува од сплетот, го позема предметот, ја мете прашината, која веќе ce нафатила на него, почнува да си поигрува со него и поигрувајќи си го преобликува, го обновува. Секоја наредна рака почнува од таму од каде што претходната застанала, пa така новиот облик е во дијалог со претходните, новиот облик е монтажа, колаж на деловите од претходните облици. Таквото обновување побудува илузија на оригиналност дури и во моментите кога повторува, кога цитира, сугерира, алудира нешто што претходната рака веќе го направила. Новиот облик на предметот има моќ да ги визуализира, валоризира претходните, т.е. веќе древните, митските, легендарните, историските облици. Секоја наредна рака го ресемантизира она што претходната го создала, кое ceгa ce доживува како општо, мртво, не-витално, пa од познатото и баналното создава непознато и необично. Гледачот во таквиот предмет, составен од многу раце, едновремено и еден и многу, цел и недовршен, чувствува дека е одразен светот, но и светот е одраз од тој предмет. Ако ова ви ce чини мала, незначителна приказна, која сака да раскаже слика и згора на cè е слика која и не постои, јас тука ништо повеќе не можам. Јас со сигурност знам дека немам способност да раскажам некоја голема приказна, a и за малава не сум сигурна. Затоа во вториот дел од моево излагање ќе ce задржам на она што сметам дека повеќе го знам. Рационално и систематично ќе ce обидам да објаснам што претставуваат термините „традиција" и „иновација" во есеистичкиот опус на Блаже Конески. Но, само што ја започнувам мислата со која сакам најпрвин да се осврнам на традицијата, повторно ce концентрирам на есејот Еден опит зашто сметам дека тој е клучен за толкувањето на односот помеѓу традицијата и иновацијата кај Конески. Се подготвувам да ги споредам неговите ставови со сличните, со оние на Томас Стерн Елиот во статијата Традиција u индивидуален талент, a за да стане појасно да ce надоврзам на мислењето на Јуриј Тињанов искажано во Книжевна еволуција и на Јуриј Лотман во статијата Текстот како цело, пa дури и размислував дека за истиот проблем, но на нешто поинаков начин, пишува и Рола Барт во Смртта на авторот и Од дело до текст. Но, мислата му се пресекува и повторно ме обзема имагинарната слика, сега со прашањето: Чии ce рацете претставени на сликата? Дали ce тоа раце на едно суштество – мутант или пак ce мноштво луѓе? Одговорот повторно го наоѓам во исказот на Конески и затоа тука го наведувам: „Тука ce воспоставува веќе, во еден индивидуален опит, интимната врска со традицијата (…). Отаде произлегува и едно големо уважение кон оние безимени творци (ние би рекле раце, заб, моја) што во своеобразен израз ги предавале старите мотиви во оралната традиција, за да дојдат тие cè до нас. Јас сум ги користел тие мотиви во своите песни Болен Дојчин, Одземање на силата, Стерна, Марковиот манастир и др. Ce разбира, со тоа сум нашол начин да ја искажам својата животна филозофија, своите дилеми, своите возбуди и огорченија. Јас вршев иновација, ги вклопував старите пораки во современ израз и ги варирав на начин што му одговара на интересот на современиот човек. Меѓутоа, јас за сето време бев уверен дека по длабочината на сфаќањето на проблемите, во филозофска смисла, по ништо не ги надминувам своите претходници кои на истите тие мотиви им дале израз соодветен на својата епоха". Ете, ceгa сосем ми е јасно зошто во сликата која може да се иманува како Замислен сплет од раце, само моите ce сопственост и на оние безимените и на оние со помалку звучни и на оние со најзвучни имиња, a верувам такви би биле и за Конески. Сплетот на рацете претставува целина позната и на поединецот и на мноштвото, зашто јавно изложената слика станува сопственост на колективот „до степен на поетска конвенција", како што вели Вангелов. Но, без тој сплет од раце не би била можна ни едната која ce издвојува, зашто таа би создала предмет што би ce свел на „интересен експеримент", предмет кој може да претендира на „модерност во буквална смисла на она што ce вика мода", но тој никогаш нема да блесне. Во предметот што блеснува, како што вели Елиот, „не само најдобрите туку и најиндивидуалните делови (…) ce оние во кои мртвите поети, нивните предци, (ние би рекле сплетот од раце) најсилно ja потврдиле својата бесмртност"2 издвојува за да создаде предмет што блеска мора да има „проширено сеќавање". Затоа предметот не ce создава, туку ce открива, без разлика дали предметот ќе биде песна, како што вели Конески, или слика, за што зборува Успенски. Откриениот предмет, оној што е производ на сплет од раце и што блеснува, на првообразецот му дава нова смисла, давајќи му нова смисла тој изневерува, или како што вели Вангелов „(…) секоја иновација е нужно компромисна. Toj нужен компромис е сепак изневера (остранение, ekart) или рака која ce издвојува за да го измете правот. Изневерувајќи, раката започнува една своја игра која ce базира на импровизација, за предметот заматен од правот наталожен со текот на времето да блесне во нов сјај. A на прашањето каква е таа игра, повторно одговара, кој друг ако не Конески: „Многу брзо пишување. На еден здив (…) тоа е пишување кога ce јавува нужна дикција за да бидат тие текстови создадени (…) треба да дојде соодветен момент кога поетот ќе може да ги изговори тие текстови со дикција што им е соодветна" или во верзијата што ja дава Вангелов: „импровизацијата е израз на стокирани залихи кои, во дадена ситуација, доаѓаат до момент на својата ’монтажа‘ и тоа ’мигновена‘ и ’вдахновена‘. Играта која импровизира едновремено актуелизира, иновира, обновува, очудува, изневерува3". Така, во играта која импровизира, издвоената рака создава неповторлив облик, кој, со текот на времето, ќе биде прифатен од некоја друга, идна рака, која ќе ce издвои од сплетот раце. И на крајот е прашањето: Зошто на сликата не ce гледа барем ликот на сопственикот на раката која ce одделува од мноштвото? Одговорот на ова прашање ќе го дадам јас самата, но прво повторно ќе го цитирам Конески. Toj вели: „Тешко е и да ce претстави, a камоли да ce прикаже сложеноста на една (таква) јазикотворечка лабораторија. Од комбинирањето на идеите, од вкрстувањето на содржините ce оди до ситни подробности во поврзувањето на фонетскиот и лексичкиот материјал – сето тоа сообразено со потребата за искажување на колективот и авторот во дадено време, кој во еден миг како до фокус доведува до откривањето на песната. Јас сфаќам дека изразот „откривање на песната" може да сугерира намалување на улогата на поетот – креатор". Или на друго место: „Во моето сфаќање поетот не е лишен ниту од прозорливост, ниту од пророчка визија, ниту од силата на инспирацијата. Меѓутоа во моето сфаќање зад него не стојат никакви виши сили, ами стои јазикотворечкиот колектив, со сета своја традиција која секој негов креативен чин го вклучува во еден траен и непрестаен тек". Јас, како и Конески, a тоа веќе го кажав, сметам дека она што е од важност е „трајниот и непрестаен тек" кој ce остварува во јазикот, односно како и Барт сметам дека јазикот е оној што говори, тој е оној што дејствува, што „изведува"4 навистина е намалена, но јазикот за да говори треба раката да ce издвои од сплетот и да му даде сјај на предметот и тек на она што е создадено. Затоа „не настапува смртта на самиот писател, a почнува пишувањето", туку позади авторот останува раката која запишала и ќе запишува. Можеби ликот на Конески ќе избледне во сеќавањата на идните генерации, можеби тие нема да ce сеќаваат на длабочината на неговите очи затскриени зад густите веѓи и очилата, можеби нема да ce сеќаваат на секогаш уредно исчешланата коса, беспрекорно белата кошула и оделото кое го носеше со стил, но напамет ќе ја знаат „Везилка" и „Тешкото", зошто тие ce создадени од раката која ce издвојува од сплетот раце. A ако некој приговори како ќе насликаш слика во која времето тече, передметот едновремено е и еден и многу, и завршен и ce доработува, a згора на cè во него светот ce одразува и светот се создава од него, јас само можам да одговорам, јас не сум сликар, тоа не е моја работа, за тоа нека мислат сликарите. . Тука улогата на авторот – креатор
проф. д-р Лорета Георгиевска Јаковлева
Извор: "Македонија Презент"
|
Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-12-27)
|
Views: 423
| Rating: 0.0/0 |
|
|