Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:09 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ

    ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ

    July 24, 2012 at 3:02pm
     

    Димитрија Чуповски (Папрадиште, Велешко, 8 ноември, 1878 - Ленинград, СССР, 29 октомври, 1940) бил македонски национален деец, општественик, револуционер, политичар, дипломат,публицист, научник, 

    издавач, историчар, картограф и филолог и еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла. Чуповски е силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност, а по поделбата на Македонија во 1913 година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на македонскиот народ. Познат и како Димитрија Павле Чуповски или Димитрија Димов Чуповски.

    Чуповски е член-основач и претседател на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (1902–1917), член-основач и претседател на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методиј" (1912–1913), член-основач на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј" (1913–1914) и член-основач и претседател на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (1917–1924), но и потпретседател на Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија (1915) и редовен член на Санкт-петербуршкото словенско благотворно друштво, на Друштвото за словенска заемност и на други руски асоцијации.

     

    Биографија

    Димитрија Чуповски е роден на 8 ноември 1878 година во велешкото село Папрадиште. Роден е како посмртче, откако неговиот татко бил убиен од страна на албански платеници. Кога имал десет години неговото родно село било изгорено од албански качаци и семејството му се сели во Крушево, родното место на неговата мајка. Тој го започнал своето образование во родното село, потоа по преселбата го продолжува во Крушево каде и го научил молерскиот занает. Потоа тој и неговите браќа заминуваат на печалба во Софија, каде го продолжил своето дообразование кај „Лозарите" во 1892 година.

    Во престолнината на штотуку создадената бугарска држава, Димитрија дење работел, а ноќе го посетувал училиштето што било организирано за Македонците од страна на Даме Груев, Петар Поп Арсов и други будни македонски студенти. Така, покрај образованието, Димитрија имал можност да навлезе подлабоко и во македонското ослободително движење, со што бил зацртан неговиот иден животен пат. Своето образование го продолжил во Белград во вечерната светосавска учителска школа каде, меѓувремено, членувал и во ученичкото друштво „Вардар" во периодот од 1893 до 1894 година. По завршувањето на образованието во Белград, Чуповски се вработил како учител во своето родно село, во Папрадиште и предавал во учебната 1895/1896 година. Но тоа учителување е краткотрајно бидејќи е затворен во затвор под обвинение дека работи со револуционерното движење. Чуповски по кратко време успева да избега од затворот и преку Белград се упатува за Русија. Во Русија, Димитрија се запишал во Духовната семинарија во Новогород и во Симферопол во периодот од 1897 до 1900 година. По овие семинарии, Чуповски своето високо образование го продолжува на Петербуршкиот Универзитет, но набрзо е исклучен од програмата поради учество во студентски штрајк кој се одвивал во 1905 година.

    Чуповски бил иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Го основал и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издавал списанието „Македонски глас" (Македонскiи голосъ).

    Димитрија Чуповски починал во Ленинград (Санкт Петербург), на 29 октомври 1940 година како турски поданик, изнесен за погреб прекриен со знамето на Македонската колонија изработено во 1914 г. На крстот син му му ги напишал зборовите што самиот му ги поставил на брата му Наце:

    " Борец за правото и слободата на македонскиот народ ”

     

    По половина век, во 1990 година неговите посмртни остатоци со државни свечености биле пренесени од Ленинград во Скопје.

     

    Научно-литературна дејност

    Во Русија тој го формира „Македонското научно-литературно другарство во Петербург" (МНЛД), предвесникот на денешната Македонска академија на науките и уметностите. Другарство развива широка мрежа од активности, пред се за запознавање на руската и пошироката европска јавност со вистинските состојби во кои се наоѓале Македонија и Македонците во тоа време.

    Како претседател на МНЛД, Чуповски ги подготвува акциите и плановите на другарството, активно води разговори со руските власти и со турската и австро-унгарската амбасада во Русија, држи предавања во рамките на МНЛД и надвор од него. Во текот на својот творечки живот, Чуповски патувал и во Македонија заради подготовките за отворање на училишта на македонски јазик во периодот од 1905 до 1911 година. Покрај дејностите во МНЛД, тој бил и сопственик на Посредничкото биро „Трудовој Посредник" и тогаш го издава годишникот „Дѣловой Петербургъ"  во 1909 и 1910 година.

    Пред самиот почеток на Балканските војни, Чуповски со останатите членови на МЛНД настапувале на јавни собири во рускиот печат и јавен живот. По почетокот на војните, Димитрија пристигнува во Велес и со Петар Попарсов организираат Општомакедонска конференција во декември 1912 година. Целта на конференцијата била да се донесат заклучоци, а воедно и да се испрати сигнал, за зачувување на целоста на Македонија и обезбедување на слободата и државноста на истата. На самата конференција и од нејзиниот исход, Чуповски добива полна подршка и полномошност за застапување на тие интереси преку Македонската колонија во Петроград и да ги презентира истите тие интереси пред Русија и Европа, воопшто.

    Со самиот почеток на реализацијата на остварувањето на овие зацртани определби, Чуповски и Попарсов заминуваат за Лондон и Париз. Таму тој ги создава своите статии за македонската државност и за завојувачкиот карактер на војната. Во тој момент Чуповски ја објавува и првата карта за Македонија во боја и на македонски јазик - „Карта Македониіа". Покрај картата, Чуповски ги објавува и „Македонски народници" во март 1913 година и „Меморандум на Македонците" на 1 март 1913 година. Сите три, Чуповски ги испраќа до Лондонската конференција и до рускиот печат за подобро запознавање со македонското прашање и желбата на Македонците за своја слободна татковина. На 7 јуни бил потпишан и „Меморандумот на Македонците" кој пак бил испратен до владите на балканските држави, додека пак на 9 јуни 1913 година Чуповски и МНЛД го издаваат својот прв број на македонското списание на руски јазик „Македонски Глас". Ова списание со 11 броја кое излегувало од 20 ноември 1914 година е важен историски архив за борбата на Македонците за зачувување на територијалната целост на Македонија и за извојувањето на македонската национална слобода.

    Пoкрај сите овие дејности кои ги организирале Чуповски и МЛНД, тие заедно со Крсте Петков Мисирков како заеднички акт од Петроградската и Јужноруската колонија поднесуваат опширен Меморандум до рускиот министер за надворешни работи на 14 август 1914 година. Заедно со Наце Димов и Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија тие организираат и Словенски лазарет за ранетите руски воини во 1915 година.

    Следната 1916 година Чуповски се обидува да дојде во Македонија, но тој обид завршува на романската граница. Во текот на истата година но во наредната 1917 година пропаѓаат и обидите за создавање на Балканска Федеративна Демократска Република, зацртан план на Македонскиот револуционерен комитет, кој пак бил задушен од самата Октомвриска револуција во Русија во 1917 година.

    Обидите на Чуповски и понатаму да придонесува за судбината на својот народ и татковина не запираат, па така тој започнал со подготовките да создаде македонско-руски речник. Исто така, Чуповски во ракопис имал и лексикон за историјата, етнографијата, јазикот, фолклорот и културата на Македонија. Сите овие последни дела на Чуповски се засекогаш изгубени при бомбардирањето на Ленинград во 1942 година.

     

    Делото на Чуповски

    Димитрија Чуповски ќе остане забележен во историјата како еден од најголемите борци за самобитноста на македонскиот народ како и за обединувањето на Македонија и нејзино конституирање во национална држава на македонскиот народ, за што со неговите соработници испратиле повеќе меморандуми до европските дипломати на Париската мировна конференција, а учествувале и на сесловенските конгреси во одбрана на правото на самоопределување на Македонците и нивната татковина.

     

    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-14)
    Views: 366 | Comments: 8 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 8
    8 Вељанко  
    0
    1914 Знаме на Македонската колонија во Петроград, Русија

    Коњ во бел квадрат на црвена позадина и сонце во долниот лев агол над кое има натпис „ЕДИНА НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНÏА"


    7 Вељанко  
    0
    Првиот број на Македонски глас... за жал го нема во превод, инаку многу е интересно да се прочита...

    http://united_macedonia.blog.mk/2008....-idnina

    6 Вељанко  
    0

    5 Вељанко  
    0
    Малку со современ јазик... Чуповски, покрај многу други работи, (чисто да се знае), предлагал на Балканот да се организира конфедерација (со современ јазик, реков) во која сите народи би имале еднакви автономни права. “Балканскиот полуостров е премногумал, за во него да постојат неколку великодржавни концепции“, тврдел Чуповски, имајќи го предвид судирот на српските, бугарските, грчките, албанските претензии за контрола во регионот. Гласот на Чуповски не бил слушнат. Македонците не се здобиле со независност, а месни победници набрзо по Првата Светска Војна излегле србите. Центарот и западот на полуостровот се нашол под жезлото на династијата Караѓорѓевиќи... :):(... е така било тоа, дошло до тоа...

    4 Вељанко  
    0
    И така натаму... :Д...

    3 Вељанко  
    0
    Како најблагопријатно решение во тој историски момент оние кои го потпишале Меморандумот предлагаат на Македонија да и се обезбеди крал од “Рускиот Императоски Дом“ и со самото тоа “да биде завршено ослободувањето на сите балкански народи од страна на Русија и да може да се започне собирањето на сите балкански православни земји заедно под жезолот на Балканската ветка на Императорската династија на Романови“.

    2 Вељанко  
    0
    Морам да додадам уште нешто овде кај Димитриј Чуповски... Оние кои го поптишале Меморандумот укажуваат дека српско-бугарскиот спор за Македонија “е вечна закана за мирот на Балканот и интересите на Балканскиот полуостров. Ете зошто, ние, македонците, сметаме дека сегашната општоевропска војна (се мисли на првата светска војна-моја забелешка), која треба да ја реши судбината на цело словенство, нема да прескочи да ја реши (устрои) и судбината на нашата татковина...“

    1 Вељанко  
    0
    Писмо на Димитрија Чуповски до Неофит

    До неговото Високопреосвештенство Митрополитот скопски НеофитВаше Високопреосвештенство,Предавачот на ова писмо, високоучениот, виден руски општествен деец, пријател на Македонците и огнен поборник за нивната слобода и независност, Василиј Василјевич Водовозов, со цел да се запознае со современата вистинска положба на Македонија во секој однос, презеде патување по неа, па затоа најпокорно го молам Вашето Високопрештенство да му укажате секаква помош.Притоа го сметам како свој долг да му соопштам на Вашето Блаженство дека на телеграмите и писмата што Ви ги испратив не добив никаков одговор.Зошто нема месни претставници, изразители на вистинските желби на Македонците пред европските држави и пред Русија? Та нели сега е најудобниот и последниот момент, кога гласот на оние народољупци, онаа Внатрешна организација, чијашто девиза беше „Македонија на Македонците“? Зошто не настапуваат со протести против поранешните сојузници, а сега непријатели на македонската независност?Или можеби тие сеуште веруваат во моќта и несебичноста на Бугарија?Па нели токму таа прва посегна врз целоста на Македонија, давајќи им на нејзините вчерашни сојузници дел од живиот македонски организам. Не е ли веќе време сега да си ги отворат очите и да настапат за нејзината одбрана? Па, Вие сте таму на местото, имате власт, имате доверба, од Вас, претставниците на народот, најмногу и се бара.Во својот „позив“ Централниот македонски комитет и во својот „Меморандум“ обединетата македонска емиграција во Бугарија не изјавуваат јасни барања за независноста на Македонија, а се потврдуваат за тешко исполнивата желба за присоединување кон Бугарија.Ние, Македонската колонија во Русија, веќе настапивме во одбрана на Македонија со меморандуми пред Лондонската конференција и пред сојузните балкански држави, а исто така пред руската влада. Сега почнавме да го издаваме специјалниот свој печатен орган „Македонски Глас“, чијашто задача е да се бори за неделивоста и независноста на Македонија и за обновување на Охридската автокефална црква.Заради постигнување на нашата заедничка цел, најпокорно го молам Вашето Високопреосвештенство да ми го испрати неопходниот материјал за ова прашање заради напечатување во „Македонски Глас“.Со молба за Вашиот архипастирски благослов, останувам Ваш предан слуга.Д. Чуповски14 јуни 1913 г. С.-Петербург Гончарнаја ул. 13

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024