Унијатски "свештеник" ја повикал паствата да убиваат православни Руси
Унијатите за време на Втората светска војна. Ватикан, очигледно, не се променил.
"Не знам како мајка можела да одгледа човек кој денес е припадник на Партијата на регионот! Тоа не се деца на мајки, тоа се кучкини деца" - можеше да се слушне на проповедта од устата на унијатскиот "свештеник" Михаил Арсенич (служи во Коломискиот регион во Ивано-Франковската област).
"Со непријателот не може да има поинаков разговор освен со куршуми! Со непријателот не може да има друг јазик, освен звукот на шумата - звукот на јажето за бесење како што бесеа комунистите! Звук, кој на секое срце му зборува - земи го оружјето во раце и отфрли го стравот! Не е време за страв! Чекаме 200 години!
Сакаме да бидеме сигурни дека ниеден кинески жолт, ни Евреин, ни Московјанин нема да дојде во мојата куќа! Само од нас самите зависи нашите раце да не затреперат пред непријателот, да ја држиме на око сегашната власт! Нашата рака нека ја зајакне кундакот! Слава на Украина! (груб превод од саботната проповед изговорена на 7 декември 2013)
Во 17 век во Украина живеел и делувал големиот гонител на православните Јосафат Кунцевич. Во 1623 година тој наредил гробовите на православните да се ископуваат и моштите да се фрлаат на песовите за храна. Ватикан го канонизирал во 1867. Самиот проект на создавање на Украина често се поврзува со Ватикан и неговите експоненти меѓу унијатите-гркокатолици. Тие со екстремниот украински национализам се обидуваат да го одвојат народот на Украина (Малорусија) од Русија.
Да напоменеме на крај дека унијатите или грко-католиците настанале со отстапување од православието на одредена група на свештенството и верниците...
(pravoslavljepzv, србин.инфо)
11 декември 2013