За оваа мистерија дневниот руски весник Комсомолскаја правда пишува:
Сергеј Mиров, учесник во истражувањето организирано ова лето од страна на работната група на Соборната богословска комисија во врска со овие чудотворни знаци, изјавил дека истражувањето е вршено од руски и израелски метеоролози. Според неговите зборови, врз основа на собраните податоци експертите заклучиле дека маглата не може да биде производ на така сувиот воздух и температура.
Миров нагласува дека спуштањето на како што тој го нарекува „благословениот облак" се случува токму врз православниот манастир. Тој исто така додал дека за време на празничната служба над верниците се распространува доста изразена светлина, а потоа облакот се појавува над крстот на манастирот Преображение. Истиот потоа се спушта врз верниците изливајќи врз нив „животворна влага".
За истата појава известува и руската агенција Интерфакс.
Павел Флоренски од Руската акдемија на природни науки и шеф на работната група за мистични појави, изјавил дека неговиот тим, со помош на високопрецизна опрема ја истражил појавата на Светиот оган во црквата Гробот Господов во Ерусалим спроти празникот Велигден.
Заклучокот е едноставен – појавата на Оганот е пропратена со силен елeктричен феномен во црквата, сличен на оној кој се појавува за време на грмењето. Што значи дека оваа појава може да се смета како чудо.
Манастирот Преображение на планината Тавор
Веќе во 4 век светата царица Елена Равноапостолна изградила храм во чест на Господовото Преображение на планината Тавор. На крајот на 11. век крстоносците откако ја освоиле Палестина затекнале неколку православни храмови и манастири на планината Тавор и ги претвориле истите во римокатолички. Со победата на Сарацините над Палестина на крајот на 12 век храмовите на Тавор биле уништени. Долго време оваа света планина останала ненаселена и само на празникот Преображение православните и католиците извршувале црквена служба на урнатините од поранешните храмови.
Во 1849 година патријархот Кирил Ерусалимски започнал да се залага за добивање на дозвола од турската влада храмот да се изгради на Тавор. Одлуката е спроведена во 1860 година, кога храмот бил изграден на урнатините на древната грчка црква. Над вратата на храмот се наоѓа натпис на грчки јазик. Над древните урнатини на планината Тавор изграден е храм посветен на Господовото Преображение.
(Денешен Весник)
13 декември 2013