Тоа соопштение е содржано во документ на Синодот на Руската православна црква како одговор на дискусијата која се прошири, а се однесува на праксата за сурогат мајчинство кое е легално само во некои држави.
-Бебето кое е родено од сурогат мајка може да биде крстено во согласност со желбата на луѓето кои го донеле во црква доколку тие се биолошки родители или ако е тоа сурогат мајка и тоа кога ќе признаат дека тој тип на репродуктивна технологија е за осуда во морална смисла и ако подоцна се покајат во црква, се вели во документот на Синодот.
Доколку родителите тоа не го разбираат, крштевањето се одлага додека детето не порасне и не донесе самостојно одлука. Црквата дава благослов детето чиј живот е во опасност да биде крстено и без оглед на околностите.
(Денешен Весник)
27 декември 2013