Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:06 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Философија [12]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Философија » Философија

    Борис Вишеславцев - Од книгата “Етика на преобразениот ерос“ 2 дел

    Борис Вишеславцев - Од книгата "Етика на преобразениот ерос" 2 дел

    150

    Конечното е фундирано во бесконечното.
    Транс и трансфинитно.

       Конечното е фрагмент на бесконечното како што и секој број е фрагмент на бесконечната низа на броеви, како што исечокот АБ е фрагмент на цела бесконечна линија, како што е денот еден фрагмент на "сите времиња".
       Дури сега добиваме исцрпен одговор на претходно поставеното прашање: може ли да се излезе на крај само со помош на конечното? Не, зашто конечното е фундирано во бесконечното: цела низа на броеви 1, 2, 3, 4... содржи, носи во себе и го фундира секој конечен број, а не обратно. Со самото тоа е даден одговорот и на второто прашање: може ли да се излезе на крај само со помош на потенцијално бесконечното? Ова последното е само непостојано конечно, па за него може да се каже истото она што е речено за конечното: потенцијалното-бесконечно е фундирано во правото или актуално бесконечно.
       Не е тешко да се согледа оваа фундираност: не е можно да се мисли процесот на бројната низа или процесот на водење на линијата (fieri) без актуелната бесконечност на таа низа и таа линија, зашто од каде инаку би можеле да знаеме дека таа низа нема последен конечен член, од каде би можеле да знаеме дека низата оди во бесконечност? Очигледно, овде се антиципира актуалната бесконечност на целата низа. Тој однос на бесконечноста Кантор го изразува сосема одредено: "Потенцијалното бесконечно е само помошен поим, поим на однесување кон нешто, и секогаш укажува на трансфинитното кое стои во основата, и без кое тоа не може ни да постои ниту може да се мисли".
       Подлабоко ќе проникнеме во суштината на двете категории: indefinitum и transfinitum ако обрнеме внимание на тоа дека секоја од нив го изразува "излегувањето надвор од границите на конечноста", т.е. трансот. Но трансот и на едната и на другата е многу различен. Indefinitum е транс надвор од границите на конечното, транс кој е секогаш можен, но кој секогаш претставува транс во друго конечно. Бесконечно повторувачкиот транс како залудно да се труди да продре надвор од границите на конечното. Во тоа е неговиот своевиден трагизам. Но тој не е бесмислен: тој е потсетување на тоа дека никакво конечно не е се, дека секое конечно може да биде надминато, трансцедирано. Но премаленоста и трагизмот на овој неодреден повторувачки транс, го поставува проблемот на поинаквиот, порадикален транс, проблемот кој го поставил Хегел, проблемот на трансот во трансфинитното.
       Ако првиот транс се движи во исто рамниште, во истата права димензија на простата бројна низа: 1 - транс - 2 - транс - 3 - транс - 4..., вториот транс веднаш се ослободува, се истргнува од ова движење, се воздигнува во друга димензија, се воздигнува над целата низа:

    транс
    1, 2, 3, 4...

       Интересно е тоа што првиот вид на транс, "потенцијални трансови", има исто толку колку и членови на низи; напротив, актуалниот транс, трансот во трансфинитното е - само еден. И единствено тој, воздигнувајќи се над низите, е во состојба да го види бесконечниот хоризонт символички претставен од повеќе точки. Во првиот транс (потенцијалниот) "бесконечниот хоризонт" секогаш се претпоставува и, во исто време, секогаш е невидлив: тој секогаш на некој начин им е "сокриен" на наредните конечни броеви во низата.
       Она што го нарековме прв и втор транс токму одговара на првиот и вториот принцип на конструкцијата на Кантор. Важно е само да се има во предвид дека воопшто не се работи само за математичко откритие на нов максимален број W (кој може да биде оспоруван од страна на математичарите), се работи за одредена основна категорија на "сеединството" која е присутна и во математиката и во физиката, која е секаде присутна (зашто самиот збор "секаде" е веќе нејзина примена). Размислувајќи принципиелно за бесконечното, математиката преминува во метаматематика (израз на Хилберт), а физиката во метафизика. Овде математичарите и философите мора да влезат во сферата на философијата и да бараат одговор од философите. Тоа и го прави Кантор. "Мета" е транс и трансфинитното се наоѓа со посредство на трансот. Затоа мора да ја сфатиме смислата на трансот.
       Се работи за тоа што ние непрекинато го вршиме првиот и вториот транс; тој го проникнува цело наше битие и ја опфаќа цела вселена. Секоја категорија на битието го содржи во себе првиот и вториот транс, првиот и вториот принцип на конструкцијата на Кантор, секоја категорија во себе содржи 1) низа на конечни членови, и 2) цела низа, значи, цела бесконечност на таа низа.

    File:Мыслители XX века Вышеславцев Борис.JPG
    Rating: 0.0/0
    Views: 333 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024