Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:00 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Философија [12]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Философија » Философија

    Николај Берѓаев - Личноста и заедништвото (комунитарноста) во руската свест - 7 дел

    Николај Берѓаев - Личноста и заедништвото (комунитарноста) во руската свест - 7 дел

       Јас воопшто тоа прашање не ќе го поставувам во перспектива на меѓународните политики на владите. Политиката на владата може да отстапува од историските задачи на народот, но и во тој случај таа е принудена да се базира на идеи кадарни да вдахновуваат народи и да ја изразуваат нивната душа. Кога реформата на Петар ќе се спореди со бунтот кој се случил во советска Русија, може на тој начин да се одреди нивниот взаемен однос. Низ реформата на Петар Западна Европа влегла во Русија, низ комунистичката револуција Русија влегува во Западна Европа. Советска Русија помина низ период на затвореност и изолираност од Европа, но тој период сега е зад неа и таа излезе на светските простори. Токму тоа и ги вознемирува луѓето од Западот. Во светската војна се покажа огромната сила на Русија и новиот историски период кој започнува во значаен степен ќе биде под знакот на Русија. Огромниот потенцијал на рускиот народ се актуализира, големите таленти на рускиот народ, кои до сега беа потиснати и не можеа да се пројават, наоѓаат сила да се реализираат. До сега себе се разоткриваше само највисокиот културен слој, во кој се формираше највисокиот тип на култура. Сега се одвива процес на демократизација, се подигнува културното ниво на најниските социјални слоеви, народните маси добиваат образование, читаат руска литература од XIX век, бараат светлина и знаење, но квалитетот на културата во таков вид на процес на почеток секогаш се намалува. Во новата советска Русија денес не постојат луѓе со толку висока и префинета култура, како во ренесансата на почетокот од XX век. Но на тоа треба да се гледа од гледиштето на дијалектичкиот развој, кој се одвивал низ противречност. Во врска со тоа кај Хегел постоела голема вистина. И еве, нема сомнеж, дека низ катастрофичните процеси во Русија и рускиот народ ќе се врати на своите вечни идеи, кои најдлабоко ги изразуваат. Во Русија постоеле националистички и империјалистички соблазни и падови како негативен пол. Тие соблазни и порази постоеле кај сите народи. Но не е во тоа руската идеја и нејзината мисија во светот. На Русите им е својствен универзализам во поголем степен отколку на другите народи. (Мислата на Достоевски дека рускиот човек е - сечовек, била заснована, пред се, /неразбирливо/ на универзалниот гениј на Пушкин) Русите биле патриоти на Западна Европа. Тоа постоело и кај Словенофилите. Русинот, без разлика на специфичната душевна структура која се разликува од структурата на западниот човек, бил многу отворен и приемчив за сите западни движења на духот, кои на свој начин ги преработувал. Во руската идеја секогаш влегувало обединувањето на Истокот и Западот, двете теченија на светската историја. Тоа е присутно и во рускиот комунизам кој е од западно потекло, но впил во себе и словенофилски елементи. Светската улога на советска Русија е поврзана, пред се, со социјалното реформирање на светот. Прв пат во светската историја во основата на општественото уредување на големите земји е поставен и принципот кој не дозволува експлоатација на човек од страна на човек. Личната сопственост е утврдена со уставот од 1936 година, но со услови кои не дозволуваат експлоатација. Стравот од рускиот комунизам, кој често е само буржоаски страв, стравот дека ќе ги изгубат своите социјални привилегии, ја изопачува и раслабува западната свест. Тој и го породил фашизмот, кон кого неизбежно води антикомунистичкиот фронт. Од страв ништо добро не може да произлезе, и победата на стравот веќе е духовна задача на човекот. Но на Запад постојат луѓе кај кои тој страв не е себичен и се одредува од највисоки идејни побуди. Тогаш тој објективно ја здобива формата на страв за судбината на личноста, страв од безличниот Исток. Тие фантоми кои плашат неопходно е да се избркаат. Со ист успех како што се говори за одрекување на принципот на личноста во Русија, би било можно да се говори за негација на принципот на личноста во Франција за време на Големата француска револуција. Од ништо не може да се види дека Мара повеќе ја афирмирал највисоката вредност на личноста отколку што тоа го правеле активистите на руската револуција. Во размислувањето за тие прашања потребно е цело време да се има на ум тоа дека техничката цивилизација сама по себе е - моќ, обезличувачка и античовечна, иако човечката техничка сила е орудие на неговото ослободување, доколку е потичинето на духот. Обезличувачката сила на техничката цивилизација достигнала најсилен израз во Западна Европа и Америка. Капиталистичката индустрија е безлична, во поголема мера безлична отколку што е безличен Истокот кој ги плаши Европејците. И затоа Западот преживува криза на човечката личност. Русија може да помогне да се излезе од таа криза, која не може да биде надвладеана со стариот индивидуализам. Да се сфатат противречностите на советска Русија, можно е само во историска, поточно, во историска перспектива која обично не е присутна во негативните судови, руски и странски. Во Русија се одвива процес на остра индустријализација, процес суров и малку споредлив со вредностите на човечката личност, какви што се, всушност, и многу други историски процеси. Во Русија индустријализацијата поминувала во знакот на комунизмот. Во Англија, на почетокот од XIX век, таа се одвивала под знакот на индивидуалистичкиот капитализам. Дали процесот на првобитната акумулација во Англија, која ја опишал Маркс, бил помалку суров и повеќе човечен? Капиталистичката индустрија влегла во светот со суровост која била беспоштедна кон човекот. Но еве што Западот би требало да запомни кога суди за советска Русија. Индустијализацијата на Русија, која имала и свои грди аспекти, доведе до руска победа над Германија и ја спаси не само Русија туку и цела Европа од заканувачкото ропство. Русија веќе еднаш ја спаси Европа од татарскиот напад. Денес таа ја спаси од нападот на хитлеровата Германија. Меѓутоа, подлабоко гледано, само духовниот христијански препород, кој го обединува принципот на личноста и принципот на комунитарноста може да го отвори патот кон надвладување на безличноста и нечовечноста кои му се закануваат на светот. Ние се наоѓаме на почетокот на нова светска епоха во која постојат многу нешта што за нас се загадочни. Но радост има малку, дури и по праведно завршената војна, затоа што светот кој што оди кон својот крај се наоѓа во ужасна состојба на раздор и непријателство, во него не останува ништо цврсто. Светот е обземен од омраза, како Бог да го напуштил. Новиот свет на новата епоха не е само социјален свет, туку и нов духовен свет. Ако во човечкиот свет не биде пронајдено ново духовно единство, ако не бидат пронајдени нови духовни форми за христијанскиот универзализам, нема да помогнат ни социјалните престројувања. Но ние не треба на иднината да гледаме фаталистички, таа секогаш зависи и од човечката слобода.

       (Крај)
        28 јануари 2014 
    Rating: 0.0/0
    Views: 273 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024