Претседателот на Русија, Владимир Путин, им замери на европските земји дека вршат притисок врз Украина со намера да ја натераат да го потпише договорот за почеток на асоцијациите.
„Тоа што го чувме се закани од нашите европски партнери кон Украина. Европа помогна и во организирањето на масовните протести", изјави Путин на новинарите во Санкт Петербург.
„Тоа се вика притисок, тоа се вика уцена".
Путин додаде дека Украина со потпишувањето на договорот за асоцијација со ЕУ би „убила" цели индустриски гранки како земјоделството и авиоиндустријата.
(Руска реч на македонски)
23 ноември 2013