|
Украина и Русија се подготвуваат за обновување на трговско-економската соработка
Украина и Русија се подготвуваат за обновување на трговско-економската соработка
Украинскиот претседател Виктор Јанукович планира скора посета на Русија, каде ќе потпише патна карта за продолжување на трговско-економската соработка, изјави украинскиот премиер Микола Азаров, пренесува ИТАР-ТАСС.
Азаров истакна дека Украина и Русија имаат договор за обновување во целосен обем на трговско-економските односи. - Имаме многу планови и претседателот се подготвува да направи државна посета на Кина. Потоа ќе направи и посета на Русија, каде веруваме дека ќе биде постигнат план за соработка, изјави украинскиот премиер. Според Азаров документот ќе се однесува на обновување на нормалниот трговско-економски режим меѓу Москва и Киев.
(Денешен Весник) 2 декември 2013
|
|
Views: 261
| Added by: Вељанко
|
|
|