Јанукович: Подобро лош мир, отколку добра војна
Украинскиот претседател Виктор Јанукович повика денеска протестите да бидат само и единствено мирни и апелираше кон полицијата и демонстрантите да ги почитуваат законите.
- Подобро лош мир, отколку добра војна, изјави тој во телевизиско интервју. Тоа е првиот коментар на Јанукович за масовните протести преку викендот и наглиот пресврт што го направи од Европа кон Русија.
Секој треба да ги почитува законите во нашата земја, порача Јанукович.
Премиерот на Украина Микола Азаров изјави дека политичката опозиција си прави илузија ако мисли дека може да изврши преврат на веќе утврдениот ред.
(НОВА)
2 декември 2013